Бектеши и Деспотовски ќе потпишат договор за нова инвестиција во Брисел


Министерот за економија Крешник Бектеши заедно со директорот на Дирекцијата на технолошко-индустриските развојни зони Јован Деспотовски од денеска до вторник престојуваат во Брисел каде ќе биде потпишан договор за нова инвестиција. Посетата на Бектеши и Деспотовски е во рамки на официјалната посета на претседателот на државата Стево Пендаровски на Белгија. Во рамки на економскиот дел […]

Зошто Кина нема да може повторно да ја спасува светската економија?


  Додека остатокот од светот се движи на работ на рецесија, последното нешто што го сакаат западните политичари е Кина – најголемиот двигател на глобалниот економски раст од финансиската криза во 2008 година – да каска во своето закрепнување од последиците од пандемијата. Но, токму тоа се случува сега. Откако во декември ја напушти својата […]

Захариева: Бугарија е во слободен пад, крајно време е да добие влада


Се надеваме на разум и дека овој кабинет ќе биде поддржан, затоа што шансата за формирање влада  со следните партии е многу мала. Ова го изјави Екатерина Захариева, пратеничка на ГЕРБ.Таа нагласи дека суштината на разговорите што ГЕРБ ги води со останатите, откако резултатите од изборите станаа јасни, е да има редовен кабинет. „Крајно време […]

Грците денес избираат меѓу Мицотакис и Ципрас


Денеска грчките гласачи излегуваат на гласање за да изберат претставници во 300-члениот парламент на Грција. Речиси 10 милиони Грци со право на глас ќе гласаат за партијата и политиката што ќе ја води земја или пак ќе одлучат да излезат на гласање на 2 јули. Од нив околу 440.000 првпат ќе излезат на гласање. Социолозите и […]

21 мај во историјата – Амелија Ерхарт стана прва жена што сама го прелета Атлантикот


  Пет години од денот кога американскиот авијатичар Чарлс Линдберг стана првиот пилот кој извршил самостоен, непрекинат лет преку Атлантскиот Океан, авијатичарката Амелија Ерхарт станува првата жена пилот која го повтори подвигот, приземјувајќи го својот авион во Ирска на 21 мај 1932 откако прелета преку Северниот Атлантик. Ерхарт патуваше 3.400 километри од Њуфаундленд за нешто […]

И денес ќе грми и ќе врне


Времето денеска ќе биде променливо облачно, од пладневните часови ќе биде нестабилно со појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 18 до […]

Посебен режим на сообраќај во Скопје


Поради спроведување на оперативно-тактичка вежба од страна на Министерството за внатрешни работи, а во координација со Амбасадата на САД, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот. Притоа, како што соопштија од МВР, за сообраќај ќе бидат затворени улицата „Самоилова“, на потегот од улицата „Лазар […]

Изложба на воздухоплови, возила и опрема кои се дел од вежбата „Брз одговор 23“


На спортскиот аеродром „Аџитепе“ во Куманово, денеска од 11:00 до 14:00 часот, ќе се одржи изложба и презентација на средства и опрема на армиите кои учествуваат на големата меѓународна воена вежба „Брз одговор 23“ („Immediate Response 23“). Граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со дел од воздухопловите, воените возила и опремата кои се користат […]

Kандидатите за ректор на УКИМ ги претставија приоритетите


На факултетите и институтите во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, на 30 мај  од 12 до 14 часот ќе се спроведе гласање за избор на ректор на УКИМ за мандатниот период 16 септември 2023 – 15 септември 2026 година. На конкурсот се пријавија шест професори и сите кандидатури беа прифатени од Универзитетската изборна […]

„Дете да пуштиш во трева ќе го изгубиш“, ама Аеродром промовира нов систем за одржување на јавната хигиена


Преку соработка со приватен партнер, Општина Аеродром промовира нов систем за одржување на хигиената и чистотата на јавните површини. Покрај тековните капацитети и лица кои се редовно ангажирани од страна на локалната самоуправа, отсега хигиената и зеленилото во Аеродром ќе се одржува со зголемен капацитет на механизација, а со и тоа поголем број работници на […]

