Масовно труење со гас во ЈАР, починаа најмалку 16 лица


Најмалку 16 лица загинаа во населба во Јужна Африка по труење со гас, изјави денеска шефот на владата на провинцијата Гаутенг, Пањаза Лесуфи. Претходно локалната служба за итни случаи соопшти дека 24 лица загинале поради истекување на гас. „Телата на жртвите се расфрлани по тоа подрачје, а најмладата жртва има една година“, рече Лесуфи. Тој […]

Фустанот „НЕ“ на Шакира во Париз кажа сѐ


Париз – Шакира се разбуди и рече: Не. Апсолутно не. Не за сѐ. Колумбиската пејачка се појави во Париз, среде Модната недела, за да присуствува на ревијата на Виктор и Ролф за висока мода есен/зима 2023-2024 година. Таа седеше во првиот ред до колешката поп-ѕвезда Камила Кабејо во целосно бел изглед кој го изрази она […]

(Во живо) Прес конференција на Ковачевски и Рама


Премиерот Димитар Ковачевски го пречека утрово албанскиот премиер Еди Рама, кој е во Скопје во рамките на својата балканска турнеја низ пет земји.По средбата во четири очи тие имаа заедничка средба со делегациите. На овој линк е заедничката прес конференција:

НП „Пелистер“ поставува пет метеоролошки станици со радар за превенција од пожари и поплави


БИТОЛА – Пет метеоролошки станици со радар се поставуваат на локации во Националниот парк „Пелистер“ и на реката Драгор во Битола како превенција од пожари и поплави. Станиците се дел од активностите на проектот насловен ПРЕВЕНТ во рамките на INTERREG ИПА Програмата за прекугранична соработка „Грција – Република Северна Македонија 2014-2020“. Со овие станици ќе […]

Ѓоковиќ испиша историја на Вимблдон – со Федерер и Вилијамс е во истиот ексклузивен клуб


Лондон– Новак Ѓоковиќ влезе во историјата во средата кога победи во својот натпревар од второто коло на Вимблдон. Откако го победи Австралиецот Џордан Томпсон во директни сетови, српската ѕвезда и носител број 2 ја освои својата 350-та победа во сингл на Грен слем турнир. Ѓоковиќ им се придружува само на Серена Вилијамс и Роџер Федерер […]

Шаќири: За десет дена МОН ќе има став дали ќе се поместува почетокот на учебната година


Министерот за образование и наука Јетон Шаќири најави дека за десет дена МОН ќе излезе со став дали ќе има поместување на почетокот на учебната година од стандардниот термин 1 септември.  Најави дека наредната недела пред Комисијата за човечки ресурси  ќе ги претстави трите предлози за почеток и завршување на учебната година.  -Ќе бидат вклучени […]

Во Кривичен денеска ќе биде објавена пресудата за случајот „Софтвери“


 Во Основниот кривичен суд денеска ќе биде објавена пресудата за случајот „Софтвери“, во кој првообвинет е Драги Рашковски. Според обвинителниот акт, првообвинетиот, Драги Рашковски, не ги извршил службените должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за систем за биометриска идентификација, јавна набавка на софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот […]

Зоонозите опасни по здравјето на животните и на луѓето – како да се заштитие од крлежи


Зоонозите се болести на домашните и на дивите животни кои се пренесуваат и на луѓето. Причинители на зоонози се разни видови микроорганизми и тоа вируси, бактерии. паразити, габички и други. Извор на зараза за човекот се домашните и дивите животни, или нивната непосредна средина, доколку е контаминирана со нивни секрети и екскрети, а во одредени […]

22. Синедејс отвара и затвара со филмовите на Тозија и Цветановски


Дваесет и второто издание на Фестивалот на европски филм Синедејс во Скопје, ќе отвори и затвори со македонски премиери, објави Младинскиот културен центар (МКЦ).  Фестивалот на 13 јули отвора со светската премиера на „М“, вториот филм на Вардан Тозија, а на 18 е македонската премиера на „Бизнисот на задоволството“, дебито на Гоце Цветановски. По успешното […]

Град Скопје субвенционира замена на азбестни покриви со енергетско ефикасни


Градот Скопје го објави јавниот повик за доделување на поединечна субвенција на социјално загрозени категории граѓани, жители на градот Скопје, за замена на азбестните покриви со енергетско ефикасни покриви за 2023 година. Средствата што Град Скопје ги субвенционира се во висина од најмногу 50% од вредноста на инвестицијата.   Право на учество на Јавниот повик […]

