Проблеми на американското раководство поради возраста: Еден „смрзна“ на прес-конференција, другиот одвреме навреме паѓа …


Необјаснивата тишина и зјапање „во празно“ на 81-годишниот лидер на републиканците во Сенатот Мич Меконел за време на прес-конференција во Конгресот е најновиот показател дека најмоќните позиции во Соединетите држави често ги заземаат политичари многу постари од оние во другите демократски земји, пренесе Хина. Во средата, Меконел паузираше на средината на реченицата и молчеше следните […]

Сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер


Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени, додека УВ индексо  – 9. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен […]

Зеленски го потпиша законот со кој Божиќ во Украина ќе се слави на 25 декември


 Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска потпиша закон за промена на датумот на државниот празник Божиќ во Украина од 7 јануари на 25 декември, како дел од напорите за „откажување од руското наследство“, јави Киев Индепендент. Според новиот закон, Денот на украинската државност ќе биде поместен од 28 јули на 15 јули, а на 1 октомври […]

Африка до Путин: Запрете ја војната


  Африканските лидери упатија директен апел во петокот до рускиот претседател Владимир Путин да ја прекине војната против Украина. „Оваа војна мора да заврши. И тоа може да заврши само врз основа на правдата и разумот“, му рече Муса Факи Махамат – министер за надворешни работи на Чад и актуелен претседател на Комисијата на Африканската […]

Јувентус е казнет со 20 милиони евра и исфрлен од Европа


  Јувентус е исфрлен од овосезонската Конференциска лига на Европа од УЕФА и казнет поради кршење на правилата за финансиски фер-плеј (ФФП). Управното тело на европскиот фудбал, исто така, го казни Челзи за прекршување на правилата на ФФП како резултат на „доставување нецелосни финансиски информации“. УЕФА вели дека предметот се однесува на трансакции што се […]

Официјално: и Марез се сели во Саудиска Арабија


Манчестер сити и Ал Ахли го потврдија трансферот на Ријад Марез. 32. годишниот Марез е третото звучно засилување за Ал Хали во актуелниот преоден рок. Пред него во клубот пристиганаа напаѓачот Роберто Фирмино иг голманот Едуард Менди. Марез со Манчестер сити ја освои Лигата на шампионите, а има и четири Премиерлиги, два ФА Купа, три […]

Грчкиот министер за безбедност отишол на одмор додека беснеат пожарите, веднаш поднесе оставка


  Грчкиот министер за заштита на граѓаните поднесе оставка во петокот откако беше забележан на одмор додека шумските пожари се шират низ целата земја. Премиерот Кирјакос Мицотакис ја прифати оставката на министерот одговорен за службите за јавна безбедност, вклучително и полицијата, кои ѝ помогнаа на противпожарната служба во повеќекратните шумски пожари во туристичките дестинации, во […]

Жени кои собирале смет за рециклирање во Индија купиле лоз и освоиле над 1,2 милион долари


Во индискиот град Керала 11 жени кои собирале смет купиле лоз и на лотарија освоиле над 1,2 милиони долари, пренесува агенцијата Анадолија. Според „Тајмс оф Индија“, 11 жени кои од домови и претпријатија собирале смет за рециклирање за да заработат за живот, на лотарија освоиле 1.215.650 долари. Добитничките на наградата изјавија дека парите што ги […]

Продолжен му е притворот на таткото на детето убиец од „Рибникар“


Апелациониот суд во Белград му го продолжи притворот на В.К., таткото на момчето што изврши масовно убиство во „Рибникар“, за уште три месеци. Да потсетиме, момчето убиец (13) кое на 3 мај изврши грозоморен масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“, како што дознава Курир, за време на сведочењето на видео линк открил дека татко му […]

Со нож прободен началникот на струшката полиција, напаѓачот приведен


Четириесет и четири годишен жител на струшкото село Велешта е приведен по напад на началникот на Полициската станица во Струга. Информацијата за МИА ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. – Околу 19 часот во Струга од полициски службеници од ОВР Струга е лишен од слобода С.Н. (44) од струшкото село Велешта, затоа што […]

Манчестер Сити го проширува својот стадион и ќе го претвори во луксузно одморалиште


