Телото на Берлускони ќе биде кремирано, а пепелта положена во семејниот мавзолеј


Милано – Телото на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони ќе биде кремирано, а неговата пепел ќе биде положена во семејниот мавзолеј лоциран во вилата во италијанскиот град Аркоре, пренесуваат британските медиуми, повикувајќи се на извор близок до семејството. По државниот погреб, ковчегот со телото на Берлускони ќе биде вратен во вилата Сан Мартино, во близина на […]

Избега пациент од „Бардовци“


Пациент вчера избегал од психијатриската болница „Бардовци“. -На 13.06.2023 во 12.30 часот во Полициската станица Карпош било пријавено дека од Психијатриската болница Бардовци се оддалечил пациентот В.С.(41) од Скопје, соопшти МВР. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Прво Скопјани, па светот: „Баклава“ го промовираше новиот албум посветен на Скопје


Во Аудиокултура денес се оддржа промоција на новиот албум од Баклава: “За Скопје со љубов”. Ова е петти албум на групата кој го посветуваат на својот град. Бендот го продолжува своето музичко патување, но овој пат остануваат дома и ги раскажуваат приказните на Скопје. Не само за неговите населби, маала и други топоними туку и […]

Презентиран извештајот на Мoneyval Комитетот за евалуација на нашиот систем за борба против перење пари и финансирање на тероризам


Слободното функционирање на финансиските системи е главната придобивки за граѓаните од неодамна усвоениот Извештај од петтиот круг на евалуација на системот за борба против перење пари и финансирање на тероризам на Република Северна Македонија од страна на Мoneyval Комитетот при Советот на Европа што денеска беше презентиран во Скопје. Директорот на Управата за финансиско разузнавање […]

Во Собрание не помина предлогот за ослободување од партиципација за пациенти со цистична фиброза


Во Собрание не помина предлогот за ослободување од партиципација од медицински услуги и лекови на пациенти со цистична фиброза над 26 години. Како што биле информирани попладнево членови на Асоцијацијата за цистична фиброза, пациентите биле ослободени од партиципација уште во 2019 година. Но, оние со кои зборуваше МИА, велат дека сѐ уште си ги плаќаат […]

Работници од „Еуроникел индустри” на протест бараат повисоки плати


Плаќање на заостаната рата од регресот за годишен одмор К-15 за 2022 година во најбрз можен рок, вредноста на бодот по кој се пресметува платата да се зголеми за осум денари, висината на регресот за годишен одмор за 2023 година да изнесува триесет илјади денари и да се исплаќа еднократно, минималната сума за никел бонус […]

Германија за првпат во историјата доби стратегија за национална безбедност


 Германската влада денеска ја претстави првата сеопфатна стратегија за национална безбедност која ги опфаќа сите ресори, а не само Министерството за одбрана. – За првпат во историјата на нашата земја изготвивме стратегија за национална безбедност. Тоа е важен придонес за зголемување на безбедноста на германските граѓани, особено во променетите околности по нападот на Русија врз […]

Промоција на монографија посветена на Коле Чашуле во Прилеп


Монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на театрологот Ана Стојаноска ќе биде промовирана утре во 11 часот, во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Промоцијата е во рамките на програмата „Автор во фокус“,издадена со помош и поддршка на Факултетот за драмски уметности од Скопје и издавачката куќа „Арс Ламина“ и делумна поддршка од Министерството за […]

ДДВ за струјата, сепак, се враќа на 18 отсто од јули?


  Данокот на додадена вредност за струјата од 1 јули, најверојатно, сепак ќе се врати на 18 отсто наместо сегашните 10 отсто, како што беше предвидено и се мерките кои своевремено ги донесе Владата во борба против енергетската и ценовната криза. Тоа денес не го коментираше вчерашниот предлог на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика […]

За пожарите ќе се информира електронски, преку социјални медиуми


Апел за внимателно однесување во природа, беше упатен денеска од организираната кампања за заштита на шуми од пожар и на отворени простори, од страна на  Противпожарниот сојуз на Македонија, со Противпожарниот сојуз на Град Скопје, ДЗС и Македонски шуми. – Кампањата има за цел граѓаните преку делење на флаери да бидат едуцирани за заштита на […]

