Украински дронови ја нападнаа Москва (ВИДЕО)


Украински беспилотни летала ја погодија Москва рано утринава, при што едно лице е повредено и оштетени згради, а летовите на аеродромот Внуково се прекинати, јави агенцијата ТАСС, повикувајќи се на официјални извори. Руското Министерство за одбрана соопшти дека украинско беспилотно летало е уништено во воздух над областа Одинцово, а уште две се урнале во Москва, […]

Израелците „одбиваат да служат на диктатура“, излегоа масовно на протест


Стотици илјади Израелци синоќа протестираа против одлуката на владата да го спроведе контроверзниот план за реформи во судството и покрај силното противење. Откако планот беше објавен во јануари, десетици илјади луѓе ширум земјата протестираат секоја сабота. Протестите се интензивираа оваа недела кога Кнесетот (израелскиот парламент) го усвои првиот клучен реформски закон спроведен од екстремно десничарската влада […]

Стефанини: По војната во Украина, ЕУ нема друга опција освен да се прошири


Пораката која што ЕУ-членките ја праќаа од 2013 година, по зачленувањето на Хрватска е „почекајте, почекајте“, сега пораката треба да биде „движете се побрзо и ќе станете дел од ЕУ.“ По војната во Украина, ЕУ сега нема друга опција освен да се прошири, што ќе бара прилагодување од нејзина страна, бидејќи не смее да остави […]

(Фото) Хеликоптерската единица при МВР го изгасна пожарот во реонот на Демир Капија


Хеликоптерската единица за посебни намени при Министерството за внатрешни работи, денеска, со хеликоптер Ми-171, активно беше вклучена во гаснење на пожар во реонот на Демир Капија, во околината на местото Дрен, близу Дошница. Како што соопшти МВР, на локацијата што беше зафатена со пожарот направени беа три циклуси со ведро и беа исфрлени 7500 литри […]

САД нема да го прекине кривичното гонење на Асанж


Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ги отфрли австралиските барања да се прекине кривичното гонење на основачот на Викиликс Џулијан Асанж, велејќи дека тој е обвинет за „многу сериозно криминално однесување“ при објавувањето на голем број доверливи документи. Австралиската Влада, предводена од левичарската Лабуристичка партија, по победата на изборите минатата година тврди дека САД треба […]

Тешка сообраќајка кај Долно Косоврасти: Десет лица повредени, од кои еден потешко


Тешка сообраќајна несреќа се случила, доцна попладнево во близина на дебарското село Долно Косоврасти, на делницата Дебар-Жировница, патен правец Дебар-Маврово. Во судар на три возила повредени се десет лица, но за среќа сите се вон животна опасност. -Веднаш по добиената информација возила на брза помош се упатија кон местото на несреќата. Само едно од лицата […]

Локализирани пожарите кај Неготино и Демир Капија


Ставен е под контрола пожарот кај Неготино, информираше вечерва директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. На пожарот интервенираа пожарникари од Неготино и Кавадарци, а во гаснењето се вклучија и авион на ДЗС и хеликоптер на МВР. – Бидејќи немаше потреба од второ дејство на авионот на ДЗС, хеликоптер на МВР со ведро од еден тон во […]

Земјотрес со јачина од 4,4 степени во областа Риека


Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала е почувствуван во областа Риека, соопшти ЕМСЦ. Епицентарот на земјотресот бил на 18 километри североисточно од Риека, на длабочина од 13 километри, јави ЕМСЦ.

Еко-активисти го блокираа автопатот Италија – Австрија на најфреквентниот викенд во годината


 Активисти за животна средина од движењето Последна генерација го блокираа сообраќајот на преминот Бренер на австриско-италијанската граница, по што мораше да интервенира и полицијата за да ги спречи возачите да ги нападнат активистите. – Нè газат, нè влечат од патот, нè удираат и насилно не задржуваат, коментира активист на „Последна генерација“ на видео на кое […]

Министерот Спасовски и директорот на БЈБ Тасевски во посета на повредениот началник на ОВР Струга


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски денеска во струшката болница го посетија повредениот началник на ОВР Струга Д.А врз кого вчера беше извршен брутален обид за убиство, а кој во моментов се наоѓа во стабилна здравствена состојба.         Како што соопшти МВР, посакувајќи […]

