Астрономски календар


Денеска е вторник, 30 мај 2023 година, 150-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 215 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 2 минути, а ќе зајде во 20 часот и една минута. Денов трае 14 часа и 58 минути. Месечината која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее […]

Вицепремиерот Битиќи покровител на МЕФ Енергетски форум 2023


Енергијата и економијата се длабоко поврзани. Едното не може да расте и да се развива без другото и затоа, изборите што ги правиме во енергетскиот сектор денес, ќе имаат големо влијание врз иднината на нашите економии и врз благосостојбата на идните генерации, рече вечерва вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, посакувајќи му успешна работа на […]

Јапонија планира да пренесува сончева енергија од вселената на Земјата


Јапонија и нејзината вселенска агенција наречена JAXA со децении се обидуваат да овозможат пренос на сончева енергија од вселената, а сега е одреден краен рок – во 2025 година. Во 2015 година, научниците од JAXA постигнаа голем успех кога пренесоа 1,8 kW моќност на растојание од 50 метри од безжичен приемник. Ова е доволно енергија […]

Повредени десетици демонстранти и припадници на КФОР во протестите на Србите во северно Косово


 Повеќе од 50 граѓани од српска националност се примени во болницата во Севрна Митровица со повреди здобиени по судирот со припадниците на мировната мисија на НАТО во Косово, КФОР, во текот на протестите против новоизбраните градоначалници Албанци во општините со мнозинско српско население во северно Косово, јави МИА од Приштина. Според медиумските извештаи, во судирот […]

Зошто никогаш не треба да прескокнувате оброци?


Ако имате навика да прескокнувате оброци, на вашето тело му недостасуваат есенцијални хранливи материи неопходни за негово правилно функционирање. Ова може да доведе до различни негативни последици, и физички и психолошки. „Редовното прескокнување на оброците може да доведе до флуктуирачки нивоа на енергија, намалена концентрација и нарушен метаболизам“, вели меѓу другото лекарот Анастасиос Микроулис за […]

Кина утре го испраќа својот прв цивил во вселената


Кина утре ќе испрати цивилен астронаут во вселената за прв пат во својата историја во мисија со екипаж до вселенската станица Тиангонг, што е нов чекор во продолжувањето на нејзината програма за истражување на вселената. Астронаутот Гуи Хаичао е „експерт за носивост“ и „професор на Универзитетот за аеронаутика и астронаутика во Пекинг“, рече на денешната […]

Тридневна средба на УНЕСКО за ставање крај на глобалното загадување со пластика


Претставници на 175 држави учествуваат на средба седиштето на УНЕСКО, на која треба до идната година да се постигне напредок за ставање на крај на загадувањето со пластика. Состанокот во Париз, кој ќе трае до 2 јуни, и е втор од петте сесии во процесот. Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека глобалното загадување со пластика […]

Да се разреши директорката на „Владислав Рибникар“ предлага инспекцијата


Српската просветна инспекција предложи да се разреши директорката на белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, Снежана Кнежевиќ и управниот орган на таа институција каде на почетокот на мај ученик уби девет ученици и чувар. Инспекцијата предложила да се именува привремен орган на управување и да се именува в.д директор, соопшти денеска Министерството за образование на Србија. […]

(Видео) РТС: Се слушаат детонации во Косово, многу повредени од двете страни


Како што јави дописникот на РТС, има многу повредени од двете страни, се слушаат истрели и детонации. Повредените се сместени во Здравствениот дом во Звечан, а оние со посериозни повреди се пренесени во болницата во Косовска Митровица. Хеликоптер на КФОР ја надлетува областа. Во Лепосавиќ и Зубин Поток немаше тензии, а граѓаните се разотидоа и […]

Избор за највело општина во Скопје и околината


Здружението на граѓани Центар за одржливи иницијативи, во соработка со групата ентузијасти со цел подобро велосипедско Скопје – НаТочак, ја воведува наградата „Највело општина во Скопскиот плански регион“ за 2023 година. – Позитивните страни на користењето велосипед се бројни и веќе докажани. Една од нив е дека со возење велосипед, емисиите на стакленички гасови се […]

