Во Неапол се урна стара зграда, спасувачите трагаат по преживеани


Најмалку три лица се спасени од урнатините откако денеска се урна трикатна станбена зграда во предградие на Неапол. Спасувачите ја продолжуваат потрагата по преживеани, а не е познато колку луѓе имало во зградата во моментот на уривањето, објавија италијанските медиуми. Две лица се полесно повредени при уривањето, кои биле погодени од парчиња од урнатините во […]

Почина легендарната актерка и икона Џејн Биркин, беше една од најголемите сензации


На 77-годишна возраст почина познатата британско-француска актерка и пејачка Џејн Биркин, а тажната вест ја пренесоа локалните медиуми. Џејн Биркин почина во својот дом во Франција. Според Ла Паризиен (La Parisien), нејзиниот старател ја нашол мртва во куќата во која живеела, а причината за смртта засега останува непозната. Во 2002 година ѝ била дијагностицирана леукемија, а […]

Брзата пруга ќе го приближи Скопје до Белград и до Будимпешта


Премиерката на Србија Ана Брнабиќ денеска изјави дека во јуни се завршени преговорите за капиталниот проект, железничко поврзување на коридорот 10 преку како што нагласи, брза модерна пруга помеѓу Белград, Ниш, Прешево, односно граница со Северна Македонија, до Скопје и понатаму кон Грција. – Тоа е проект којшто ќе го финансира ЕУ и дел од бесповратните […]

Ковачевски и Брнабиќ оптимисти за иднината на Отворен Балкан


Иднината на иницијативата Отворен Балкан е светла, со тековни и идни проекти важни за граѓаните и стопанството во регионот, кажаа премиерите на Северна Македонија, Димитар Ковачевски на Србија и Ана Брнабиќ, одговарајќи на новинарски прашања за можности за проширување и идни проекти во рамки на иницијативата, денеска кај Прешево во близина на македонската граница. За […]

Пендаровски и сопругата Ѓоргиевска на „Галичка свадба“


Претседателот Стево Пендаровски и сопругата Елизабета Ѓоргиевска, денеска присуствуваа на културно-сценската манифестација „Галичка свадба“, што традиционално се одржува под негово покровителство. Претседателот Пендаровски им честита на годинашните младенци, Оливер Андреевски и Елисавета Булоска. Дарувајќи ги со „галичка пафта“ – со мотив од галичка носија, им посака среќа, бериќет, љубов и хармонија во нивниот иден заеднички […]

Курти се пофали со дронови „Бајрактар“ купени од Турција


Косовскиот премиер Албин Курти објави денеска дека неговата влада купила дронови Бајрактар ТБ-2 од Турција, но не ја соопшти нивната бројка, јави дописникот на МИА од Приштина. На денешното претставување на дроновите, придружуван од министерот за одбрана, Арменд Мехај и командантот на Безбедносните сили на Косово (ФСК), Башким Јашари, Курти порача дека со оваа набавка […]

В понеделник во Тирана неформален состанок на лидерите на земјите од Западен Балкан


Утре во Тирана ќе биде одржа неформален  состанок на лидерите на земјите од Западен Балкан, во пресрет на Самитот на Берлинскиот процес, кој ќе се одржи на 16 октомври во албанскиот главен град. На состанокот најавено е присуство и на комесарот за проширување и добрососедство Оливер Вархеји.  – Средбата ќе се одржи во понеделник напладне […]

Штрајкот на воздушниот сообраќај во Италија приземји речиси 1.000 летови, штетите се во милиони евра


Штрајкот во италијанскиот воздушен транспорт во саботата резултираше со откажување на речиси 1.000 летови, објави денеска новинската агенција АНСА. Според синдикатот кој го свика штрајкот, на него учествувале речиси сто проценти од вработените кои се очекуваше да штрајкуваат, наведува агенцијата. Неколку стотици летови беа откажани само на главните италијански аеродроми во Рим, Милано, Неапол и […]

МНР на Бугарија: Нема нови услови кон Северна Македонија, да се спроведе договореното


  Бугарија нема нови услови кон Северна Македонија, соопшти денеска бугарското Министерство за надворешни работи во став објавен на службената интернет страница на министерството. Напротив, како што се посочува од бугарското МНР, Бугарија „искрено сака да го види својот сосед како напредува кон полноправно членство, преку успеси во реформскиот процес и напорите за градење добрососедски […]

Патарините во Македонија и во Србија електронски може да се плаќаат со еден уред


Поминувањето на патарините во Македонија и во Србија од сега ќе биде многу поедноставно и побрзо откако денеска на наплатната рампа „Прешево“, беше промовиран заедничкиот интегриран електронски систем за наплата како еден од проектите во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“. За сега ваквиот начин на електронско плаќање со еден уред може да се користи во […]

