Србинот Николиќ нов ракометар на Вардар 1961


 Двократниот европски ракометен првак Вардар 1961 продолжи да го засилува составот за следната сезона, откако денеска потпиша двегодишен договор со српскиот бек Матија Николиќ., со можност за продолжување на соработката за уште година. Дваесет и двегодишниот Николиќ се пресели во редовите на „црвено – црните“ од словенечкиот прволигаш Шкофја Лока, каде настапуваше последните три сезони. […]

Министерката Тренчевска и директорката на ДИТ Томовска на увид дали се почитуваат мерките од портокаловата фаза


Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со директорката на Државниот инспекторат за труд, Весна Томовска и тим од инспектори, денеска излегле на терен за време на забрана за работа на отворено, како активност преку која треба да се увиди почитувањето на мерките од портокалова фаза.  За време на теренските активности Тренчевска заедно […]

Данокот за солидарност ќе ги скрати инвестициите, велат од Стопанската комора на северозападна Македонија


Според анализите на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија врз основа на она претставено од претставниците на институциите надлежни за овој процес, 76,4 милиони евра кои ќе се соберат во државната каса ќе бидат товар за над 200 домашни компании, а во просек секоја компанија ќе треба да плати кон државата над 380 илјади евра, соопштија […]

Тројца македонски државјани ја контактирале Амбасадата откако пожари ја зафатија Грција, безбедни се на островот Родос


 Во врска со пожарите кои ја зафатија Грција, информираме дека заклучно со денешниот ден, тројца државјани на Република Северна Македонија ја контактирале нашата Амбасада во Атина. Истите се наоѓаат на безбедно место, на грчкиот остров Родос, информираа денеска од Министерството за надворешни работи. Од МНР потенцираат дека Дипломатско-конзуларните претставништва на Северна Македонија во Грција, продолжуваат […]

Путин го потпиша законот за воведување дигитална рубља


Москва – Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша Законот за воведување на дигитална рубља и создавање на соодветна електронска платформа. Трансакциите во дигитална форма на руската национална валута ќе може да се вршат со помош на платформи чиј оператор ќе биде Банката на Русија, но нема да може да се користи за штедење и за […]

Законот за ментално здравје не им ја дава потребната поддршка на младите


Според Светската здравствена организација (СЗО), секој четврти човек во Македонија во одреден период од животот ќе доживее проблем со менталното здравје, а младите луѓе се особено ранливи на проблемите со менталното здравје, поради предизвиците и притисоците со кои се соочуваат во нивниот живот. Ова беше соопштено на минатонеделниот настан организиран од Клубот за младински прашања […]

Малите хидроцентрали на Шара што веќе биле почнати ќе се доизградат, а нови ќе нема


Нема нови концесии за мали хидроцентрали во Националниот парк „Шар Планина“, туку се работи за објекти чија градба е веќе започната, а за кои се дава нов рок за да се довршат. Министерството за животна средина денеска испрати објаснување дека го почитува договорт и не издава нови концесии за енергетски објекти во заштитени подрачја, откако […]

Суровоста на климатските промени: Од невреме и поплави до екстремни горештини [инфографик]


Обилни дождови, невреме и поплави, за само седум дена подоцна да биде прогласена портокалова фаза на високи температури. Две временски екстреми за многу краток период ја погодија Северна Македонија летово, што, според експертите, укажува на тоа дека и земјава го чувствува разорното влијание од климатските промени. Прогнозите за иднината на македонското поднебје се зачестени топлотни […]

Пијте вода и туширајте се пред спиење, ИЈЗ со препораки за топлите ноќи


Испијте најмалку една чаша вода пред спиење и чувајте во ваша близина вода во текот на ноќта, а за спиење изберете широка и памучна облека. Ова се дел од препораките за граѓаните што денеска ги објави Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), заради жешкото време и високите температури. „Во жешките ноќи, нашето тело станува тешко да го најде […]

Даночното оптоварување кај нас е меѓу најниските во Европа, вели Бесими


Седницата на Комисијата за европски прашања посветена на Предлог-законот за данок на солидарност (по скратена постапка) ќе продолжи утре. Попладнево пратениците од ВМРО-ДПМНЕ го критикуваа предлогот со став дека Владата нема право да им наметнува нови давачки на фирми кои се борат да работат чесно. Пратеничката Жаклина Пешевска рече дека за компаниите да плаќаат солидарно, […]

