На ГП „Богородица“ за излез од државава се чека околу 40 минути


Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Богородица за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување […]

Илон Маск вели дека приходите од реклами на Твитер се намалени за 50 отсто, а готовинскиот тек е негативен


  Илон Маск во саботата на Твитер откри дека, поради 50 отсто пад на приходите од рекламирање и „големиот товар на долгови“, платформата сè уште има негативен готовински тек. Сопственикот – милијардер твитна во саботата, како одговор на деловниот совет од следбеник: „Треба да постигнеме позитивен тек на пари пред да го имаме луксузот од […]

Ултрамартонот не е само трчање, туку и љубов кон природата: Штипјанецот Радев открива како е да се поминат над 100 километри


Мора да се сака трчењето, природата, но и да се ужива во тоа. Ова е рецептот за успехот и да се поминат над 100 километри, вели за МИА ултрамаратонецот Иван Радев. Дваесет и осумгодишниот Радев од Штип е невработен лекар и шампион во ултрамаратон. На македонската јавност и е познат по освоеното прво место на […]

„Лидија од Македонија“ во Национална опера и балет


Македонската опера „Лидија од Македонија“ од композиторот Ристо Аврамовски ќе биде изведена вечерва во Националната опера и балет со почеток во 20 часот. Диригент на претставата е Иван Еминовиќ, режисер Пламен Карталов (Бугарија), обновата на режијата е на Трајко Јордановски, сценографијата е на Панче Минов, а костимографијата на Елена Дончева. Во главните улоги ќе настапат […]

Истрага за корупција против најмалку пет министри во косовската влада


Работна група за борба против корупцијата во полицијата на Косово во моментов води истрага против најмалку пет министри и еден заменик министер во владата меѓу кои и министерката за надворешни работи Доника Гервала и министерот за култура Хајрулах Чеку, јавија приштински медиуми. Против министерот за финансии Хекуран Мурати се води истрага во врска со случајот […]

Реконструкција на култниот стадион: „Ноу Камп“ исчезнува во урнатини


Култниот стадион на Барселона „Ноу Камп“ исчезна во урнатините на градилиштето како дел од неговиот проект за реконструкција, а навивачите со тага го следат уривањето на фудбалскиот храм за кој ги врзуваат многу спомени. Репортерите од воздух ја снимија напредната фаза на уривањето на најголемиот европски стадион, кој имаше капацитет од близу 100.000 седишта. Видеата […]

Најпогодени постарите и жените: Лани горештините во Европа одзеле речиси 62.000 животи


61.672 луѓе починале од болести поврзани со горештини во Европа во периодот од 30 мај до 4 септември минатата година, според студијата објавена во списанието Nature Medicine. Италија беше најтешко погодена земја со околу 18.000 смртни случаи, следи Шпанија со нешто повеќе од 11.000 и Германија со околу 8.000. Истражувачите откриле и дека екстремната жештина […]

Британскиот министер за одбрана Бен Вoлас се повлекува од политиката


Британскиот министер за одбрана Бен Вoлас соопшти дека се повлекува од политиката и нема да се кандидира за пратеник на следните општи избори во Велика Британија, како и дека ќе се повлече од министерската функција и ќе го напушти кабинетот по следната реконструкција на владата на премиерот Риши Сунак. Во интервју за „Тајмс“, тој рече […]

Ковачевски и Брнабиќ ќе го промовираат интегрираниот електронски систем за наплата на патарините


Заедничкиот интегриран електронски систем за наплата на патарините ќе биде промовиран денеска на наплатната рампа Прешево – мобилно продажно место. Системот ќе го промовираат премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, а ќе бидат присутни и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и Горан Весиќ, министерот за градежништво, […]

Почнува кампањата за промоција на бесплатна правна помош


Од Богданци денеска почнува кампањата за промоција на бесплатна правна помош и организација на инфо денови. Целта е да се информираат граѓаните за бесплатната правна помош и да се осигури подобра искористеност и пристап до овие услуги. Настанот е дел од серијата активности за подигање на свеста, поддржани од Европската Унија и Советот на Европа […]

