Американец е приведен поради преминување на границата во Северна Кореја


 Американец е уапсен бидејќи без одобрение во време на обиколка ја преминал заедничката безбедносна зона меѓу двете Кореи, соопшти денеска Командата на Обединетите нации.

Американскиот војник Тревис Кинг, кој остварил приватна посета на погранично село во демилитаризираната зона што ги дели двете Кореи, ја преминал границата што ја чува војската од двете страни.

Командата на Обединетите нации, која управува со демилитаризираната зона и Заедничката безбедносна област (ЈСА), наведе дека Кинг нема овластување, а командата работи за да го реши инцидентот.

Демилитаризираната зона ги дели двете Кореи и таа граница е една од најсилно утврдените области во светот.