Уапсен е генералот Сергеј Суровикин, вториот човек на руските војски во Украина


  Уапсен е заменик-командантот на заедничката група на руските војски во Украина, генерал Сергеј Суровикин. Оваа информација за „Москва тајмс“ ја дале два извори блиски до апаратот на Министерството за одбрана. Официјално, министерството не ги коментира овие информации. „Таму, приказната со него не беше ‘во ред’. За моќ. Не можам да кажам ништо повеќе“, коментираше […]

„Јас гарантирам“: Олаф Шолц тврди дека нема да има нови бугарски барања


  Германскиот канцелар Олаф Шолц вечерва даде убедување до македонската јавност дека на патот на пристапувањето на Македонија кон ЕУ веќе нема да има нови билатерални барања. „За тоа стојам јас, гарантирам“, рече Шолц на прес-конференцијата со македонскиот премиер Димитар Ковачевски во канцеларството во Берлин, притоа ставајќи ја раката кон срцето за да го зголеми […]

(Видео) Прес конференција на Ковачевски и Шолц


Премиерот Димитар Ковачевски, во рамки на официјалната посета на Берлин беше пречекан со највисоки државни почести и оствари средба со германскиот канцелар Олаф Шолц. По завршување на средбата, предвидена е заедничка прес-конференција, а по неа двете официјални делегации ќе имаат работна билатерална средба и вечера.

Баерн ја прекина соработката со Катар ервејс


Минхен – Германскиот фудбалски првак Баерн Минхен објави денеска дека спогодбено ја прекина комерцијалната соработка со авиокомпанијата Катар ервејс, која долго време предизвикуваше контроверзи поради обвинувањата за кршење на човековите права во оваа заливска држава.  “Договорот меѓу Баерн Минхен и Катар ервејс завршува спогодбено по пет заеднички возбудливи години”, се наведува во заедничкото соопштение објавено на […]

Гир се воздржа од коментар за писмото од австрискиот амбасадор


Шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава амбасадорот Дејвид Гир се воздржа од коментар за наводите во писмото на австрискиот амбасадор за нанесена штета на австриска фирма во судски процес, и при тоа посочи дека како дипломати треба да се посветени на промовирање позитивна средина за инвестирање. -Како што реков, не сакам да коментирам за […]

Високите температури се ризик за труење со храна, внимавајте што јадете и од каде купувате


Во лето, кога дневните температури се високи, мора да се внимава на безбедноста на храната што се консумира. Топлото време ги зголемува ризиците од појава на труење со храна, а за да се спречи тоа, неопходно е да се направи правилен избор при нејзина набавка, да се обезбеди соодветен транспорт и услови за чување. Како […]

Неделава се нуди богата програма на Скопско лето


Неделава во рамките на Скопско лето има голем избор на настани од различни области. Во Чифте амам вчера се отвори изложбата на Михаил Корубин „Визуелна артикулација“. Тој на публиката ѝ се претстави со 13 големи платна кои ги насликал годинава како и со минијатурни графики арт токен, а самиот тој е иноватор на овој стил. […]

„Ќе се сретнеме ние двајца каде што живееш“ – ЗНМ со осуда за заканите врз новинарот Огнен Јанески


Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро реагира и ги осудува јавните закани, говорот на омраза кон сите новинари и медиумски работници и кон новинарот Огнен Јанески кои биле упатени од страна на гледач во две контактни емисии на 27 јуни на ТВ24. Како што информираат оттаму, во текот на вчерашното издание на емисијата „Во […]

Остатоци од подморницата Титан извлечени од океанот (фото)


Остатоци од подморницата Титан, која се распадна на дното на Атлантикот на пат кон потонатиот брод Титаник, се исфрлени на брегот во Канада, 10 дена по трагедијата. Огромни парчиња метал утрово беа истоварени од бродот „Хоризонт Арктик“ на пристаништето на канадската крајбрежна стража во Сент Џонс, Њуфаундленд, пишува „Дејли мејл“. Тие брзо беа покриени со […]

Наскоро одлука за продолжување на мандатот на Столтенберг на чело на Алијансата


Осло – Во следните неколку дена може да се очекува официјалната одлука на НАТО за продолжување на мандатот на генералниот секретар Јенс Столтенберг за уште една година, пишува денеска норвешкиот весник „Верденс ганг“, повикувајќи се на три неименувани дипломатски извори. Како што наведува, сите земји членки на НАТО се обединети во својата одлука да побараат од […]