И денес сончево и многу топло, температурата наместа и над 40 степени


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 24, а максималната ќе достигне од 34 до 40 степени. УВ-индексот ќе биде 10. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со […]

Разрешен уште еден висок генерал на руската армија


  Министерот за одбрана на Руусија, Сергеј Шојгу го разреши командантот на 106-та дивизија на Воздухопловните сили (ВДВ), генерал-мајор Владимир Селиверстов. Оваа информација повеќе провоени Z-канали во Русија. Генерал-мајор Селиверстов командуваше со дивизија која се бореше во Бахмут од јануари оваа година. Причините за смената на генералот од командата сè уште се непознати, но, според […]

Дали македонскиот воз ќе замине или ќе остане на перонот?


Повторно денес во Собранието треба да биде доставен предлог-закон кој се однесува на европската иднина на државата. Тоа е суверен избор што ќе треба да го направи Собранието. Во текот на изминатите 365 дена се разговараше многу на оваа тема. Овие дебати досега не беа доволни за да се постигне политички консензус. Но тие овозможија […]

Хирурзи во Израел ја прикачиле главата на момче по внатрешно обезглавување


  Во исклучително ретка и сложена операција, хирурзите од Медицинскиот центар „Хадаса“ во Израел повторно ја прикачија главата на 12-годишно момче на вратот по тешката несреќа во која беше удрен од автомобил додека се возеше со својот велосипед, објави болницата во Ерусалим. Сулејман Хасан, Палестинец од Западниот Брег, беше пренесен со хеликоптер во единицата за […]

15 јули во историјата – Погубен е озлогласениот убиец во Англија


  Џон Кристи, еден од најозлогласените убијци во Англија, е егзекутиран. Четири месеци претходно, на 25 март, полицијата и еден станар во 10 Рилингтон плејс во западен Лондон дошле до ужасно откритие: тела на четири жени во празен стан, три во скриен шкаф и уште една под патосот. Кристи, која порано живеел во куќата, бил […]

Вимблдон: Чудесниот сон на Маркета Вондроушова се претвори во титула


  Во четирите години откако Маркета Вондроушова првпат стигна до гранслем финале на Ролан Гарос во 2019 година, целото лице на спортот се промени. Многу од најдобрите играчки од претходните генерации се пензионираа, додека други врвни се издигнаа и паднаа. За цело време, сè уште не беше јасно дали оваа талентирана, уникатна левучарка од Чешка […]

Нетанјаху итно примен во болница, му се слошило


  Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во саботата беше итно пренесен во собата за итни случаи во медицинскиот центар „Шеба“ во Рамат Ган. Тој беше подложен на „дополнителен рутински преглед“ во саботата вечерта, откако болницата рече дека се верува дека страда од дехидрација и „ништо не е пронајдено“ во првичните тестови. „Неговата состојба е добра и […]

Мицкоски зборува против рудникот Иловица, а ВМРО-ДПМНЕ ја додели концесијата


  Политичка битка се разви околу рудниците Иловица-Штука во која двете големи партии се обвинуваат меѓусебно. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека рудниците Иловица-Штука биле бизнис зделка на ДУИ и СДСМ, а СДСМ го потсетува дека токму владата на Никола Груевски во 2012 и 2013 ги издала првите концесии. „Безобразие е Мицкоски од криминалната […]

Дипломатска кавга меѓу Иран и Русија за острови во Персискиот Залив


  Техеран побара од Москва да ја преиспита својата позиција за сопственоста на островите во Ормутскиот теснец, на кои претендираат Иран и Обединетите Арапски Емирати. Според „Иран интернешенел“, Москва, по стратешкиот дијалог со Советот за соработка за арапските земји од Персискиот залив, ја поддржа иницијативата на ОАЕ за преговори за островите Абу Муса, Големата тумба […]

Европа под вршник: Екстремните температури го направија животот пекол (галерија)


  Во шеснаесет градови ширум Италија се издадени со црвени аларми додека јужна Европа продолжува да доживува жестоки горештини и се соочува со можност за рекордни температури. Рим, Фиренца и Болоња се меѓу областите погодени од топлотниот бран, а синоптичарите сугерираат дека температурите на Сицилија и Сардинија би можеле да се искачат до 49 степени […]