ПЕТА го повикува Хермес да ja повлече крокодилската чанта во чест на Џејн Биркин


ПЕТА врши притисок врз Hermès International да ја повлече чантата Birkin од крокодилска кожа и да се посвети на корпоративна политика против употребата на егзотични кожи. По смртта на актерката и пејачка Џејн Биркин во неделата, групата за заштита на животните бара од француската луксузна куќа да ги повлече верзиите од крокодилска кожа на нејзините […]

Џил Бајден во Париз за да го одбележи враќањето на САД во УНЕСКО


Првата дама Џил Бајден е во Франција за да помогне во одбележувањето на враќањето на САД во УНЕСКО, Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации. Бајден пристигна во Париз во понеделникот и ќе им се придружи на другите ВИП личности и ќе зборува во вторник во седиштето на УНЕСКО. Американското знаме ќе биде […]

Акција за откривање на диви, нелегални приклучоци и злоупотреба на вода во Сопиште


 ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје во директна соработка со Општина Сопиште во периодот од 21 до 23 јули спроведе акција за откривање на диви, нелегални приклучоци и злоупотреба на вода на територија на општината. Како што соопштуваат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, акцијата е спроведена од страна на контролори на јавното водоводно […]

Мицотакис за пожарите: Моментално сме во војна


Атина – Во овој момент се наоѓаме во војна, но одново ќе го изградиме она што го изгубивме, ќе ги обесштетиме погодените, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од Парламентот, осврнувајќи се на пожарите во земјата и истакна дека прв приоритет секогаш мора да биде заштитата на човечкиот живот, јави дописничката на МИА од Атина.  За ситуацијата […]

Бочварски: 20 милиони денари за инфрастурктурни проекти за општините со ромско население


Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска ги додели договорите на општините за реализација на инфрастурктурни проекти во рамки на Програмата „Декада на Роми“. Доделени беа договори на општините Шуто Оризари, Виница, Гевгелија, Кочани, Прилеп, Крива Паланка, Зелениково, Штип, Радовиш, Кавадарци, Делчево, Берово, Ранковце, Јегунове, Босилово, Демир Капија, Пехчево, Велес и Василево. -Драго ми […]

Со резолуција за Илинденско востание ќе се смирува „хистеријата“ на ВМРО-ДПМНЕ


  Целта на најавената резолуција за Илинденското востание е, меѓу другото, да ја намали „хистеријата на опозицијата“, најавија од СДСМ за документот кој се уште се подготвува и се очекува да биде објавен утре во Собранието, кога ќе стратува и расправата за уставните промени. Потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев вели дека поводот за Резолуцијата е […]

Полицијата при алкотестирање кај кумановец измери 4,86 промили


Кумановец возел под дејство на алкохол и по извршеното алкотестирање, полицијата му измерила, 4.86 промили соопшти денеска СВР Куманово. Тој е само еден од вкупно 39 санкционирани возачи кои управувале возило под дејство на алкохол откриени и санкционирано во акциската контрола на подрачјето на секторот за внатрешни работи Куманово што беше спроведена викендов. На подрачјето […]

Израел: Парламентот го одобри клучниот елемент од контроверзната судска реформа


  Израелскиот парламент го одобри суштинскиот елемент на контроверзната судска реформа во конечната одлука. За предлог-законот гласаа 64 од вкупно 120 пратеници, со што се ограничува опсегот на дејствување на Врховниот суд. Опозицијата го бојкотираше гласањето. Во иднина, Врховниот суд повеќе нема да може да ги укинува одлуките на владата или одделни министри како „несоодветни“. […]

Амандманска расправа за законот за данок на солидарност: Опозицијата бара нова потпрограма за собраните средства


Во собраниската Комисија за европски прашања во тек е амандманска расправа за Законот за данок на солидарност, во второ читање кој се носи по скратена постапка, а која треба да продолжи по дадената пауза. Поднесени на законот се три амандмани од овластени предлагачи. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски го образложи амандманот на член 3 став […]

Русија се заканува со „остри соодветни мерки по нападите врз Москва и Крим“


 Русија го задржува правото на остри соодветни мерки на нападите со украински беспилотни летала во Москва и Крим, се наведува во денешното соопштение на руското Министерство за надворешни работи, кое го цитираат руските медиуми. – Руската страна го задржува правото да преземе остри соодветни мерки, се нагласува во соопштението. Министерството додава дека Истражниот комитет на […]