ЕВН: И село Студеничани без струја поради кражби


Два нисконапонски изводи во скопското село Студеничани во моментов се без напојување како резултат на преоптоварување поради кражби и неконтролирано користење на електрична енергија во тој дел од селото, соопшти денеска ЕВН. Дефектот, како што наведуваат, не може да се отстрани поради едно одредено семејство кое, како што велат, практично ги држи другите 100 домаќинства […]

Герасимовски: Се стремиме кон општество ослободено од стегите на родовата нееднаквост


„Како Градоначалник на Општина Центар, можам да ви ветам дека ќе продолжам да се залагам за унапредување на човечките права на сите категории граѓани и во мојата агенда секогаш ќе има место за проекти што ќе ја зацврстат улогата на жената и ќе ја подигнат свеста за родовата еднаквост“, изјави вчера градоначалникот Горан Герасимовски на […]

Беџети: Нема потреба „огнените“ да се двојат и да формираат партија


По предлогот на Изет Меџити, „огнените“ да расчистат со ДУИ и да формираат свое движење или партија, градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети, во изјава за медиумите вели дека тие се фракција на ДУИ и се различни, но нема потреба од формирање нов политички субјект, бидејќи така ќе се расцепка албанското бирачко тело, а проблемите […]

Зошто Зеленски доаѓа во Софија и зошто токму сега?


  На прстите од едната рака можете да ги изброите земјите што ги посети украинскиот претседател Володимир Зеленски од почетокот на руската агресија минатиот февруари. Повеќе се оние во кои бил поради учество на меѓународен форум или кога бил на пат до таму. Неговата денешна посета на Софија е најнеобична од сите. Причината е што […]

Велика Британија се враќа во финансирањето на ЕУ


Велика Британија е на пат да го врати пристапот до европското финансирање, три години откако ја напушти ЕУ на 1 февруари 2020 година. Владата во Лондон и Европската комисија постигнаа начелен договор за враќање на учеството на кралството во истражувачката шема на Хоризонт Европа – најголемиот фонд со кој управува ЕК. Буџетот на програмата за […]

Зеленски во прва посета на Бугарија


Украинскиот претседател Володимир Зеленски е во Бугарија каде престојува во прва посета откако почна влада и е прв странски преставник што доажа откако Бугарија доби нова влада.  Бугарскиот премиер Николај Денков ја потврди веста за посетата на Зеленски во четвртокот, чии детали почнаа да се објавуваат претходно оваа недела.Денков притоа изјави дека отсега Бугарија нема […]

Мицкоски открил 18.324 проблеми во Македонија


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,  преку објава на Фејсбук соопшти дека партиските тимови посетиле 709 места во Македонија и дека регистрирале , ни помалку ни повеќе, туку –  18.324 проблеми. -Акцијата „Ова е Македонија за сите“ заврши со посетени 709 населени места од страна на 19 тимови на ВМРО-ДПМНЕ во чиј состав имаше 200 луѓе […]

Лукашенко: Пригожин не е веќе во Белорусија, се врати во Санкт Петербург


Белорускиот лидер Александар Лукашенко изјави дека лидерот на групата „Вагнер“, Евгениј Пригожин, веќе не е во Белорусија, туку во Санкт Петербург, пренесе Индекс, хр. -Тоа е руска компанија. Значи, прашањето очигледно не е за мене. Колку што сум информиран, борците се во нивните кампови. Што се однесува до Пригожин, тој е во Санкт Петербург. Тој […]

„М“ на Вардан Тозија е првиот македонски филм со постапокалиптична тема (трејлер)


Постапокалиптичните приказни се актуелни во светската кинематографија, меѓутоа, македонската кинематографија не можеше да се пофали со ниту еден филм од овој жанр. Но, Вардан Тозија го промени тоа режирајќи го филмот „М“, еден од првите македонски филмови со постапокалиптична тематика. „М“ ќе го отвори Фестивалот на европскиот филм „Синедејс“ на 13 јули. Филмот е копродукција […]

Уште 80 тони опасен отпад од ОХИС испратени на уништување во Франција


Чистењето на малата (делта) HCH депонија во ОХИС продолжува со ремедијација на Лот 3, со кој ќе се отстранат 525 тони на HCH отпад и 210 тони на земја контаминирана со HCH, информираа денеска од Министерството за животна средина и просторно планирање. Во рамки на досегашните активности спроведени за ремедијација на третиот лот, ископани и […]