Во март годишен раст од 6,8 отсто на вкупните депозити и од 6,6 проценти на вкупната кредитна поддршка


Анализирано на годишна основа, вкупните депозити бележат раст од 6,8 отсто, како резултат на растот на депозитите на двата сектора, со поголем придонес на секторот домаќинства. На годишна основа, вкупните кредити се повисоки за 6,6 отсто, поради зголемено кредитирање кај двата сектора, со поизразен придонес на кредитите на секторот домаќинства. ‒ Во март 2023 година, […]

Завршни зборови за случајот „Тендери“


Во Основниот кривичен суд Скопје со давање на завршни зборови денеска продолжи судењето за случајот „Тендери“, против поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска. Канческа Милевска е првообвинета во предметот „Тендери“ во врска со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, како дека од проектот „Скопје 2014“. Според […]

Балет за Нуреев отстранет од репертоарот на Бољшој – промовирал ЛГБТ стил на живот


Москва – Московскиот Бољшој театар го отстрани од својот репертоар современиот балет за легендарниот руски танчер Рудолф Нуреев, по проширувањето на законската забрана за „ЛГБТ пропаганда“. Законот усвоен во ноември ја прошири постоечката забрана за материјали кои се сметаат за промовирање на ЛГБТ начин на живот, а „демонстрирањето“ на ЛГБТ однесување е исто така ограничено. […]

Министерот Лога разговараше за правата на Македонците во Бугарија со Стојко Стојков


  Министерот за правда, Кренар Лога, оствари средба со Стојко Стојков, копретседател на здружението ОМО Илинден – Пирин, на која беше информиран за статусот и правата на Македонците во Бугарија, соопшти Министерството за правда. Стојков изрази благодарност до Лога за неговиот интерес за правата на Македонците во Бугарија и посочи дека тој е првиот министер […]

Започна заедничката операција со ФРОНТЕКС


 Горди сме како нација, што Договорот со ФРОНТЕКС е прв потпишан со Европската унија на македонски јазик, без додавки, фусноти и ѕвездички, што е доказ за заштита на македонскиот јазик и македонскиот идентитет и со овој документ тие се поставени на европско рамниште, заедно со сите други јазици и идентитети на земјите членки на ЕУ. […]

Голем интерес во Виена за уникатната ко­лек­ци­ја­ на МСУ : Со уметност до солидарност (фото)


Пред повеќе десетици претставници на австриските медиуми, денеска се одржа конференција за печат во Кунстхале Виена, по повод вечерашното отворање на изложбата „Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ Скопје”/„No Feeling is Final. The Skopje Solidarity Collection“ со дела од вредната и уникатна колекција на Музејот на современата уметност – Скопје. Концептот на […]

Општина Свети Николе нема сметководител, а има комунално претпријатие само со еден вработен – директор


Државниот завод за ревизија констатира дека во Општина Свети Николе нема сметководител, па финансиските трансакции не се извршуваат соодветно. Исто така, констатира дека не е ликвидирано старото комунално претпријатие „Единство“, а новото функционира со еден вработен кој е на позицијата директор. Со извршената ревизија на финансиските извештаи за 2021 година, заедно со ревизија на усогласеност […]

Секој четврти во Германија не е – Германец


Речиси секој четврти човек кој живее во Германија има имигрантско потекло – или родено во друга земја или директен потомок на луѓе родени во друга земја, објави германската Федерална статистичка служба, јави ДПА. Тоа е 20,2 милиони луѓе или 24,3 отсто од населението, соопшти службата. Според нивна дефиниција за лице со имигрантско потекло, во оваа […]

Донација од 218.000 евра од Словенија за дигитализација на Државниот архив


  Во Министерството за економија, туризам и спорт на Република Словенија, денеска е потпишан Договор за донација од 218.000 евра наменети за реализација на процесот на дигитализација на историските документи и архивските материјали во Државниот архив на Македонија. Овој процес не е само потребен за нивна трајна заштита и трајно зачувување, туку и за нивна […]

Се санира плочникот на плоштад и на улица „Македонија“


Екипи на јавното претпријатие „Улици и патишта“ по налог на Град Скопје интензивно работат на санација на плочникот на улица „Македонија“ на потегот од крстосницата со улица „Димитрија Чуповски“ до крстосницата со улица „Даме Груев“ во центарот на градот. Од претпријатието соопштија дека во тек е санацијата на плочникот од книжарата „Култура“ до улица „11 […]

