Васовски нов тренер на Вардар, се враќа и Хаџиевски како спортски директор


Од денес за нов тренер на ФК Вардар е назначен Александар Васовски – Тетовче, играчка легенда на клубот и човек под чие водство ФК Вардар ја освои последната шампионска титула во 2019 година, соопштија попладнево преку социјалните мрежи „црвено-црните“, соопшти клубот.

Покрај Васовски, во клубот како спортски директор се враќа и Ѓоко Хаџиевски, најтрофејниот Вардаров тренер и човекот кој со „црвено-црните” има освено вкупно пет шампионски титули и два национални купа.

– Особено не радува искрениот пристап на двајцата тренери, кои веднаш и без размислување ја прифатија понудата на клубот. Сметаме дека спојот на професионализам и искуство и на желбата и знаењето, ќе биде темелот врз кој во понатамошниот период ќе се развива клубот, градејќи го постепено потребниот победнички менталитет, стои во соопштението.

Првиот официјален натпревар за тренерот Васовски, како и за Ѓоко Хаџиевски ќе биде утре против екипата на Силекс.