Поради високите температури зголемена потрошувачката на струја и вода


ЕВН Македонија вчера регистрирала најголема потрошувачка на електрична енергија во земјава во изминатите 30 дена. Како што информираат за МИА од компанијата, од 17 јуни до 17 јули вкупно се потрошени 405.028 мегават часови електрична енергија што, според нив, се должи на високите температури во овој период. -Најголема потрошувачка од 16.015 мегават часови е регистрирана […]

Зголемен број на интервенции на Итната медицинска помош во Скопје


 Екстремно високите температури на воздухот во земјава влијаат на здравјето на граѓаните. Итната медицинска помош вчера и денеска бележи зголемен број на извршени интервенции за разлика од викендот. До денеска попладне било интервенирано во 36 случаи. Според информациите од итната медицинска помош, станува збор за лица повредени во сообраќајни несреќи, несвестици, зголемен крвен притисок, а […]

Бугарија: Најсиромашната земја во ЕУ постави највисок јарбол и најголемо знаме


  Високиот јарбол во планините во јужна Бугарија ја направи најсиромашната земја во ЕУ дом на највисокото знаме во блокот, исполнувајќи некои со гордост и предизвикувајќи презир од другите. Национализмот и популизмот се во пораст во балканската нација, каде што многу луѓе остануваат силно русофили и покрај инвазијата на Москва на Украина. Огромното знаме од […]

Костадиновска-Стојчевска: Секојдневно да ја поттикнуваме љубовта на децата кон книгата


Денеска во посета на градинката „Детска радост“ – објект „Сончоглед“ во Автокоманда, Општина Гази Баба, беше министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, каде што заедно со министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, им читаа сликовници на дечињата, а потоа поразговараа со нив. − Детската библиотека во градинката ја збогативме со нови сликовници кои се […]

Вардар го доби Рајн Некар за противник во квалификациите за Лигата на Европа


Вардар немаше среќа во денешното извлекување на двојките за квалификациите за ракометната Лига на Европа. „Црвено-црните“ за противник го добија Рајн Некар Левен од Германија, најтешкиот можен ривал во ждрепката. Вардар на првиот меч ќе биде домаќин (26 или 27 август), реваншот е една недела подоцна во Германија. Вториот македонски претставник во машка конкуренција во […]

Европската тројка на средба во Собранието, сите за уставни измени освен ВМРО-ДПМНЕ


  Европската министерска тројка денеска беше и во Собранието за на средба со спикерот талат џафери и координаторите на пратеничките групи да видат какво е расположението меѓу пратениците за усвојување на уставните измени.  Талат Џафери ја поздравил посетата на Ана Лирман, Лоранс Бун и Шимон Шинковски вел Сенк (министри од Германија, Франција и Полска) велејќи […]

КСС нема да го потпише предложениот општ колективен договор


Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) нема да го потпише Општиот колективен договор за јавен сектор предложен од Владата, за кој попладнево повторно седница ќе има владиниот Економско-социјален совет. Претседателот на КСС Благоја Ралповски на прес-конференција рече дека во текот на разговорите со министрите не се согласиле со став 2 од член 14 од […]

Предлог на ЕУ од кој се плашат возачите во регионот, цел се половните автомобили


Минатата недела, Европската комисија даде предлог постарите, дотраени автомобили повеќе да не се продаваат или извезуваат надвор од ЕУ. Ваквата одлука особено може да ги погоди возачите од регионот кои масовно користат вакви возила. Европската унија смета дека ваквата забрана ќе ја подобри безбедноста во сообраќајот и ќе го намали загадувањето, од друга страна, возачите […]

И официјално: ДУИ ја напуштија двајца пратеници


  Она што беше најавени и што подолго време неофицијално функционираше веќе стана реална ситуација во Собранието. ДУИ остана без двајца пратеници во Собранието и сега има 13. Двајца пратеници од ДУИ ја напуштија пратеничката група на оваа партија во Собранието, потврди денеска координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбер Адеми. Тоа се Изет Меџити, […]

Пожарот на штипската депонија „Трештена скала“ проширен и надвор од кругот


Пожарот на депонијата „Трештена скала“ во близина на Штип е надвор од контрола, односно е проширен и надвор од кругот на депонијата. Командиторот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев за МИА вели дека на терен се веќе 12 пожарникари со три противпожарни возила, се гасне со вода, но и со пожарникарски метли, бидејќи околината околу депонијата е […]