Почна исплатата на мајските пензии


Во тек е етапната исплата на пензиите за месец мај, информираат од Министерството за труд и социјална политика.  -Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата. За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на […]

Мартин Скорсезе се сретна со папата Франциск и е „инспириран да сними филм за Исус“


Ватикан– Се уште под импресии од овации на Канскиот филмски фестивал за неговиот последен филм Killers of the Flower Moon, славниот режисер Мартин Скорсезе беше на турнеја низ Италија, вклучително и средба со папата Франсис во Ватикан, каде што оскаровецот исто така ги објави своите планови за снимање филм за Исус. Variety објави дека Скорсезе […]

Бислимоски: Ќе искористиме сè што ни постoи како можност за да ја релаксираме цената на струјата


Не сум приврзаник на каква било промена, односно зголемување на цената на електрична енергија. Сè што постои како можност и тоа што го имаме на располагање ќе го искористиме за да можеме уште повеќе да ја релаксираме ситуацијата со цената на електрична енергија, порача денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) […]

Ова е домот на езерото Цирих во кој живееше и почина Тина Тарнер


Цирих- Поп-легендата Тина Тарнер почина во средата во домот кој долго време беше прибежиште за легендарната пејачка. Кралицата на рокот, која почина на 83-годишна возраст на 24 мај по долго боледување,, последните дваесет години живееше во Европа откако таа и Бах се откажаа од американското државјанство пред речиси 10 години. Таа пронајде прибежиште во нејзиниот […]

За една година странските инвеститори од Русија повлекле околу 36 милијарди долари


Странски инвеститори преку продажба на имот од Русија повлекле околу 36 милијарди долари во периодот од март 2022 до март оваа година, соопшти руската Централна банка. Од март 2022 година до март 2023 година биле извршени околу 200 продажни трансакции, а само во една петтина од нив бил продаден имот во вредност од над 100 […]

Покетино седна на клупата на Челзи


Англискиот фудбалски прволигаш Челзи, ден откако го одигра последниот натпревар во резултатски исклучително лошата сезона, објави попладнево дека за нов тренер на екипата е назначен Аргентинецот Маурисио Покетино. Лондонскиот клуб соопшти дека со Покетино е потпишано договор на две години, со можност за продолжување на соработката за уште една година. Покетино се враќа во Премиер […]

Ограбена обложувалница во Ѓорче Петров


Минатата ноќ била ограбена спортска обложувалница во Ѓорче Петров. -Денеска (29.05.2023) во 01.25 часот било пријавено дека во спортска обложувалница на подрачјето на Ѓорче Петров, едно лице со закана од вработениот одзело пари, соопшти МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Радев го даде вториот мандат и се надева дека нема да има влада


  Во Бугарија денеска беше доделен вториот мандат за формирање влада, но има голема веројатност тој да не заврши со политички кабинет. Тоа дури како желба го најави и претседателот Румен Радев кога му го доделуваше мандатот на Николај Денков како кандидат на коалицијата Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија. Точно пред една недела ГЕРБ […]

Мбапе: Ќе бидам во ПСЖ следната сезона


Париз – Килијан Мбапе проговори по добивањето на наградата за играч на сезоната во Лига 1.   – Сакам да им се заблагодарам на сите во клубот, раководството, персоналот, медицински персонал, обезбедување и канцелариски персонал, чии напори ни помагаат да работиме во најдобри услови за да продолжиме да победуваме, а тоа е тешко.   Секогаш […]

Бензема доби понуда од 200 милиони евра во Саудиска Арабија


Мадрид – Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, добил понуда од Саудиска Арабија, пишува „Relevo“.   Владата на Саудиска Арабија на 35-годишниот Французин му нуди договор со еден од локалните клубови на две сезони со плата од 200 милиони евра.   Покрај тоа, напаѓачот може да стане амбасадор на заедничката понуда на Саудиска Арабија, Грција и […]