Продолжува прекинот на железничкиот сообраќај


Железничкиот сообраќај во државава и денеска е во прекин поради бојкотот на машинскиот и извршниот персонал во ЖРСМ Транспорт.  Причина за бојкотот, што почна вчера попладне, е неисплатениот втор дел од платата за јули годинава. Тони Димовски, претставник на машинскиот и извршниот персонал, за МИА изјави дека од стартот на бојкотот не сообраќаат ниту патничките […]

Три земјотреса во Србија


Три земјотреса се регистрирани на територијата на Србија во текот на ноќта и утрово. Според веб-страницата на Сеизмолошкиот завод, првите два земјотреса се регистрирани на подрачјето на Крушевац, додека третиот е регистриран кај Баљевац на Ибар. Првиот земјотрес со јачина од 1,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во 2 часот и 22 минути […]

За 24 часа дури 20 кинески авиони влегле во тајванската зона за воздушна одбрана


Тајпеј – Тајванското Министерство за одбрана утринава соопшти дека во изминатите 24 часа регистрирало дека дури 20 авиони на кинеското воено воздухопловство влегле во зоната за воздушна одбрана на островот. „Денеска до шест часот утринава беа откриени 32 авиони и девет оловни објекти на Народноослободителната војска. Од нив, 20 авиони ја преминаа средишната линија на […]

Посебен режим на сообраќај ноќта меѓу недела и понеделник на Илинденска во Скопје


Секторот за внатрешни работи Скопје, односно Единицата за безбедност на патниот сообраќај на 27/28.08.2023 поради снимање на музички спот од страна на Друштво за продукција и услуги „Мелем продукција“ ДООЕЛ, Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје. Во периодот од 23.00 часот на 27 август до 06.00 часот на […]

Лажетиќ: Отсуството на наши универзитети во првите 1000 треба да нѐ загрижи


Рангирањето мора да биде континуиран мотив за преоцена на критериумите за квалитет во високото образование, а не на него да се навраќаме само при годишното објавување на Шангајската листа. Отсуството на наши универзитети во првите 1000 треба да нѐ загрижи и да нѐ соочи со фактот дека високото образование не смее да се гледа одвоено […]

Франција не го признава протерувањето на својот амбасадор од Нигер


Париз – Франција синоќа соопшти дека не ја признава наредбата нејзиниот амбасадор во Нигер да ја напушти оваа западноафриканска земја, имајќи предвид дека „пучистите немаат овластување“ да издаваат такви наредба. „Франција го регистрира барањето на пучистите“, изјавија за АФП од Министерството за надворешни работи во Париз, додавајќи дека „пучистите немаат овластување да го поднесат ова барање, […]

Таму кај што најмногу треба, недостига кадар и опрема за справување со климатските промени


Поплави со материјални штети и жртви поради силни дождови, суши и продолжени топлотни бранови кои ги уништуваат посадените земјоделски површини и родот на земјоделците, шумски пожари кои уништуваат огромни пространства со дрвја, појава на подзаборавени тропски болести, пропаднати туристички сезони кај скијачките центри поради недостиг на снег и ниски температури се само еден дел од […]

Пригожин е мртов, Путин зајакнат?


Евгениј Пригожин, човекот кој го предизвика рускиот претседател Владимир Путин како никој друг со неговата платеничка трупа „Вагнер“, очигледно е мртов. Што значи ова за руската војна во Украина? Многумина го очекуваа тоа, а набљудувачите, како Ирина Бороган, се само изненадени од начинот на кој Евгениј Пригожин го загуби животот.  -Тоа што беше убиен толку […]

Туризмот во земјава со постојан раст, лани меѓу првите 10 во светот со зголемен девизен прилив


Последните две години го рангираа македонскиот туристички сектор на многу високи места според Светската туристичка организација. Во 2019 година земјава со раст од повеќе од 25 проценти на бројот на ноќевањата беше втора во Европа, во 2021 година и покрај пандемијата бевме петти во светот според растот на странските туристи, а во 2022 година во […]

Регионална конференција „Улогата на НАТО во проектирањето на стабилноста на Западен Балкан“


