Столтенберг: Успешна украинска контраофанзива ќе го присили Путин да седне на масата за преговори


Доколку украинската контраофанзива биде успешна тоа би можело да го натера рускиот претседател Владимир Путин да седне на преговарачка маса, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за Си-ен-ен. -Колку повеќе Украинците победуваат на теренот, толку е поголема веројатноста претседателот Путин да разбере дека треба да седне на преговарачка маса и да даде согласност за […]

Со вештачка интелигенција снимена „последната песна на Битлси“, вели Пол Макартни


Англискиот музичар Пол Макартни, вели дека искористиле вештачка интелигенција која им помогнала да ја создадат „последната песна на Битлси“. Тој за Би-Би-Си Радио изјавил дека со помош на технологијата успеале да го „издвојат“ гласот на Џон Ленон од стара демо снимка со цел да ја комплетираат песната. „Само што ја завршивме и ќе биде објавена оваа година“, […]

Околу еден милион евра изнесуваат штетите на патната инфраструктура од невремето


Околу еден милион евра изнесуваат штетите на патната инфраструктура како резултат на невремето кое го зафати Делчево изминатата недела, информира градоначалникот Горан Трајковски. Според него, дополнително ќе се прави проценка за санирање и на други критични точки, кои настрадаа од елементарната непогода која го погоди градот. Трајковски додаде дека извештајот за штетите е испратен до […]

Идентификациски број на граѓаните за полесен пристап до пазарот на труд во рамки на Отворен Балкан


Владата денеска на седница ја разгледа и усвои Информацијата за статусот на проектот Отворен Балкан. Задолжено е Министерството за информатичко општество и администрација, да овозможи пристап до неопходниот сет на податоци од Централниот регистар на население, за потребите на услугата за генерирање идентификациски број на граѓанинот, со цел целосно исполнување на обврските кои Владата ги […]

Ратификација на спогодбата меѓу Македонија и Албанија за транспорт во Охридското Езеро


Владата го утврди текстот на Предлогот на Закон за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија за меѓународен воден транспорт во Охридското Езеро. Очекуваните влијанија од ратификацијата на Спогодбата, според предлагачот, Министерството за надворешни работи, се позитивни, бидејќи ќе се развијат пријателските односи помеѓу двете земји […]

Ударните дупки низ штипските улици ќе се санираат со нова италијанска технологија


Нова италијанска технологија ќе се применува за санација на ударните дупки низ штипските улици. Зоран Крушиќ, претставник од Белград на италијанската фирма „Интеркимика“ вели дека станува збор за техника која подразбира употреба на изгребен асфалт, што значи рециклирање на материјали. Технологијата денеска првпат се користеше во државава, а досега има неколку примери во Србија и […]

Таравари: Има јасни сигнали дека земјава ќе ги отвори преговорите со ЕУ заедно со Албанија


Има јасни сигнали дека Северна Македонија ќе ги отвори преговорите со Европската Унија заедно со Албанија, истакна претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари при денешната посета во Куманово. Одговарајќи на новинарско прашање што ја чека државата доколку не се изгласаат уставните промени, Таравари истакна дека не е важно како ќе изгледа следната влада, туку, […]

Маричиќ: Одобрени 100 милиони евра европски средства за поддршка на државава


Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ информира дека одобрени се 100 милиони евра европски средства за Северна Македонија. – Ангажманот на ЕУ за Северна Македонија на дело, одобрени се 100 милиони евра европски средства. Денес Европската Унија и европските институции уште еднаш ја покажаа поддршката за нашата земја. Европратениците во Европскиот парламент со огромно мнозинство […]

Советот на ЕУ препорачува намалување на антибиотиците за 20 отсто до 2030 година


Луксембург – Министрите за здравство на земјите-членки на Европска Унија на денешниот состанокот во Луксембург усвоија препорака за намалување на потрошувачка на антимикробни лекови, меѓу другото и намалување на потрошувачката на антибиотици за 20 отсто од 2030 година. – Не можеме да ја игнорираме смртоносната закана што микроорганизмите отпорни на лекови ја претставуваат по здравјето […]

Во Стоби се работи на Римскиот театар и на Епископската базилика


Во археолошкиот локалитет Стоби активно се работи на два проекти – конзервација, реставрација и реконструкција и археолошки доистражувања на објект Римски театар. Со проектот раководи м-р Гоце Павловски. Годинава е единаесетта сезона за конзервација, реставрација, реконструкција и археолошки доистражувања на римскиот театар. Со проектот пак, „Археолошки доистражувања и конзервација на архитектонски делови на Епископската базилика“ […]