Американец е приведен поради преминување на границата во Северна Кореја


 Американец е уапсен бидејќи без одобрение во време на обиколка ја преминал заедничката безбедносна зона меѓу двете Кореи, соопшти денеска Командата на Обединетите нации. Американскиот војник Тревис Кинг, кој остварил приватна посета на погранично село во демилитаризираната зона што ги дели двете Кореи, ја преминал границата што ја чува војската од двете страни. Командата на […]

ОН: Светот да се подготви за поинтензивни топлотни бранови


Светот мора да се подготви за поинтензивни топлотни бранови, предупредија денеска Обединетите нации, бидејќи северната хемисфера се приближува до максималните температури. „Овие појави ќе продолжат да се интензивираат и светот мора да се подготви за поинтензивни топлотни бранови“, изјави Џон Наирн, експерт на Светската метеоролошка организација на ОН на прес-конференција во Женева. Тој додаде дека феноменот […]

Собранието го поддржа донесувањето на законот за данокот на солидарност по скратена постапка


Со 62 гласа „за“, еден воздржан и ниту еден против, Собранието денеска, во рамки на 120. седница, го поддржа донесувањето на законот за данок на солидарност по скратена постапка. Како што истакна заменик-министерот за финансии Филип Николоски, образложувајќи го предложениот текст, законот за данок на солидарност е од општ интерес за сите граѓани и базира […]

Казни до 2.000 евра за лица кои се движат низ шуми и покрај забраната


Глоба од 1.500 до 2.000 евра ќе им биде изречена на лицата кои нема да ја почитуваат делумната забрана за движење во шумите и шумското земјиште, објави Министерството за шумарство и водостопанство. Од вчера на сила стапи делумна забрана за движење во шума во период од 6 до 20 часот, поради заштита од пожари. Забраната, која […]

И Алтернатива се раскара


Претставници на Алтернатива од сите ограноци и членови на Централен одбор одржаа прес-конференција во Тетово за да изразат незадоволство и забелешки, за како што рекоа, неуспехот на раководството во исполнувањето на партиските задачи од последниот одржан конгрес. Според оваа групација, во партијата година и пол има турбуленциите, но тоа не влијае врз раководството. – Почнувајќи […]

Четири канадери од Италија и Франција ќе помагаат во гаснењето на пожарите во Грција


 Преку механизмот на Европската Унија за цивилна заштита и по барање од грчка страна за справување со пожарите, во Грција ќе бидат испратени два канадери од Франција и два од Италија, соопшти ЕУ комесарот за цивилна заштита Јанез Ленарчич, јави дописничката на МИА од Атина.  Ленарчич на Твитер напиша дека по барањето од Грција за […]

Уставниот суд утре ќе расправа за етничката графа во изводите


Уставниот суд утре ќе ја одржи  седница на која ќе се разгледа Законот за матичната евиденција. Подносител на иницијативата е политичка партија „Левица” која бара оценка на уставноста на воведувањето графа за националната припадност во изводите. Во иницијативата на Левица стои: „Чувството на национална припадност е лично чувство на граѓанинот и не може да се […]

Кендал Џенер стана глобален амбасадор на „Лореал“


Париз – Кендал Џенер е именувана за нов глобален амбасадор на L’Oréal Paris, преземајќи ја водечката улога во нејзините кампањи за шминка што започнуваат во септември. „L’Oréal Paris е иконски бренд онолку долго колку што се сеќавам“, изјави Џенер за WWD. „Толку сум возбудена што станав дел од тим кој има таква страст и цел […]

Ризик од срцев удар и смртни случаи додека топлотниот бран се засилува


Женева – Топлотниот бран што ја зафати северната хемисфера допрва ќе се интензивира неделава, што ќе предизвика пораст на температурите во текот на ноќта и ќе доведе до зголемен ризик од срцеви удари и смртни случаи, соопшти денеска Светската метеоролошка организација (СМО). – Температурите во Северна Америка, Азија и низ Северна Африка и Медитеранот ќе […]

Што значи кога разговарате сами со себе?


Дали често „си муабетите“ со себе? Можеби дури и се грижите за таа ваша навика од време на време? Не се грижи! Еве што велат психолозите. Веројатно се фаќате себеси како многу си зборувате. И не сте сигурни дали тоа е добра работа или не… Во едно истражување, психолозите објаснија дека е корисно, а и […]