Разрешен уште еден висок генерал на руската армија


Генерал-мајор Владимир Селиверстов

 

Министерот за одбрана на Руусија, Сергеј Шојгу го разреши командантот на 106-та дивизија на Воздухопловните сили (ВДВ), генерал-мајор Владимир Селиверстов. Оваа информација повеќе провоени Z-канали во Русија. Генерал-мајор Селиверстов командуваше со дивизија која се бореше во Бахмут од јануари оваа година.

Причините за смената на генералот од командата сè уште се непознати, но, според провоените канали како можна причина послужиле бескомпромисноста на Селиверстов и неговата неподготвеност да молчи кога бранел прашања поврзани со персоналот. Се забележува дека Селиверстов не секогаш се согласувал со одлуките на штабот на Воздухопловните сили.

Обидот на гувернерот на областа Тула, Алексеј Дјумин, да застане во одбрана на генералот за време на неговата посета на Москва не помогна да се реши ситуацијата со неговото сменување.

Кабинетот на претседателот на Украина ја посочи 106-та воздухопловна дивизија дека е вмешана во убиствата на цивили во предградијата на Киев: Буча, Гостомел и Ирпин. Подредените на Селиверстов се осомничени дека биле вмешани во егзекуцијата на украинскиот фоторепортер Макс Левин во март 2022 година.

По бунтот на Евгениј Пригожин, околу 15 руски високи офицери се отстранети од служба или пензионирани. Уште 13 лица се приведени на сослушување, некои од нив подоцна се ослободени, изјавија извори за „Волстрит џорнал“. Меѓу уапсените бил и заменик командантот на групата во Украина, Сергеј Суровикин. Неколку часа по почетокот на маршот кон Москва на борците на „Вагнер“, генералот беше приведен од ФСБ. Покрај Суровикин, приведени се уште неколку високи офицери.

Генерал-полковник Андреј Јудин, заменик на Суровикин, и генерал-полковник Владимир Алексеев, прв заменик-началник на Главната разузнавачка управа на Генералштабот на вооружените сили, исто така беа приведени, но подоцна ослободени. Меѓу уапсените бил и генерал-полковник Михаил Мизинцев, кој од мај 2023 година е заменик-командант на приватната воена компанија „Вагнер“.