Изложба „Мајка Тереза од Скопје до Калкута“


Изложба насловена „Мајка Тереза од Скопје до Калкута“ од  Изет Зеќири, ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје (УМТ) вечерва во 18, 30 часот ќе биде отворена во просториите на УМТ. Третата по ред изложба на Зеќири опфаќа 22 уметнички дела реализирани во мозаик, а авторот ја посветил на животната дејност на скопската хуманистка Гонџа […]

Во Охрид почнува 15. конференција за плаќања и платежна инфраструктура


Народната банка на Северна Македонија и Централната банка на Холандија по 15-ти пат ја организираат конференцијата за плаќања и пазарна инфраструктура. Конференцијата, што денеска и утре ќе се одржи во Охрид, е насловена „Обликување на платежните иновации“. Претставници на централни и деловни банки, небанкарски даватели на платежни услуги и други институции во овие два дена […]

Расте извозот на албански производи за Македонија, се намалува увозот на македонски во Албанија


Тирана – Во првите пет месеци од годинава  албанскиот извоз во Северна Македонија се зголемил за речиси 1,7 милијарди лека (15, 7 милиони евра) споредено со истиот период минатата година. Според официјалните податоци на Институтот за статистика, ИНСТАТ,  за надворешно трговската размена, во периодот јануари-мај, во Северна Македонија се извезени стоки во вредност од околу 9,2 […]

Кинескиот шпионски балон користел американска технологија


Вашингтон – „Волстрит џурнал“ повикувајќи се на прелиминарните резултати од истрагата објави дека кинескиот шпионски балон што прелета над САД на почетокот на годината користел американска технологија за собирање аудио-визуелни информации. – Анализата на неколку американски одбранбени и разузнавачки агенции покажа дека балонот носел комерцијално достапна американска опрема, заедно со специјализирани кинески сензори и друга опрема […]

Откази за сите вработени новинари на „Нејшнл џиографик“


Вашингтон– „Нејшнл џиографик“ (National Geographic) ги отпушти своите последни вработени новинари и најави дека од следната година повеќе нема да се продава на киосците во САД, но ќе продолжи да објавува месечни изданија. Откази добија 19 вработени новинари, а редакцијата отсега ќе биде составен од хонорарни уредници и соработници „Нејшнл џиографик“ најави дека сепак ќе […]

Четири најсреќни хороскопски знаци во јули 2023: Трудот на работа ќе им се исплати, а во срцето може да им се всели новa љубов


Четирите најсреќни хороскопски знаци во јули 2023 година – напорната работа може да се исплати, и во љубов и во професионален план. Според астролозите, јули ќе биде неверојатно поволен за 4 хороскопски знаци: Бик Во јули, Биковите не треба да ја пропуштат можноста да станат посреќни и посамоуверени. Ќе има уникатни шанси. Среќата брзо ќе […]

Писмото од австрискиот амбасадор ги „разбранува“ правосудните институции


Дипломатските претставници со своите отворени и „без ракавици“ коментари за владеењето на правото повторно ги разбрануваа правосудните институции во земјава. На отвореното писмо од австрискиот амбасадор Георг Вуцас, во кое тој побара смена на судии, обвинители, но и одговорност од нотари и извршители, за кои смета дека го одолговлекуваат процесот на наплата на долг на […]

Чешка безбедносна стратегија: Мораме да се подготвиме за евентуална војна


Прага – Чешката Влада вчера изгласа нова безбедносна стратегија, според која Русија се смета за директна закана, а Кина за системски предизвик. Полска мора внимателно да се подготви за можноста да станат дел од вооружен конфликт, иако ризикот од напад врз земјата останува низок, се наведува во документот. Чешка почна да ги разгледува односите со Русија […]

Мадона пред турнејата заврши на интезивна нега


Мадона ја одложи светската турнеја по престојот на интензивна нега поради сериозна бактериска инфекција, но се очекува целосно закрепнување. Според нејзиниот менаџер, светската поп-ѕвезда развила сериозна бактериска инфекција, што довело до „неколкудневен престој на интензивна нега“. Во изјавата, Гај Осеари рече дека здравјето на Мадона се подобрува, но таа е уште под медицинска нега. Мадона […]

