Изложба на фотографии од некогашното Еврејско маало во Скопје


На платото пред Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, некогашно Еврејско маало, вечер од 20 часот ќе биде отворена изложбата „Последниот татнеж во Еврејското маало – фотографски факти низ објективот на Рафаел Алтарас“. Изложбата е организирана по повод одбележувањето 60 години од скопскиот земјотрес во Еврејското маало и 80 години од депортацијата на […]

„Скопје во пет и седумнаесет“ – дводневна програма по повод 60 години од скопскиот земјотрес


Министерството за култура го организира проектот „Скопје во пет и седумнаесет“ по повод одбележувањето 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје.  Програмата утре, на датумот од земјотресот, ќе се реализира на повеќе локации низ главниот град, а ќе почне вечер со концерт од 21 часот во паркот „Ибни Пајко“. На концертот ќе настапат Оркестарот на […]

Владата треба да расправа за концесиите на рудникот Иловица


Владата денеска на седница се очекува да расправа за концесијата за рудниците Иловица-Штука, а министерот за економија Крешник Бектеши да реферира за сите правни постапки што се преземени за овие рудници почнувајќи од 2012 година. Од владината прес-служба во 14 часот најавија и прес-конференција на министерот Бектеши без дополнителни детали. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир […]

Комисиската расправа за утврдување на предлог за уставни измени почнува со непроменети ставови


Собраниската Комисија за уставни прашања во Собранието денеска ќе ја започне седницата број 1 со единствена точка на дневниот ред – Предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Северна Македонија со насоки за изменување и дополнување на Уставот на Република Северна Македонија. По усвојувањето на дневниот ред, се очекува предлогот во 30 минути […]

Во езерата има сразмерно повеќе микропластика отколку во океаните


Виена– Меѓународен тим истражувачи го испитуваше загадувањето со пластика во езерата на светско ниво. Резултатите говорат дека микропластиката сè уште е присутна и во оние водните површини – навидум недопрени од човекот и, во споредба со океаните, во помалите копнени води има сразмерно поголеми количества микропластика. Лимнологот Катрин Атермаер од Универзитетот на Виена, Австрија, заедно […]

Турскиот Парламент во октомври ќе го разгледа барањето на Шведска за НАТО


Истанбул– Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Парламентот во Анкара во октомври ќе го разгледа барањето на Шведска за членство во НАТО. – Кога парламентот ќе продолжи со работа (во октомври по летната пауза), ќе направиме сè што е потребно, а пратениците ќе го разгледаат барањето на Шведска. Конечната одлука е на пратениците, […]

Сончево и многу топло со повремено засилен ветар


Времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 24, а максималната ќе достигне од 36 до 42 степена. UV=10 Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност и со умерен, повремено засилен […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 25 јули 2023 година, 206-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 159 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 20 минути, а ќе зајде во 20 часот. Денов трае 14 часа и 40 минута. Месечината која е во фаза на млада Месечина ќе изгрее во 12 часот и […]

Авион на „Делта“ полета од Милано за Њујорк, но оштетен од град принудно слета во Рим


  Патнички авион на американската компанија „Делта ерлајнс“ кој денеска полета од аеродромот во Милано кон Њујорк, беше толку погоден од град што набрзо принудно слета во Рим, јавија италијанските медиуми, а потврди и авиокомпанијата. Ударите од мраз го оштетиле носот на авионот и трупот во близина на крилата. „Делта“ соопшти дека авионот на релација […]

Овие три хороскопски знаци ретко даваат втора шанса


Понекогаш е тешко да ѝ простиш на некоја личност. И додека некои веруваат дека треба да им дадеме на луѓето втора шанса, на други им е тешко да го променат своето формирано мислење за некоја личност. Овие хороскопски знаци се познати по тоа што ретко на кој дава шанса да се искупи. Овен Овните се […]

Јотова ќе му пишува на Стразбур за децата од Македонија


Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова подготвува писмо што ќе го испрати до Советот на Европа во врска со случајот со децата од Македонија кои ја посетија Бугарија и остварија средби со бугарски политичари. Во писмото, како што вели, ќе посочи колку работи се прекршени од  општата Повелба за човекови права и  за правата на децата и […]

