Крај на војната во Украина? Лавров: „Русија е заинтересирана… што поскоро“


Русија е заинтересирана што поскоро да заврши конфликтот во Украина, изјави во Бразил рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. „Јасно е дека сме заинтересирани што поскоро да заврши украинскиот конфликт. Неколку пати детално ги објаснивме причините за сѐ што се случува и целите. Детално ги објаснивме, а не еднаш, причините за тоа што се […]

Максим Димитриевски најави промоција на политичкото движење во Скопје


  Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, во интервјуто за Радио Слободна Европа најави дека во септември или октомври ќе биде регистрирано неговото политичко движење во Скопје кадешто ќе се престави целосниот концепт на здружението и ќе се покаже кадровскиот потенцирал. По најавеното движење на Никола Димитров што ќе се официјализира овој месец, ова е […]

Народната банка изготвува статистика во согласност со највисокиот стандард на ММФ ‒ СДДС плус


Преку квалитетното извршување на статистичката функција, Народната банка придонесува кон јакнење на процесот на донесување одлуки на економските чинители. Во согласност со меѓународните стандарди, Народната банка ги прибира, ги изготвува и ги објавува статистичките податоци, во доменот на своите надлежности, а постојано работи и на надградба во одделни статистички домени. За ова говори и членството […]

Амбасадорот на ЕУ во Судан нападнат во неговата резиденција


  Амбасадорот на Европската унија во Судан беше нападнат во понеделникот „во сопствената резиденција“, според највисокиот дипломат на блокот Жозеп Борел, додека трае борбата меѓу ривалските воени фракции. „Ова претставува грубо кршење на Виенската конвенција [sic]. Безбедноста на дипломатските простории и персоналот е примарна одговорност на суданските власти и обврска според меѓународното право“, напиша Борел […]

Азески му пишува на Ковачевски: Бизнис заедницата плаќа даноци и треба да биде консултирана


  Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, во отворено писмо до премиерот Димитар Ковачевски уште еднаш повикува на склучување на договор меѓу јавниот и приватниот сектор, и на задолжителната консултација на бизнисот при донесувањето на законите, но и се жали дека поради непотпишување програма од страна на државата, Комората не може да […]

Тарантино откри зошто во неговите филмови нема секс-сцени


Шпанија– Фановите на славниот американски  режисер Квентин Тарантино секогаш може да очекуваат дека неговите филмови ќе донесат крв и насилство, но дека тешко, или воопшто, ќе содржат секс или голотија. Ова е намерен избор, рече режисерот оскаровец во едно неодамнешно интервју, објаснувајќи дека тоа никогаш не било суштинско за неговите приказни. „Сексот не е дел […]

САД го обвинија бразилскиот претседател за ширење руска и кинеска пропаганда


Белата куќа остро го критикуваше бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва за обвинувањето дека САД ја „охрабруваат војната во Украина“. Лула по посетата на Кина за време на викендот рече дека САД треба да почнат да зборуваат за мир во Украина. Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, го обвини Лула […]

(Видео) Отворен долгоочекуваниот финансиски центар на Истанбул


Во Истанбул денеска беше отворен долгоочекуваниот деловен кварт со кој овој град сака да биде еден од финансиските центри на светот. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган учествуваше на свеченото отворање на она што се нарекува Истанбулски финансиски центар (ИФЦ). Прво се отвори делот каде што ќе биде седиштето на банките. Ердоган рече дека најголемиот град […]

Анкета: Во Црна Гора 61 отсто од населението едвај врзуваат крај со крај


Дури 61 отсто од граѓаните на Црна Гора едвај врзуваат крај со крај, покажуваат резултатите од истражувањето за приходите на населението, јавува РТЦГ.  – Вкупно 61 процент од населението на Црна Гора преку оваа анкета кажа дека е многу тешко или тешко се врзува крај со крај, а само 0,9 отсто, помалку од 1 отсто, […]

Измените на Законот за работните односи на матичната собраниска комисија


Собраниската Комисија за труд и социјална политика денеска треба да ги разгледа измените на Законот за работните односи во деловите за прекувремена работа и местото и начинот на исплата на платата на работници на проекти од национален и стратешки интерес на државата што се предлагаат по скратена постапка со цел непречено извршување на работите од […]