Градскиот совет на Манчестер го одобри планот на Сити за проширување на стадионот „Етихад“, со што ќе се зголеми капацитетот на 62.000 гледачи или тоа ќе биде само еден дел од проектот вреден 350 милиони евра. „Етихад“ повеќе нема да биде само фудбалски стадион, туку и дестинација за одмор, бидејќи исто така се планира изградба […]

САД во „црвено“ – некои градови отворија „центри за ладење“


Секој втор Американец ќе се соочи со екстремно жешки и опасни температури и висока влажност додека топлотен бран ги зафаќа средниот запад и источниот брег на САД. Повеќе од 170 милиони Американци се под предупредување за прекумерна топлина бидејќи се очекува до сабота попладне живата да се искачи над 38 степени Целзиусови на многу места, […]

Големиот шумски пожар во близина на турското летувалиште Кемер по пет дена ставен под контрола


 Големиот шумски пожар во близина на турското летувалиште Кемер, во областа Анталија, по пет дена е ставен под контрола, напиша на Твитер турскиот министер за земјоделство и шумарство Ибрахим Јумакл. Пожарот кај Кемер избувна околу 21 часот на 24 јули. Жителите од голем број куќи се евакуирани од безбедносни причини. Неколку лица се хоспитализирани поради […]

Бијонсе со нова восочна фигура во „Мадам Тисо“ во Њујорк- изгледа како божица


Њујорк- Ве молиме не се вознемирувајте! Но, тоа всушност не е Бијонсе која владее на 1.100 стапки над Њујорк, туку тоа е најновата восочна фигура создадена од нејзината фотографија во Мадам Тисо! Во четвртокот (27 јули), новата восочна фигура на Бијонсе инспирирана од Beychella го имаше своето деби на врвот The Edge, највисоката палуба под […]

Се омажи оскаровката Мишел Јео: По 19 години свршувачка му кажа „да“ на Жан Тод


Женева- Деветнаесет години откако кажа „да“, Мишел Јео конечно кажа „Да“: Оскаровката што создава историја се омажи со долгогодишниот свршеник Жан Тод. Ѕвездата од „Се секаде одеднаш“ (60) се омажи со поранешниот тркачки директор на Ферари и Пежо (77) во четвртокот во Женева, според поранешниот возач на Формула 1, Фелипе Маса, кој ја сподели свадбената […]

Проширено обвинението против Трамп


Вашингтон – Обвинителството ја прошири кривичната постапка против поранешниот американски претседател Доналд Трамп и еден од неговите вработени, во постапката за неовластено чување доверливи документи, јави Гласот на Америка. Во проширеното обвинение се наведува дека Трамп и неговиот соработник Карлос де Оливеира се обиделе да ги спречат истражителите да ги прегледаат снимките од безбедносните камери […]

Заврши комисиската расправа за измените на Законот за ДДВ


Заврши претресот на амандманите за Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот за додадена вредност, по скратена постапка, на денешната седница на собраниската Комисија за европски прашања. Седницата ќе продолжи во понеделник со амандманска расправа за Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка, по скратена постапка –  […]

Внимавајте кому и каде ја давате вашата лична карта: Mоже да земат кредит на ваше име


Електричен шпорет за 1 денар, мобилен телефон за 99 денари, лажни наградни игри, е-пошта за донации и лажно наследство. Ова се само дел од начините со кои злосторниците ги измамуваат граѓаните, со цел да ги украдат нивните лични податоци, кои потоа ги користат за различни придобивки, без разлика дали се материјални или нематеријални. „Повредата на […]

„Еуромакс“: Веќе има формално известување за спор до Владата, меѓународна арбитража е можна во секое време


Согласно строгите правила за берзанско работење, Euromax Resources Ltd Ванкувер, има обврска ажурно да објавува суштински информации и одлуки до Берзата за хартии од вредност во Торонто „TSX“, Канада. Во продолжение ја пренесуваме најновата формална објава доставена до „TSX“ денес 28 Јули 2023, пред отворање на Берзата: Еуромакс објави дека е повлечено одобрувањето за спојување […]

Даниловски: Teмпературните разлики влијаат на кардиоваскуларниот систем


Наглите падови или покачувања на температурите влијаат на човековото здравје, предупредуваат лекарите. Временските разлики кај здравите луѓе предизвикуваат тегоби, а проблем имаат и хронично болните лица на кои им се влошува здравствената состојба во периодот на вакви температурни разлики, какви што имаме во последните два дена. Утринската температура вчера нагло падна на 12 до 20 […]