Најсреќната дестинација на светот е и најевтината за патување


Британската пошта 16 години по ред составува листа на европски градови кои нудат најдобра вредност за парите. Деновиве е објавена нова листа за 2023 година, која споредува 35 европски градови и открива кои се најевтините европски дестинации. Годинава тоа е португалската метропола Лисабон. Тимот на Postoffice ја пресметува и споредува просечната цена на викенд престој […]

Опожарен автобус кај Пресека, сообраќајот во прекин – нема повредени


Од АМСМ известуваат дека од 21:00 часот на патот Охрид – Кичево, кај Извор, сообраќајот е во прекин во двата правци. Од противпожарната Кичево интервенираат со две екипи при гасење на опожарен автобус. Од РЦУК – Охрид известуваат дека нема повредени лица односно автобусот бил без патници.

Утре покрај Земјата ќе помине голем астероид


Астероидот наречен 2023 JK се очекува утре да прелета покрај Земјата, пропуштајќи ја нашата планета за нешто повеќе од 1,6 милиони километри. Според американската вселенска агенција НАСА, 2023 JK е со големина колку комерцијален патнички авион. Астероидот JD4 – кој е приближно со иста големина како 2023 JK – исто така ќе помине утре и […]

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје


Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје утре ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, поради спроведување на оперативно-тактичка вежба од страна на Министерството за внатрешни работи, а во координација со Амбасадата на САД. Притоа, за сообраќај ќе бидат затворени улицата „Самоилова“, на потегот од улицата „Лазар Личеновски“ (Амбасада на САД) до […]

Нападната екипа на брзата помош


Во петокот, во 16.35 часот во СВР Скопје, од Итната медицинска помош било пријавено дека при интервенција во село Инџиково, Т.К.(42) се обидел со остар предмет да ја нападне екипата за домашна посета. Во нападот бил спречен од возачот на Итната медицинска помош.   По документирање на случајот Единицата за насилен криминал при СВР Скопје […]

Маск предупредува: Следната година многу компании ќе банкротираат


Во текот на изминатата година, Елон Маск често се жалеше на макроекономијата, инфлацијата и зголемените каматни стапки кои влијаат на куповната моќ. Тој предвиде дека ваквата „забавена“ економија веројатно ќе трае уште една година, но сега даде подраматични предвидувања. Основачот на „Tesla“ предвидува дека многу компании ќе банкротираат во следната година.   На годишното собрание […]

„Огнените“ се налутија: Не се самоисклучивме, од ДУИ манипулираат


Огнената група од ДУИ е огорчена што од медиумите дознала за состанокот и одлуките донесени на тајната средба на Претседателството на ДУИ дека тие самите заминале од партијата. Велат дека ова е манипулација на раководството. -Не се „самоисклучивме“, туку го напуштивме состанокот (на 1 април) во знак на протест како резултат на непочитувањето и манипулацијата […]

Филм направен од вештачка интелигенција: Како би изгледал контактот на вонземјаните со Земјата (видео)


Во екот на секојдневната еволуција и чудата што ни ги презентира AI(вештачка интелигенција), група истражувачи неодамна го претставија првиот AI филм со помош на вештачка интелигенција, пренесе Денар. Имено, станува збор за филмот „Last Stand“ кој е направен како дел од истражувањето на можностите и опциите кои ги нуди вештачката интелигенција, а се работи за […]

Туристите се враќаат во Грција, но ѝ фалат сезонски работници


Грција како медитеранска земја која се натпреварува со Хрватска, Црна Гора и другите летни дестинации во привлекувањето туристи, бележи забележително враќање на гостите по пандемијата на корона вирусот, но и недостасуваат сезонски работници. Делфи е мал град познат по античките урнатини на храмот на Аполон, каде што пророчицата Питија ја претскажала иднината. Јанис Папатанасиу, 48-годишниот […]

Три лица загинаа во пад на туристички авион во Швајцарија


Три лица загинаа денеска при уривање на туристички авион во планинската област на кантонот Нојшател на западот на Швајцарија, соопшти портпаролот на кантоналната полиција. „Пилотот и двајцата патници загинаа“, соопшти полицијата без да даде детали за жртвите. Авионот со швајцарски регистарски таблички полетал од аеродромот Шо-де-Фонд на туристички лет и се урнал во близина на […]