Во Народниот театар во Белград гостуваше НОБ со „Госпоѓиците од Авињон“


Националната опера и балет на Северна Македонија, гостуваше синоќа на Големата сцена на Народниот театар во Белград, со претставата „Госпоѓиците од Авињон“, во кореографија и режија на Олга Панго, јави дописникот на МИА од Белград. Гостувањето на Националната опера и балет во Белград уследи по потпишувањето на договорот за соработка меѓу Националните театри, опери и […]

Во немирите во Франција уапсени 77 демонстранти


Париз – Во Франција синоќа продолжија насилствата, особено во парискиот регион, каде полицаец уби седумнаесетгодишник, кој одбил да го послуша. Демонстрантите во повеќе градови палеа и се судрија со полицијата, при што се уапсени 77 луѓе. Ситуацијата во Нантер, на 15 километри од Париз, околу 23 часот повторно стана тензична. Запалени се десетина автомобили, контејнери и […]

Можности за модернизација на земјоделскиот сектор финансирани од ЕУ


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и евроамбасадорот Дејвид Гир денеска во Ресен ќе ги претстават можностите што ги нуди ЕУ за финансиска поддршка на земјоделските задруги и модернизација на земјоделскиот сектор во Северна Македонија. На настанот ќе се обрати и градоначалникот на Ресен, Јован Тозиевски. Амбасадорот Гир и министерот Николовски ќе се […]

Функционален системот за наплата на патарина со еден „таг“ во Македонија и Србија


Системот за заедничка електронска наплата на патарина со примена на еден „таг“ при патување во државава и во Србија ги помина успешно сите тестирања, подготвен е за употреба и е функционален, информираат за МИА од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Проектот беше најавен во септември 2021 година  во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“, а […]

Кралството Норвешка отвора конзулат во Скопје


Конзулатот на Кралството Норвешка во Скопје денеска официјално ќе отпочне со работа.  На свеченоста, во просториите на „Алкалоид АД“ Скопје во Автокоманда, ќе присуствуваат амбасадорот на Норвешка во Белград, Јорн Еуген Ѓелштад, државниот секретар при Министерството за надворешни работи на Норвешка, Еивин Вад Петерсон, советникот во Кабинетот на министерот за надворешни работи на Норвешка, Гро […]

Сенароден собир на МПЦ – ОА против законите за родова еднаквост и за матична евиденција


Македонската православна црква – Охридска архиепископија денеска организира сенароден собир во знак на протест поради односот на власта кон нивното барање за повлекување од собраниска процедура на предлог законите за матична евиденција и за родова еднаквост,  бидејќи ги сметаат за сериозна закана за општеството, а особено за неговата основна клетка – семејството.   Светиот архиерејски […]

Полска купува систем за противвоздушна одбрана Патриот


Варшава – Стејт департментот синоќа одобри Полска да купи американски систем за противвоздушна одбрана Патриот за 15 милијарди долари. Американската Агенција за одбранбена соработка (ДСЦА) објави дека продажбата вклучува до 48 лансери Патриот ПАЦ-3, 644 проектили, како и радари. Продажбата ќе ги подобри одбранбените способности на Полска во противракетната одбрана и ќе придонесе за целите на […]

Заменик-спикерот на Президиумот на данскиот Парламент во посета на Собранието


Во посета на Собранието денеска ќе биде Карстин Хонге, заменик-спикер на Президиум на данскиот Парламент.  Хонге ќе има средби со потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, со координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, со пратеникот од Движењето БЕСА Фадил Зендели, како и со членовите на Комисијата за европски прашања. 

Шпанија го презема претседавањето со Унијата во следните шест месеци


Брисел– Во Брисел денеска почнува дводневната средба на шефовите на држави или влади на ЕУ, со што официјално завршува шведското претседавање со Унијата и претседателството со блокот во следните шест месеци го презема Шпанија.  Главни теми на овој дводневен Самит на ЕУ ќе бидат руската агресија врз Украина и континуираната поддршка од Унијата за Украина, […]

Сончево со мала до умерена облачност, викенд дожд


Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со мала до умерена облачност, а претежно во западните делови променливо облачно со локален пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 22 до 30 […]

Астрономски календар


Денеска е  четврток, 29 јуни 2023 година, 180-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 185 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 1 минута, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути. Денов трае 15 часа и 12 минути. Месечината која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее, […]