Гори и во Демиркаписко, ќе се гаси со полициски хеликоптер


Уште еден пожар попладнево во Тиквешко, покрај пожарот во Гоцева шума кај Неготино, пожар избувна и во Демиркаписко.  -Поради олеснување на воспоставувањето на контрола врз шумскиот пожар во месноста наречена Мал Раковец во општината Демир Капија, за дваесетина минути ќе дејствува еден полициски хеликоптер со ведро од три тона, информираа од Центар за управување со […]

Одреден 30-дневен притвор за осомничениот за обид за убиство на началникот на ОВР Струга


Поради основано сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ врз Д.А. вчера е лишен од слобода С.Н. (44) од с. Велешта, од страна на полициски службеници од СВР Охрид-НККР Струга, Оддел за криминалистичка полиција-Сектор за општ и насилен криминал и Оддел за специјални полициски операции, соопшти МВР. Како што се наведува во соопштението, на […]

Италија сака да ги ограничи цените на храната и основните производи, преговорите се во тек


Италијанската влада се обидува да постигне договор со супермаркетите и производителите на храна за ограничување на цените на основните производи – и на прехранбените и на непрехранбените производи. Италијанскиот министер за индустрија Адолфо Урсо преговара за договор со главните играчи на пазарот и сака тие да „понудат низа секојдневни прехранбени и непрехранбени производи од октомври […]

Со авион на ДЗС ќе се гаси пожарот кај Неготино, подготвни и два хеликоптера на МВР


Со авион на ДЗС ќе се гаси пожарот на Гоцева шума кај Неготино, информираа попладнево од Центарот за управување со кризи. – Авион на ДЗС во секој момент ќе полета кон боровата т.н. Гоцева шума во непосредна близина на Неготино, каде во моментов има силен пожар врз кој територијалните противпожарни единици од Неготино и Кавадарци […]

Логото „Х“ на Маск на седиштето на „Твитер“ под лупа на властите во Сан Франциско


Старото лого на компанијата допрва треба да биде целосно отстрането од страната на зградата.  „X“ го означува местото каде што Илон Маск го испрати Твитер одделот за дозволи во Сан Франциско. Сан Франциско, наводно, започнал истрага за големиот метален „X“ што се појавил во петокот на седиштето на компанијата за социјални медиуми на милијардерот, порано […]

Гори Гоцева шума кај Неготино


Гори Гоцева шума кај Неготино, на терен интервенираат неготинските пожарникари а помош има и од пожарникарите од Кавадарци, потврди за МИА, неготинскиот градоначалник Горан Стојанов. Градоначалникот изјави дека е на лице место, но засега не може да се каже кои се причините за пожарот. Тој појасни дека изгорел дел од зимзелената шума, а пожарникарите се […]

Кривична пријава и мерки за претпазливост против четири лица поради нападот врз навивачите на Левски во Чаир


Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје вчера лишија од слобода четири лица поради насилство извршено врз навивачи на бугарскиот фудбалски клуб Левски на ул. Цветан Димов во скопската населба Чаир, кои самоволно се издвоиле од рутата обезбедена од полицијата и се движеле кон стадионот „Тоше Проески“ во Скопје со цел да […]

Расекотината била долга 11 и длабока пет сантиметри: Предложен притвор за Велештанецот за напад на началникот на ОВР Струга


Основното јавно обвинителство Струга донесе наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 44 години, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело убиство, според член 123 став 2 точка 8 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Како што соопштија од Јавното обвинителство, осомничениот се обидел да лиши […]

Васил Стерјовски едногласно реизбран за претседател на партијата на Македонците во Албанија


На денешниот, четврти Конгрес, на единствената македонска партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ , едногласно за лидер на партијата беше реизбран Васил Стерејовски. Стерјовски е магистер по историски науки, претседател е и на друштвото „Сонце“, прв пратеник во албанскиот Парламент (16 мај 2019 до 9 септември 2021) кој јавно се […]

Полскиот премиер Моравјецки загрижен, над 100 Вагнеровци напредувале кон коридорот Сувалки


Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска изрази загриженост поради движење на руските платенички сили на Вагнер во Белорусија кон полската граница. – Имаме информации дека повеќе од 100 платеници Вагнер напредувале кон јазот Сувалки, недалеку од Гродно во Белорусија, рече Моравјецки, пренесе ДПА. Ова ја прави ситуацијата на границата „уште позаканувачка“, предупреди Моравјецки за време на […]