„Патот на Кобра до ѕвездите“- снимен документарец за Дарко Панчев


В понеделник (24 април) во хотел „Александар палас“  во Скопје , ќе биде промовиран документарецот  „Патот на Кобра до ѕвездите“ за патот до успехот на Дарко Панчев, македонската гордост и нашата најголема фудбалска ѕвезда.

Промоцијата е под генерално покровителство на Универзитетот Скопје, филмот е соорганизација и копродукција на Спорт клуб телевизија, Спортско радио 90,3 и Спорт нетворк продукција.