„Варшава го исцртува Скопје“ – објавена книгата на Кинга Нетман-Мултановска


Објавена книгата која е посветена целосно на Скопје – „Варшава го исцртува Скопје“ од полската авторка Кинга Нетман-Мултановска, информираат од издавачката куќа „Бегемот“. Оваа книга фрла поглед на голем период на историјата на Скопје, од историското освојување на Османлиите, па сѐ до денешен ден. Во оваа книга акцентот е ставен врз помошта што полските урбанисти […]

„Чувари на формулата“ – новиот филм на Драган Бјелогрлиќ со светска премиера во Локарно


Новиот филм на Драган Бјелогрлиќ „Чувари на формулата“ ќе биде премиерно прикажан на еден од најголемите европски филмски фестивали во Локарно (Швајцарија) во рамките на престижната програма – Пјаца Гранде. Оригиналната приказна за потенцијалната нуклеарна криза во социјалистичка Југославија и автентичниот режисерски печат на Драган Бјелогрлиќ беа пресудни за меѓународното жири во Локарно да го […]

Федерер: 23-те титули на Новак се голема работа, сè што ќе додаде на тоа е историја


Лондон – Поранешниот тенисер и повеќекратен грен слем шампион Роџер Федерер изјави изјави дека 23-те титули кои ги освои Ѓоковиќ се голема работа и дека новите трофеи што ќе ги освои ќе испишат историја. Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ вчера се пласираше во третото коло на Вимблдон, откако со резултат 3:0 (6:3, 7:6(7:4), 7:5 го […]

Португалскиот претседател накусо бил примен во болница откако паднал во бесознание на јавен настап


Португалскиот претседател, Марсело Ребело де Соуса, вчера бил примен во болница откако изгубил свест за време на јавен настан, но тој денеска е веќе  отпуштен, јави шпанската агенција ЕФЕ. „Се чувствувам добро“, изјави 74-годишниот шеф на државата, објаснувајќи дека морал двапати да биде подложен на испитувања во болницата.  Ребело де Соуса објасни дека паднал во […]

Вонредна состојба во јужниот дел на Перу поради активностите на вулканот Убинас (видео)


 Владата на Перу прогласи 60-дневна вонредна состојба во неколку јужни градови бидејќи најактивниот вулкан во земјата Убинас исфрла пепел и гасови. Пепелта од вулканот Убинас во регионот Мокуегуа, на околу 1.200 километри југоисточно од главниот град Лима, се искачи на надморска височина од 5.500 метри и стигна до градовите оддалечени повеќе од 10 километри, соопшти […]

Цукерберг го лансираше „Тредс“, конкурентска мрежа на Твитер


Основачот на „Мета“, Марк Цукерберг вчера ја лансираше долгоочекуваната апликација „Тредс“ (Threads) како главен конкурент на Твитер на Илон Маск, распламтувајќи го соперништвото меѓу двајцата технолошки мултимилијардери. „Ајде да го направиме ова. Добредојдовте во ‘Тредс’,“ напиша Цукерберг во својата прва објава на апликацијата, дополнувајќи ја со емотикони со оган. Тој рече дека апликацијата забележала пет […]

Зеленски вети „конкретен“ одговор по нападот врз Лавов


Украинскиот претседател Володимир Зеленски вети „конкретен одговор“ на рускиот ракетен напад врз станбен блок во градот Лавов, во западна Украина, во кој, според ажурираните податоци што ги објави украинскиот министер за внатрешни работи Ихор Клименко, загинаа четири лица, пренесуваат француските медиуми. „Ова се последиците од полноќниот напад на руските терористи“, кажа Зеленски во објавата на […]

По вооружениот бунт, Путин се обидува да ја зајакне својата одбрана


Долго време фокусиран на безбедноста, рускиот претседател ја наградува лојалноста на владејачката елита и ја опсипува својата најважна изборна единица – вооружените луѓе – со готовина, пишува Њујорк Тајмс. Се вели дека рускиот претседател Владимир Путин работи во идентични канцеларии во неколку резиденции за да не може да се открие неговата локација врз основа на […]

Претрес во куќата на претседателот на ПСЖ, Ал-Хелаифи


Француската полиција изврши претрес во куќата на Насер Ал-Хелаифи, претседател на францускиот фудбалски шампион, Пари Сен Жермен и извршен директор на медиумскиот холдинг „beIN Media Group“. Според тамошните медиуми, акцијата на полицијата е поврзана со истрагата за киднапирање, незаконско приведување и тортура на лобистот Тајеб Бенабдерахман. Портпаролот на Ал-Хелаифи рече дека им е дозволен пристап […]