Научниците забележале нешто чудно: Испукано парче метал се поправало


Научниците неодамна за прв пат снимија „чудесен процес на самозаздравување“ кај металите. Звучи чудно? Да, тоа беше чудно дури и за експертите. Имено, тимот од Sandia National Laboratories и Texas A&M University ја тестирале отпорноста на металот и ги повлекувале краевите на металот 200 пати секоја секунда со помош на пренослив електронски микроскоп. Потоа забележале […]

Касами, Меџити и Гаши се здружија, Беса ја напуштаат два пратеника?


Опозициската соработка на Билал Касами со Изет Меџити и Африм Гаши ја подели Беса. Заменик претседателот на партијата јавно порача дека се оградува од опозицискиот блок. Според информациите на ТВ 24, на ист став со Хоџа е и пратеникот Бастри Бајрами, што би значело дека Kасами во Собранието останува со еден пратеник. – Од денеска […]

Претепан полицаец во Кичевско


Кривична пријава беше поднесена против 44-годишник затоа што физички нападнал полицаец. – ОВР Кичево поднесе кривична пријава против А.С.(44) од кичевското село Жубрино, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“, соопшти МВР. Како што информира МВР, А.С. на 19.07.2023 во 10.30 часот, на локален […]

Издадено највисоко ниво на тревога за силно невреме во Италија, Словенија и Австрија


Рим – Регионот се подготвува за многу силно невреме, поради што највисоко ниво на предупредување за невреме е издадено за северните делови на Италија, поголемиот дел од Словенија и Австрија и западниот дел од Унгарија. Во овие региони кон крајот на денот се очекува силно невреме и грмежи со пороен дожд и град. Можни се […]

(Видео) Торнадо опустоши град во Швајцарија, кран уби едно лице


Торнадо го зафати швајцарскиот град Шауси во понеделникот попладне, а едно лице загина во невремето, соопшти полицијата. Лицето починало како последица на пад на кран, кој бил поставен на градилиште. Повредени се околу 40 лица, дел пренесени и во болница. Des images très impressionnante chez moi, à La Chaux-de-Fonds, durant et après le passage d’une […]

Мајка во Австрија си ги уби двете деца


Морничава вест доаѓа Австрија денеска, нешто по пладне. Како што објавија австриската телевизија ОРФ и другите медиуми на своите портали, во Абсдорф кај Тулн во провинцијата Долна Австрија, 36-годишна мајка убила две свои деца: 7-месечно бебе и 7-годишна ќерка, пишува „Феникс“. После тоа влегла во автомобил и се обидела да се самоубие удирајќи во дрво […]

Груби: Да се изгласаат уставните амандмани, ДУИ во тој момент ќе излезе од Владата


Нема да има предвремени парламентарни избори, ќе одиме на редовни парламентарни избори. Ако пропадне гласањето, за жал пропаднала европската иднина на нашата заедничка земја, вели вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби во пресрет на дебатата за уставните измени во матичната собраниска комисија. Во гостување на вестите на Канал 5, […]

Како мириса Барби- откријте за 65 долари


Пристигна парфемот Барби. Креативно студио DefineMe се здружи со Mattel за да го лансира Barbie Eau de Parfum, цветен и овошен мирис кој сака да ја потенцира флуоресцентната личност на познатата кукла. Се продава по цена од 65 долари за шише од 100 ml, а мирисот вклучува ноти од нектар од јагода, гарденија, розова магнолија, […]

ИРЛ: Мијалков станал шофер во затворот Струга


Мијалков станал возач за потребите на струшкиот затвор, но Управата за извршување на санкции одбива да каже какви се неговите специфични задачи и дали и колку е ангажиран надвор од затворот, пишува ИРЛ. Затворските казни за поранешниот директор на тајната полиција Сашо Мијалков, бизнисмените Јордан Камчев и Зоран Милевски Кичеец на јавноста и беа претставени […]