Федерер: 23-те титули на Новак се голема работа, сè што ќе додаде на тоа е историја
Лондон – Поранешниот тенисер и повеќекратен грен слем шампион Роџер Федерер изјави изјави дека 23-те титули кои ги освои Ѓоковиќ се голема работа и дека новите трофеи што ќе ги освои ќе испишат историја. Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ вчера се пласираше во третото коло на Вимблдон, откако со резултат 3:0 (6:3, 7:6(7:4), 7:5 го елиминира Американецот Томпсон.
„Тој е голем, голем фаворит. Мислам дека тоа е одлично за него. Имав мои моменти. Таа осма титула овде или онаа кога ја освоив петти пат по ред, тоа беа моите моменти. Ако некој го изедначи или надмине тоа, тоа ќе биде нивна работа, негов момент. Сега се е до медиумите и играчите. Така, се надевам дека ќе го направи тоа, бидејќи сè што додава, всушност додава во тениската историја, оди над и подалеку. Тој оди на глобално ниво, како кога ја освои 23-та титула во Париз. Тоа е неверојатна работа. Тоа се големи вести и добри за играта. Мислам дека е голем фаворит и би бил изненаден доколку повторно не го освои Вимблдон“, изјави Федерер.
Големата тројка ја нема, но Федерер не е загрижен за иднината на тенисот.
„Мислам дека Алкараз ќе постигне неверојатни работи во иднина, тоа значи дека ќе освои многу Грен слемови“, заклучи Федерер.