Мексико: Автобус падна во провалија, најмалку 27 патници загинаа


Најмалку 27 патници загинаа денеска во Мексико, кога патнички автобус изгубил контрола и излетал од патот во провалија длабока 25 метри, соопштија властите. Несреќата се случила во регионот Миктека во јужната држава Оахака. Државниот секретар за внатрешни работи Хесус Ромеро изјави дека во несреќата загинале 27 лица, меѓу кои и едноиполгодишно дете. Тој рече и […]

Затворена за сообраќај делницата Демир Капија – Давидово поради асфалтирање


Делницата Демир Капија – Давидово поради асфалтирање ќе биде затворена за сообраќај од денеска до 20 јули, во периодот од 10 до 16 часот. Поради асфалтирање, од 4 до 8 јули (од 8 до 18 часот) затворена за возила е и делницата Велес – Градско, соопшти Автомотосојузот на Македонија. Сообраќајот на државните патишта утрово се […]

Борисов се откажа од пратеничкиот имунитет поради истрагата за аферата „Барселонагејт“


Претседателот на една од бугарските владејачки партии ГЕРБ (Граѓаните за европски развој на Бугарија), и поранешен бугарски премиер, Бојко Борисов, соопшти дека се откажал од пратеничкиот имунитет. -Разговарав со членовите на пратеничката група на ГЕРБ. Ќе се откажам од имунитетот и покрај тоа што поранешниот државен обвинител го направи против мене, рече Борисов во парламентот, […]

Руската државна ТВ го нападна Пригожин


Руската државна телевизија го нападна шефот на паравоената група Вагнер, Евгениј Пригожин, кој започна вооружен бунт минатиот месец, и рече дека „истрагата за тоа што се случи сè уште енергично се води“. Пригожин, кој е во егзил, ја презеде контролата врз јужниот руски град Ростов на Дон на 24 јуни, зазеде команден центар таму каде […]

Руски проектил погоди станбен блок во Лавов, најмалку четворица загинати


 Најмалку четири лица загинаа, а деветмина се ранети во руски ракетен напад врз градот Лавов во западна Украина, објави украинското Министерство за надворешни работи на Твитер. Градоначалникот Андриј Садови во објава на неговиот канал Телеграм посочи дека спасувачите трагаат по преживеани меѓу остатоците од станбена зграда.   Тој рече дека улицата ќе остане затворена се […]

Зеленски во интервју за Си-ен-ен: Сакав контраофанзивата да почне порано, Западот задоцни со испораката на оружје


Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за Си-ен-ен кажа дека сакал контраофанзивата против руските сили да почне порано и дека за таа цел побарал од западните сојузници да ја забрзаат испораката на оружје, пренесуваат британските медиуми. -Сакав контраофанзивата да почне многу порано, бидејќи сите разбраа дека ако контраофанзивата почне подоцна, поголем дел од нашата територија […]

Без струја дел од општините Аеродром и Сарај


Делови од општините Сарај и Аеродром во различни периоди од денов ќе останат без електрична енергија. Како што информира РЦУК – Скопје, од 09.00 до 11.00 часот струја нема да имаат корисниците од дел од ТЦ Скопјанка и зградите помеѓу булеварите „Кузман Јосифовски – Питу“ и „Јане Сандански“, а од 09.00 до 14.00 часот корисниците […]

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на Рама


Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска во Скопје ќе има посебен сообраќаен режим поради официјална посета на албанскиот премиер Еди Рама.  За сообраќај ќе бидат затворени булеварите „Александар Македонски“, Гоце Делчев“ и „Климент Охридски“, улиците „Беласица“, „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и „Орце Николов“, како и дел од улицата „Франклин Рузвелт“. Секторот за внатрешни работи Скопје […]

Премиерот на Албанија Рама во официјална посета на земјава


Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе го пречека и ќе биде домаќин на Еди Рама, претседател на Владата на Албанија, кој е во официјална посета на државава. Ковачевски ќе го пречека Рама пред платото на Владата со највисоки државни почести. По средбата во Владата, двајцата премиери ќе одржат прес-конференција. За време на посетата на Скопје, Рама […]

Северна Македонија 112-та според индексот на кревкост


Северна Македонија е на 112 место од 179 рангирани земји според индексот на кревкост за 2023 на Фондот за мир, кој ја проценува ранливоста на државите од конфликт или колапс. Индексот се заснова на дванаесет индикатори: безбедносен апарат, фракционерски елементи, групни поплаки, економски пад и сиромаштија, нерамномерен развој, одлив на мозоци, државен легитимитет, јавни услуги, […]

Прес-конференција на Стопанската комора за данок на солидарност


 Стопанската комора, која пред два дена апелираше Владата да го повлече Предлог-законот за данок на солидарност, денеска ќе одржи и прес-конференција на оваа тема. На прес-конференцијата ќе присуствуваат претседателот на Комората Бранко Азески, потпретседателот Зоран Јовановски и извршниот директор Антони Пешев. Стопанската комора на 4 јули годинава соопшти дека бизнис заедницата бара повлекување и запирање […]