(Фото) Марш во центарот на Скопје по повод Денот на независноста на Украина


 Украинците вторпат по ред го слават Денот на независноста на Украина во услови на жестока руска агресија против Украина. Сега, бранејќи ја својата независност, Украина крвари, порача амбасадорката на Украина, Лариса Дир на денешниот марш кој се одржа во центарот на Скопје. Маршот по повод Денот на независноста на Украина беше во организација на Амбасадата […]

Кој е победник на првата партиска дебата на Републиканците, без учество на Трамп


Неколку претенденти за републиканската претседателска номинација разменија остри удари за време на нивната прва партиска дебата вчеравечер, борејќи се да завршат на второто место зад неприкосновениот фаворит, поранешниот претседател Доналд Трамп, кој не учествуваше во дебатата. Во исто време, шест од осумте кандидати изјавија дека ќе го поддржат поранешниот претседател како републикански кандидат за Белата […]

Јапонија испушта прочистена радиоактивна вода од Фукушима во океанот, жестока реакција на Кина


 Јапонија денеска почна да испушта прочистена радиоактивна вода од уништената нуклеарна централа Фукушима во Тихиот Океан, потег што Кина повторно остро го критикува како „себичен и неодговорен“. Ослободувањето, кое беше одобрено пред две години од јапонската влада и дадено зелено светло од Агенцијата за атомска енергија на Обединетите нации, е клучен чекор во долгиот и […]

Најпребирливите хороскопски знаци за во врска – се или ништо!


Астрологијата открива кои хороскопски знаци се најпребирливи при изборот на партнер. Вкусовите и критериумите се различни. Додека некои се подготвени да пробаат врска со некој кој не ги исполнува нивните стандарди, други никогаш нема да го сторат тоа. Таквите луѓе велат дека го заслужуваат само најдоброто, поради што никогаш не се задоволуваат со помалку од […]

Хрватските села остануваат пусти: На младите им е доста од „вртење“ по едно евро по цел ден


  Резултатите од пописот на населението спроведен во 2021 година покажаа дека бројот на жители во Хрватска од година во година се намалува. Според овие резултати, Република Хрватска тогаш имала 3.871.833 жители, што е намалување за 413.056 лица или 9,64 отсто во однос на пописот спроведен во 2011 година. Помеѓу двете листи, Хрватска постигна дел […]

Што ќе биде сега со Вагнер ?


  Откако Евгениј Пригожин маршираше во Москва пред два месеци, шефот на ЦИА Вилијам Барнс предвиде дека рускиот претседател Владимир Путин ќе се одмазди. „Она што го гледаме е многу комплициран танц. Путин е крајниот апостол на одмаздата“, рече Барнс на безбедносниот форум во Аспен во јули. И додека деталите за тоа што точно се […]

Порастот на температурата во Европа го погоди и Мон Блан


Шамони – Зголемувањето на температурата на воздухот во Европа влијае и на највисокиот врв во Европа, Мон Блан и неговата околина, зголемувајќи го ризикот од паѓање на карпи и формирање на нови пукнатини во глечерите и мразот, предупредија денеска членовите на спасувачките служби и алпинистите.  Затоа властите апелираа до планинарите да го одложат искачувањето на […]

СЗО предлага да поскапат цигарите


  Женева– Според ставот на Светската здравствена организација, цената на цигарите треба да порасне, а пушачите најверојатно наскоро ќе треба да платат повеќе од 20 евра за кутија, пишува „Пословни дневник“. Според истражувањето, една кутија цигари во Германија моментално чини меѓу седум и десет евра, во зависност од видот. Според експертите, оваа сума е премала […]

Неправилности од над 140 милиони евра во проектот за железничката инфраструктура на Бугарија


Брисел– Истрагите спроведени од Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) и Европското јавно обвинителство укажуваат на можни неправилности во спроведувањето на железничките проекти во Бугарија, се наведува во вчерашното соопштението на ОЛАФ. ОЛАФ заедно со делегираните обвинители на Европското јавно обвинителство во Бугарија спроведе истрага, проверувајќи евентуални неправилности во проектот финансиран од ЕУ за […]

Иснер најави повлекување од тенисот по УС Опен


Њујорк- Американскиот тенисер Џон Иснер објави дека ќе стави крај на тениската кариера по УС Опен. – После 17+ години на АТП, време е да се збогуваме со професионалниот тенис. Оваа транзиција нема да биде лесна, но со нетрпение ја очекувам секоја секунда со моето прекрасно семејство. УС Опен ќе биде моето последно натпреварување. Време […]