Уште не се откриваат трговците кои не ги почитуваат владините мерки, ќе се знаеле наскоро


Во координација сме со органите на прогонот и инспекциите за три до четири дена ќе информираат, што ќе се случи со трговците на овошје и зеленчук кои не ја почитувале мерката донесена од Владата за да се обезбедат 70 проценти од потребите за домашниот пазар, потенцираше на денешната прес-конференција министерот за економија Крешник Бектеши во […]

Шукова: Животната средина треба да влезе во образовните програми


Во делот на образовниот процес темите за животната средина програмски треба да бидат повеќе вклучени, за ова прашање треба да отвориме дебата, да се консултираме со ресорите кои работат на ова прашање, секако и со Министерството за образование и наука, истакна денеска министерката за животна средина Каја Шукова. Министерката на денешниот настан „Инвестираме во знаење […]

„Патот на Кобра до ѕвездите“- снимен документарец за Дарко Панчев


В понеделник (24 април) во хотел „Александар палас“  во Скопје , ќе биде промовиран документарецот  „Патот на Кобра до ѕвездите“ за патот до успехот на Дарко Панчев, македонската гордост и нашата најголема фудбалска ѕвезда. Промоцијата е под генерално покровителство на Универзитетот Скопје, филмот е соорганизација и копродукција на Спорт клуб телевизија, Спортско радио 90,3 и […]

Владата ќе дава субвенции за ПВЦ прозорци, сончеви колектори и за фотонапонски централи во домаќинствата


Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција во Владата информираше за четири јавни повици кои ги објави Министерството за економија од Програмите за поддршка на енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија. „Министерството за економија почнувајќи од 2007 година успешно ја спроведува Програмата за промоција на обновливите извори на енергија и поттикнување на енергетската […]

Корупцијата го јаде македонското општество, вели Спасовски


 Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на прес-конференција рече дека треба да се зајакне борбата протиб корупцијата на секое ниво во општеството. -Во однос на борбата против корупцијата, мојот став е дека треба да се зајакне борбата против корупцијата и тоа на секое ниво од високо до ниско. Корупцијата е таа која што практично […]

„Кајмак“ на Манчевски од 27 април во кината низ Србија


Новиот филм на Милчо Манчевски „Кајмак“ од 27 април ја започнува својата редовна кино дистрибуција во кината во Белград и низ Србија. Добитникот на Златниот лав и кандидат за Оскар, Милчо Манчевски се враќа во кинатасо уште еден филм кој провоцира и шокира, објави белградска „Политика“. Проекциите на филмот „Кајмак“ ќе се одржат во Салата […]

Секое дете родено во Албанија, веднаш ќе добие државјанство


  Албанската Влада подготви одредени измени во законот за државјанство со кои се овозможува странците да се стекнат со албанско државјанство.  Со една од измените албанско државјанство можат веднаш да добијат деца на странци родени во ова земја доколку за тоа согласност дадат двајцата родители или законски старател, односно ќе го добиват без да чекаат […]

Неаполски мафијаши тврдат дека убиле погрешен човек – на семејството му нудат пари и стан


  Членови на неаполската мафија контактирале со родителите на 26-годишниот маж кој наводно бил убиен по грешка и неговото тело растворено во киселина. За да им ја надоместат штетата им понудиле исплата од 60.000 евра и стан вреден 120.000 евра, пишува Тајмс. Понудата е замисла на Салваторе Камарота и Карло Напи, двајца мафијаши на возраст […]

Зошто беше разрешен командантот на руската Пацифичка флота?


  Командантот на руската Пацифичка флота, адмирал Сергеј Авакјанц, беше разрешен помалку од една недела по ненадејната проверка на подготвеноста, во која беа вклучени стратешки подморници вооружени со нуклеарни проектили. Авакјанц, кој ја водеше флотата повеќе од 10 години, беше префрлен на нова позиција – шеф на штабот задолжен за центрите за воена спортска обука […]

Мирисот на нов автомобил може да предизвика рак


Пекинг– Кинески научници открија дека мирисот на нов автомобил може да предизвика смртоносни болести, како, на пр., рак. Истражувањето траело 12 дена, при што испитуван бил неименуван хибриден теренец чија внатрешност била исполнета со елементи од пластика, вештачка кожа и ткаенина. Според стручњаците, таа комбинација произведува опасни материи, вклучувајќи и бензен и формалдехид, коишто можат да […]