Ковачевски го нарече „врв на лицемерие“ ставот на ВМРО-ДПМНЕ за рудникот Иловица


За премиерот Димитар Ковачевски, ставот на ВМРО-ДПМНЕ во врска со рудникот „Иловица“ е „врв на лицемерие“, имајќи предвид дека концесиите овој рудник ги дала владата во која премиер бше Никола Груевски, а негов советник сегашниот лидер на партијата Христијан Мицксоки. Премиерот денеска, одговарајќи на прашања на новинарите по промовирање на интегрираниот електронски систем за наплата […]

Изборите во Шпанија и Холандија може да ги загрозат планираните фискални реформи во ЕУ


Предвремените парламентaрни избори во Шпанија и Холандија, чии досегашни влади беа поддржувачи на предлозите за промeни во Пактот за стабилност и раст на ЕУ, би можеле да го загрозат процесот на фискални реформи во ЕУ, чиј предлог беше усогласен по долготрајни и тешки преговори. Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, евентуалната промена […]

(Во живо) Ковачевски и Брнабиќ го промовираат интегрираниот електронски систем за наплата на патарините


Премиерот на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ го промовираат заедничкиот интегриран електронски систем за наплата на патарините. Станува збор за брзо и ефикасно плаќање на патарините во Северна Македонија и Србија со помош на посебен ТАГ уред за бесконтактно електронско плаќање на патарина, кој успешно функционира и овозможува […]

Милановиќ: Инертноста на ЕУ е многу незгодна работа и работи на наша штета


Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, оцени дека Европската унија „страда од ужасен недостаток на демократија“ и дека „како таква, таа е тешко одржлива“. Во денешното интервју за подгоричка Побједа, Милановиќ ги повтори критиките за Брисел, особено во контекст на политиката на ЕУ кон Западен Балкан. Коментирајќи ги преговорите на Црна Гора со ЕУ, кои траат […]

„Турфлација“? Како турнеите на Тејлор Свифт, Бијонсе и Брус Спрингстин може да ја зголемат инфлацијата


Бидејќи инфлацијата останува висока во многу земји низ светот, економистите размислуваат за изненадувачки потенцијален придонесувач: музичките концерти. Бијонсе моментално е на својата прва соло турнеја од 2016 година, „Ренесанс“, а Тејлор Свифт ги полни стадионите со нејзината турнеја „Ерас“ што предизвика бес за моќта на Тикетмастер и Лајв нејшн во врска со продажбата на билети […]

Бесими: Индексирањето со просечната плата во јавниот сектор е историска одлука


  „Владата никогаш не беше „спротивставена страна“ во преговорите за плата со синдикатите, туку менаџер во процесот кон утврдување на оптимален исход. Активно водевме преговори со синдикатите, но ни беше значајно и да понудиме соодветно решение пред ММФ, за да и тие согледаат дека предлогот има фискална издржаност и дека нема да направи притисоци врз […]

За Дачиќ, американските санкции за Вулин се „политички мотивирани“ за вештачка рамнотежа со Приштина


 Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ тврди дека од САД не пристигнале докази за нивните тврдења против шефот на Безбедносно-информативната агенција (БИА) Александар Вулин, кому му се воведени санкции. Според него, „не се очекува да пристигнат докази затоа што не се работи за утврдување докази, туку за политички мотивирани санкции“. „Од Америка не добивме […]

Балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ вечерва на „Охридско лето“


Петтиот фестивалски ден на „Охридско лето“ резервиран за балетот „Госпоѓиците од Авињон” на македонската Национална опера и балет. Балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ е инспирирана од истоимената слика на уметникот Пабло Пикасо, зборува за пет жени и нивниот живот, нивната потрага по љубовта, смртта и слободата. Музиката во претставата е на Калиопи Букле, за кореографија […]

Претседателот на Интер Мајами: Со Меси во тимот ќе продолжиме да ги остваруваме соништата


Претседателот и косопственик на Интер Мајами Хорхе Мас го коментираше доаѓањето на Лионел Меси во тимот. – Чест ми е да му посакам добредојде на Меси и неговото семејство во нивниот нов дом. Во 2018 година ветивме дека ќе изградиме амбициозен клуб кој ќе ги привлече светските елитни играчи. Клуб кој ќе ја промени глобалната […]

Силен земјотрес од 7,4 степени на Алјаска, дадено предупредување за цунами


Земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала го погоди рано утринава полуостровот Алјаска, објави Американскиот геолошки институт. По земјотресот, што беше на длабочина од 9,3 километри, беше издадено предупредување за цунами.