АКТО фестивал во Софија, групна изложба на 18 дела од 20 македонски уметници


Со групна изложба на 18 дела од 20 македонски уметници „Прекаријатот има шанса – Јавни простори во движење (кон)“, на 16 јуни во Софија, Бугарија, ќе биде отворено 18. издание на АКТО фестивалот. Изложбата ќе биде отворена до 29 јули оваа година, а ќе се претстават делата на уметниците Елена Чемерска, Искра Димитрова, Христина Иваноска, […]

Локално невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град


Под влијание на циклонска активност до крајот на седмицава ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи, а на повеќе места ќе наврне поголема количина на воден талог над 25 литри на метар квадратен за 24 часа. Како што информираат од УХМР, до петок локално процесите ќе бидат поинтензивни во […]

Најмалку 78 мигранти се удавија кога потона брод кај Грција


  Бројот на загинати од најсмртоносниот бродолом со мигранти кај Грција оваа година се зголеми, а официјални лица соопштија дека најмалку 78 луѓе ги загубиле животите, а голем број сѐ уште се водат како исчезнати. Жртвите, речиси сите мажи од Авганистан и Пакистан, се удавија кога бродот со кој патуваа се преврте кај јужниот дел […]

Во Центар означен крајот на учебната година со театарска претстава за врсничкото насилство


Во период кога насилството помеѓу децата и булингот се тема не само во државата, туку и во целиот регион, во Општина Центар приватниот театар Хит од Скопје ја изведе претставата „Во домот на Волшебникот“, информираат од Општината. Со оваа претстава градоначалникот на општината, Горан Герасимовски на пристуните ученици од основните училишта го честиташе крајот на […]

Проевропското крило е исклучено од раководството на ВМРО-ДПМНЕ, вели Игор Есмеров


Поранешниот амбасадор во Унгарија и поранешен функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Есмеров, вели дека не разбира кој е вистинскиот став на партијата околу уставните измени, бидејќи во деновите по лидерската средба се слушнаа изјави спротивни од оние кои произлегоа од средбата на Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски. Во разговор за „Локално“ тој вели дека про-ЕУ структурите се […]

Бесими не открива кога ќе има повисоки плати во УЈП и во Царина, незадоволството кај вработените расте


Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска изјави дека не може да прејудицира кога ќе биде донесено системското решение за платите на вработените во јавниот сектор, велејќи дека преговорите се водат во рамки на трипартитниот економско социјален дијалог. Во меѓувреме, расте незадоволството на вработени во институции кои се под капата на Министерството за финанси. Вработените во […]

Алиу: Ако се поврзат сите системи со Централниот регистар на население, граѓаните нема да имаат проблем со документацијата


Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу очекува со ажурирање на податоците во Централниот регистар на население, како и со подобрување на операбилноста помеѓу институциите да се надмине проблемот со којшто се соочуваат граѓаните кога им се бараат дополнителни потврди од одделни институции при промена на лични документи во случај на промена на името […]

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за клубот „Иван Михајлов“ – тој е избришан од регистерот


  Уставниот суд денеска одлучи да ја отфрли иницијативата со која се бараше поништување на Статутот и на Програмата на Здружението Културен центар „Иван Михајлов“ од Битола. Таа одлука беше донесена по утврдувањето на фактичката состојба  дека клубот „Иван Михајлов“ е избришан од единствената база на податоци на Централниот регистар, односно не постои како правен […]

Ердоган не попушта за Шведска во НАТО


Анкара – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган јасно стави до знаење дека Шведска не треба да има големи очекувања за претстојниот самит на НАТО во Вилнус следниот месец во врска со членство во Алијансата, јавија турските медиуми. Во изјава за новинарите на враќање од посетата на Азербејџан, Ердоган рече дека пред Анкара да ја одобри кандидатурата […]

Со нова крводарителска акција „Алкалоид“ го одбележа 14 јуни – Светскиот ден на крводарителството


„Алкалоид“ АД Скопје, како општествено одговорна компанија, постојано тежнее кон поздрав свет и кон супериорен квалитет на производите и на услугите, a чиј императив се грижата за здравјето и заштитата на секој човек, високо позиционирани во корпоративната деловна стратегија. И оваа година хуманиот однос спрема секој човек и спрема заедницата го покажа со нова крводарителска […]