Презентирани најновите иновации од младите умови во нашата заедница


Со поддршка на Американската амбасада во Скопје и Фондот за иновации, се одржа нов настан на вмрежување посветен на иновативните проекти и идеи на некои од најперспективните млади умови кај нас, организиран од ИНО ФАБ Лабораторијата лоцирана на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје. „ИНО КАФЕ настанот е веќе традиција за мотивација и инспирација, ова е точката […]

Сергеј Андреевски со „Неизложени дела на хартија“ во Грција


Самостојната изложба „Неизложени дела на хартија“ на македонскиот сликар Сергеј Андреевски в петок ќе биде отворена во општина Каламариа во Солун.   – На некој начин, оваа поставка е продолжение на големото ретроспективно претставување со наслов „Хартии“ што се случи минатиот мај во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје. Голем дел од селектираните дела не можеа […]

Во јавната администрација се вработени 129.374 луѓе


Во јавниот сектор во државата во 2022 биле вработени 129.374 луѓе. Во споредба со 2021 бројот се намалил за 1.809, пишува Порталб.мк. Но, вкупниот број на вработените во јавниот сектор не соодветствува со вкупниот број на пополнети работни места, од причина што има вработени пред сѐ во областа на образованието и во здравството кои пополнуваат […]

Мекдоналдс ги менува познатите хамбургери


Компанијата „Мекдоналдс“ објави дека го подобрува вкусот на своите хамбургери. Лепчињата ќе се тостираат, сирењето ќе се стопи, а познатиот хамбургер „биг мек“ во иднина ќе има повеќе преливи. „Видовме можност да направиме некои промени за да ги направиме нашите хамбургери уште повкусни“, рече шефот за маркетинг и искуство на клиентите на Мекдоналдс во САД, […]

Сондата „Џус“ ги испрати првите фотографии од вселената


Не ја гледаме планетата Земја секој ден од вселената, така што фотографиите направени од камерите на вселенските летала се секогаш прилично спектакуларни. Неодамна лансираната сонда „Џус“ испрати неколку одлични фотографии од Земјата веднаш откако тргна на своето осумгодишно патување кон Јупитер. Првите фотографии се направени набрзо по лансирањето на 14 април, а станува збор за […]

Во соседството имаме дестинација наречена „евтина алтернатива на Малдивите“


Албанските плажи се опишани како идеална алтернатива на Малдивите, кои исто така се далеку поевтини од другите европски дестинации кои туристите ги избираат за својот летен одмор. Експертите на платформата за резервации за патувања Loveholidays ги открија врвните дестинации за заштеда на пари, а тимот препорачува евтин одмор во Албанија, за која велат дека има […]

(Видео) Путин ненадејно пристигна во Украина, ја посети воената команда во Херсон


  Рускиот претседател Владимир Путин ненадејно пристигна во Украина и присуствуваше на состанокот на воената команда во регионот Херсон, кој е делумно окупиран од Русија, соопшти Кремљ. Путин ги слушаше извештаите на командантите на Воздухопловните сили и армиската група „Днепар“, како и други високи офицери кои го информираа за ситуацијата во регионите Херсон и Запорожје, […]

Тајвански „Јагео“ влегува во земјава, најголема гринфилд инвестиција од осамостојувањето


 Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) Јован Деспотовски денеска во Таипеи, Тајван, ќе потпише договор со „Јагео“ за нова инвестиција во Република Северна Македонија. Како што јавува известувачот на МИА од Таипеи, станува збор за досега најголемата гринфилд инвестиција во земјава од осамостојувањето. Церемонијата на потпишувањето ќе се одржи во седиштето на […]

Османи треба да се појави пред суд поради тужбата за клевета на македонско движење од Канада


Првото судско рочиште против министерот за надворешни работи Бујар Османи, по тужба за навреда и клевета од страна на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП), треба да се одржи денеска во Основниот суд во Скопје. Претседателот на ММДЧП Бил Николов и здружението на На 27 јануари годинава, поднесоа тужби за навреда и клевета против […]

Британското МО: За овие две места во Бахмут се водат најлошите борби


Британското министерство за одбрана објави нов извештај за ситуацијата во Украина. Денеска се осврна на состојбата во Бахмут, град во кој со месеци се водат жестоки борби. Британците тврдат дека Русите пренасочиле уште некои сили кон Донбас. „Тешките борби продолжуваат долж Донбас. Сепак, постои реална можност Русија да го намали бројот на војници и напади […]