Само со најавата за нов закон за македонскиот јазик се зголеми интересот за лиценцирање лектори


Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска во гостувањето во МРТ истакна дека предлог-законот за употреба на македонскиот јазик ќе предизвика низа позитивни реакции. Според неа овој закон ќе ја отслика реалната состојба на јазикот и ќе се регулира неговата правилна употреба. Текстот предвидува секоја инстутиција да вработи лектор, кој ќе ги лекторира сите документации на […]

Тренер по тенис допирал малолетнички по телото


Вчера во полициска станица била поднесена пријава против тренер по тенис. -На 12.06.2023 во 18 часот во Полициската станица Чаир, 50-годишна и 40-годишна жена од Скопје пријавиле дека во спортска сала на подрачје на Радишани нивните малолетни ќерки биле допирани по телото од тренер по тенис, соопшти МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Стефан Богоев е нов директор на Царинската управа, Кутиров ќе гради меѓународна кариера


Потпретседателот на СДСМ и поранешен градоначалник на општина Карпош, Стефан Богоев, денеска на попладневната седница на Владата беше именуван за нов директор на Царинската управа. Богоев го презеде местото на Славица Кутиров, која се повлекла од директорската функција, потврдија од Владата. Богоев и во 2021 година, по завршувањето на градоначалничкиот мандат во општината Карпош, се […]

Жител на Лабуништа наводно натепан затоа што бил Бугарин


  Уште еден инцидент со наводен политички предзнак се случил на брагот на Охридското Езеро, овој пат во Струга. Како што објави бугарскиот портал „Нова“ денеска бил натепан копретседателот на Здружението на Бугарите во Македонија „Шемето“, Бекир Кадриески. Тоа го изјавил самиот Кадриески за „Нова“. Според неговите зборови, тој бил соборен на земја и бил […]

Унгарскиот парламент изгласа построг Закон за странски работници


Унгарскиот парламент, поддржан од гласовите на десничарското владејачко мнозинство, денеска го усвои таканаречениот Закон за гастарбајтери, пренесе ДПА. Новиот закон треба да го регулира вработувањето на странски државјани во Унгарија, а кои не се од земји членки на ЕУ.  Според веб-страницата на парламентот, 135 пратеници гласаа за предлог-законот што го претстави министерот за економија Михали […]

Над 40.000 лица евакуирани во Пакистан и Индија пред налетот на силниот циклон Бипарџој


Повеќе од 40.000 лица се евакуирани во Индија и Пакистан пред пристигнувањето на моќниот циклон Бипарџој, што е придружен со ветрови со брзина од над 150 километри на час, соопштија денеска властите. Циклонот Бипарџој, што на бенгалски значи катастрофа, денеска напредуваше во Арапското Море и се очекува в четврток да удри на тлото меѓу јужен […]

Шокантно видео: Руски војници ги убиваат колегите кои бегаат од бојното поле?


  Шокантно видео покажува како руските трупи изгледаат како да ги егзекутираат своите колеги војници додека се обидуваат да побегнат од бојното поле, тврдат украински извори. Видеото снимено од украински беспилотни летала и објавени на онлајн платформата за пораки Телеграм, покажува како тројца руски војници насочуваат оружје во правец на најмалку седум другари и наводно […]

Се интервенира во населбата Пролет во Делчево, новиот дожд повторно ги поплави


Вработени во Територијалната противпожарна единица од Делчево им излегоа напомош на жителите од населбата Пролет, каде поради новите врнежи од дожд, дел од теренот е под вода.Во оваа населба на терен се и членови на Комисијата за проценка на штети од поплавите која ги регистрира оштетувањата настанати од поплавите кои претходно се пријавени од страна […]

Рама: Со Курти имаме исти цели, но не одиме по исти патишта, регионот е и наш, не им припаѓа само на Косово и Србија


      Албанскиот премиер Еди Рама во врска со односите со косовскиот премиер Албин Курти, оценил дека ” имаат исти цели, но не одат по исти патишта”, јавија медиумите. -Мојата цел и целта на премиерот на Косово се идентични, но,  постигнувањето на таа цел не го гледаме на ист начин, особено во последно време. […]

„Нереално“: Пендаровски за барањето на ВМРО-ДПМНЕ за одложено дејство на уставните измени


  Претседателот Стево Пендаровски денеска го оцени како нереално барањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ уставните измени да имаат одложено дејство до влегувањето на Македонија во ЕУ. „И јас би сакал сакал такво нешто, но заклучоците на Советот на Европа се кристално јасни – морате да направите уставни промени до крајот на скрининг процесот, за по автоматизам […]