Во Охрид денеска почнува регионалната конференција „Улогата на НАТО во проектирањето на стабилноста на Западен Балкан“. Конференцијата ќе трае до вторник, а организатори се Одделението за јавна дипломатија на НАТО, Европскиот центар за безбедносни студии Маршал Центар – Гармишпартенкирхен, НАТО Колеџот во Рим и невладината организација Маршал центар од Република Северна Македонија. Стабилноста на Балканот […]

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во јужните делови ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. […]

Астрономски календар


Денеска е сабота, 26 август 2023 година, 238-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 127 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 53 минути, а ќе зајде во 19 часот и 18 минути. Денов трае 13 часа и 25 минути. Месечината која е во фаза на прва четвртина ќе изгрее во […]

Маџиров за поезијата на Бредли: Поетот верува дека само раните можат да се наследат, а не болестите


Добитниците на наградите „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“, Димитар Башевски и Гевин Бредли вечерва во рамки на „Струшките вечери на поезијата“ имаа свои портрети на кои се говореше за нивниот лик и дело. За книгата „Страв од разделба“ ирскиот поет Бредли е добитник на меѓународната награда „Мостови на Струга“ што ја доделуваат „Струшките вечери […]

Работата од дома ги испразни канцелариите ширум светот


Пандемијата започна тренд на работа од дома кој не престанува, па сега во светот повеќе канцелариски простор е празен од кога било досега, според германската филијала на глобалната агенција за недвижности „Џонс Ланг Ласал“ (Jones Lang LaSalle). Уделот на празниот деловен простор во светот во првата половина од годината достигна рекордни 15,6 отсто, објави во […]

На „Струшките вечери на поезијата“ промовирана поезијата на Адам Хоровиц и Алекси Берно


Поезијата на странските поети Адам Хоровиц и Алекси Берно денеска беше промовирана во рамки на „Струшките вечери на поезијата“. Хоровиц и Берно се преведени на македонски јазик и книгите им се објавени како дел од проектот „Версополис“, соопштија организаторите на Струшките вечери на поезијата. ОД СВП информираат дека идејата на „Версополис“ е преку мрежа од […]

Во Србија помалку ученици во паралелката, пократки рокови за дисциплински постапки


Владата на Србија денеска усвои предлози за измени на повеќе закони од областа на образованието, со кои, меѓу останатото се овоможува од второ оделение основно училиште оценката на ученикот по владение да биде вклучена во просекот на оценките на крајот на полугодието и на крајот на годината. Со новите закони се овозможува отстранување на ученик […]

Трамп се врати на социјалната мрежа „Икс“ (Твитер), jа постираше својата полициска фотографија


 Поранешниот претседател Доналд Трамп, кој беше исфрлен од главните социјални мрежи поради ширење лаги, лажни информации и тврдења, вклучувајќи потпалувачки твитови за време на насилниот и смртоносен напад на Капитолот што тој го поттикна, а негови подржувачи го извршија, постави порака на „Икс“, платформа претходно позната како Твитер.  Тој го стори ова за првпат откако […]

Форбс: Ѓоковиќ најплатен тенисер на светот, еве колку заработува


Форбс го објави годишното рангирање на најплатените тенисери/ки земајќи ја предвид заработката од септември 2022 до август 2023 година. Новак Ѓоковиќ за прв пат се најде на врвот на оваа листа со 38,4 милиони долари. Топ 10 најплатени тенисери и тенисерки според Форбс: 1. Ѓоковиќ – 38,4 милиони (13,4 милиони на теренот + 25 милиони […]

Пет лица загинаа во невреме во Мичиген, огнени торнада во Канада


Силно невреме во Мичиген со моќни ветришта со брзина и до 120 километри на час уриваше денеска дрвја, откорна покриви на куќи и уби пет лица додека стотици илјади останаа без струја, изјавија властите на сојузната држава.  Националната метереолошка служба денескa изјави дека штетите од невремето се предизвикани од неколку торнада. Во Британска Колумбија, најзападната […]

13 гиганти погодени од новата регулатива за дигитални услуги, еве што значи за корисниците


Европскиот закон за дигитални услуги (DSA) стапи на сила денеска и тоа е збир на прописи фокусирани на заштита на корисниците на интернет и спречување на ширење на штетни и нелегални содржини што ги прекршуваат условите за користење на платформата. Законот првично ќе важи за најголемите платформи на социјалните мрежи, со цел да се заштитат […]