Стејт департмент: Ескобар се надева на продуктивни дискусии во Скопје


Заменик-помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар се надева на продуктивни и заеднички дискусии со владините лидери за време на неговата посета на Северна Македонија, изјавија од прес-службата на Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски, на барањето коментар за реакцијата на опозицијата пред посетата на Ескобар на Скопје. – Ескобар патува во Северна […]

„Живееше од тролот, ќе умре од тролот“: Путин ја презема деловната империја на Пригожин


Санкт Петербург – Кога платениците на „Вагнер“ зазедоа голема руска воена база и го започнаа својот вооружен марш кон Москва, членовите на руските федерални безбедносни служби упаднаа во еден од штабовите на Евгениј Пригожин во Санкт Петербург. Маскирани луѓе брзо ги запленија компјутерите и документите на групата „Патриот“, медиумски холдинг во срцето на информативната империја […]

Неуспешен вториот обид на Северна Кореја да лансира извидувачки сателит


Пјонгјанг – Северна Кореја соопшти дека нејзиниот втор обид да лансира извидувачки сателит денеска не успеа и најави дека третиот обид ќе биде во октомври. Севернокорејската новинска агенција КЦТА јави дека лансирањето не успеало поради грешка за време на една од трите фази од летот на ракетата. Претходно, армијата на Јужна Кореја соопшти дека Северна […]

Ненадејно почина затворениот руски генерал Лопирев, наводен чувар на тајните на Путин


Москва – Затворениот поранешен генерал на руските безбедносни служби, кој наводно знаел за изградбата на црноморската резиденција на претседателот Владимир Путин, починал во притвор, јавува државната новинска агенција РИА Новости. На генерал Генади Лопирев, кој беше осуден за поткуп во 2017 година и одлежа повеќе од девет години во поправната колонија бр. 3 во централниот регион […]

Американските власти досега заплениле повеќе од 1,4 милијарди долари украдени од помошта за Ковид


Вашингтон – Американското Министерство за правда соопшти дека запленило повеќе од 1,4 милијарди долари што криминалците ги украле од помошта за Ковид-19 и обвини повеќе од три илјади кривично обвинети во федералните окрузи низ целата земја, пренесоа британските медиуми. Одделот за правда ги објави резултатите од националните мерки за сузбивање на измамите поврзани со пандемијата, кои […]

Промоција на нови 120 подофицери во Армијата и свечена заклетва на 150 професионални војници


Во Касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес денеска ќе се одржи свеченост по повод промоцијата на нови 120 подофицери во чин водник и свечена заклетва на 150 професионални војници. На свеченоста ќе се обрати министерката за одбрана Славјанка Петровска. 

Ескобар во Скопје на средби со државниот врв и лидерот на опозицијата Мицкоски


Заменик-помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар денеска доаѓа во дводневна посета на Северна Македонија. Ескобар денеска ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, а се очекува да има средби и со премиерот Димитар Ковачевски, како и со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Доаѓањето на Ескобар во Скопје следува по започнувањето на собраниската процедура […]

Меџити на терен по повод примена на новините кај примарната здравствена заштита


По повод почеток на примена на новините во областа на примарна здравствена заштита, министерот за здравство Фатмир Меџити ќе има теренска посета во ординацијата на доктор Марта Тунџева во ПЗУ „Доктор Кирил Атанасов“, информираат од Министерството. Како што се појаснува во соопштението, предвидено е посетата да започне во 11 часот. 

Без струја неколку општини во Скопје


Без струја денеска ќе бидат неколку општини во Скопје, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи. Според добиено известување од „ЕВН Македонија“ АД денеска без електрична енергија во периодот од 08 до 12 часот, ќе останат дел од корисниците од улицата „Јани Лукровски“, „ЛЛ Гурмет“, „Аутомакедонија“, „Централна кооперативна банка“, „Макпетрол“, во општина Гази Баба. […]

Без вода дел од Маџир Маало


Поради уличен дефект на улицата „Преспанска“ број 1, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Маџир Маало, соопштија од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Како што се наведува во соопштението, водоснабдувањето ќе биде прекинато од девет часот, сѐ до завршување со санација на дефектот.