Што е аџилакот во Мека и што значи тој за муслиманите


  МЕКА, Саудиска Арабија – Над 1,8 милиони муслимани учествуваат на овонеделниот аџилак во светиот град Мека во Саудиска Арабија, бидејќи еден од најголемите верски собири во светот се враќа на капацитетот по годините на ограничувања од корона вирусот. Хаџот е еден од петте столбови на исламот и од сите муслимани се бара да го […]

Бремената Ријана ѕвезда во првата кампања на Фарел Вилијамс за Луј Витон


Париз- На почетокот на овој месец, Вилијамс објави Инстаграм со Ријана на огромен билборд во Париз, со натпис: „пролет-лето 2024 година“. Во тоа време, Луј Витон ја потврди кампањата со Ријана, но одби да даде дополнителни детали или слики. Сега, само неколку дена по дебитантското шоу на Вилијамс, Луј Витон официјално ја лансираше кампањата за […]

Бесиан Ахмети станал промотор уште во времето на ВМРО-ДПМНЕ


Првата дипломатска мисија како економски промотор, Бесиан Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ, ја добил од владата на ВМРО-ДПМНЕ на крајот на 2016-та година во времето кога беше премиер Емил Димитриев. Тоа стои и на неговиот линкдин профил, но не може да се најде како документ од седница на влада бидејќи во тоа време владата […]

Етничката „екскурзија“ на Лога пред Уставен суд


За претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, упатството што го донесе министерот за правда, Кренар Лога, за впишување на графа за етничка припадност во изводите, венчаниците, умрениците и други документи коишто ги издава Управата за водење на матични книги е – неуставно. Вчера Уставниот суд реши самоволно да покрене иницијатива за оценување на законитоста на […]

Сите чисти, парите ги нема: И нотарите го демантираат австрискиот амбасадор


Нотарската комора на Македонија во целост ги демантира и не се согласува со изнесените тврдења на австриската амбасада за вклученост на нотари во злоупотреба на службената положба и овластување во трговскиот спор меѓу македонската фирма ДЕНА ПРОДУКТ увоз извоз Велес и австриската фирма АММА импорт експорт.  Од Нотарската комора наведуваат дека нотарите се лица со […]

Ако не функционира пазарот, ќе продолжи замрзнувањето на трговските маржи


Со оглед дека на пазарот има стабилизирање на домашните цени кои се резултат на стабилизирање на берзанските цени на суровинските компоненти од увоз и цените на електричната енергија, по 30 јуни , кога завршува рокот за примена на Одлуката за трговските маржи, домашните цени треба да продожат да се утврдуваат според пазарните услови, смета Министерството […]

Кучињата скитници станаа главна политичка тема во Битола откако беше искасано дете


  БИТОЛА – Последната несреќа кога глутница кучиња скитници искасаа малолетно дете во Битола, политичките партии во Советот на Општина Битола ја искористија за политички популизам на последната седница на Советот. Нашироко ја отворија политичката дебата кој е виновен што нема прифатилиште за улични кучиња во Битола и ја изгласаа иницијативата да се врати шинтерската […]

Пригожин сакал да ги зароби Шојгу и Герасимов за време на нивната посета на Ростов


  Евгениј Пригожин имал намера да ги зароби и водачите на руските вооружени сили за време на нивното патување во јужна Русија. Министерот за одбрана, Сергеј Шојгу, и началникот на Генералштабот, Валери Герасимов, кого лидерот на „Вагнер“ го обвини за неспособност, измама на претседателот Владимир Путин и инвазија на Украина за лична корист и добивање […]

Пет повредени лица во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар


Пет луѓе се повредени во сообраќајна несреќа при судир на три возила изутрината околу 10 часот на автопатот Тетово-Гостивар. Сите пет повредени се однесени во гостиварската болница за укажување лекарска помош.  -На автопатот Тетово-Гостивар се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три патнички моторни возила: „сеат леон“ со гостиварски и „фолксфаген голф“ и „фиат“ со […]

Аџилак во Саудиска Арабија на 42 степени


Ријад – Стотици илјади муслимански аџии денеска го извршија ритуалот на каменување на ѓаволот за време на аџилакот во Саудиска Арабија. Ритуалот се одржа и покрај големата горештина. На утрински температури од над 42 степени Целзиусови, огромни толпи аџии пристигнаа пеш или со автобус до огромниот комплекс Џамарат на периферијата на светиот град Мека, каде што […]