Поранешниот НБА играч Фелтон Спенсер почина на 55 години


– Поранешниот НБА играч Фелтон Спенсер почина на 55-годишна возраст. Центарот помина вкупно 12 сезони во НБА-лигата со Јута, Голден Стејт, Њујорк, Орландо и Сан Антонио. Спенсер беше избран како шести пик на драфтот во НБА во 1990 година. Фелтон имаше просек од 5,2 поени и 5,4 скока во текот на неговата НБА кариера.

Отворен повик за автори за едномесечен престој во некоја од земјите во регионот


Регионалниот проект Регионална мрежа за културна разновидност (РЕАД) финансиран од ЕУ, објавува повик за резиденцијален престој каде автори од Северна Македонија, Турција, Србија, Косово, Албанија имаат можност да престојуваат во некоја од овие земји. Целта е на авторите да им се даде можност дa ја запознаат литературната, уметничката и културната сцена во регионот и со […]

Економско-социјалниот совет треба да донесе одлука за висината на минималната плата


Економско-социјалниот совет се очекува денеска да одржи седница на која треба да донесе одлука за висината на минималната плата. Министерската за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во изјава за МИА дадена во петокот обелодени дека седницата ќе се одржи денеска и на неа ќе се разговара за минималната плата. – Одлуката за висината на […]

Одбележување на Денот на Специјалната антитерористичка единица ТИГАР


Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска ќе биде одбележан Денот на формирањето на Специјалната антитерористичка единица – ТИГАР. На настанот ќе се обратат премиерот Димитар Ковачевски, министерот за внатрешни работи Оливер Сапсовски и командантот на САЕ ТИГАР, Драган Прокоповски. Тие воедно ќе положат цвеќе и ќе оддадат почит на спомен плочата на загинатите припадници на […]

Лондон најави пет милијарди фунти нови инвестиции во одбраната


Британскиот премиер Риши Сунак најави дека во контекст на „новите закани од Русија и Кина“ Обединетото Кралство ќе инвестира дополнителни пет милијарди фунти (5,6 милијарди евра) во својата одбрана. Според владино соопштение, дополнителните пет милијарди фунти ќе му бидат доделени на Министерството за одбрана во следните две години. Идејата е „да се обноват и зголеми […]

Германија: Поради штрајк откажани стотици летови


Стотици летови се откажани денеска на неколку германски аеродроми поради штрајк на вработените, јави ДПА. Агенцијата посочува дека патниците преку аеродромите Берлин-Бранденбург, како и преку Хамбург, Хановер и Бремен во северна Германија, треба да бидат подготвени за значителни доцнења и откажани летови поради штрајкот. Во штрајкот, организиран од синдикатот Верди, учествуваат вработените од обезбедувањето и […]

Северна Кореја од подморница лансираше крстосувачки ракети


Северна Кореја изврши тестирање, при што истрела две стратешки крстосувачки ракети од подморница, објави државната новинска агенција КЦНА. Зборот „стратешки“ обично се користи за опишување на оружје што има нуклеарна способност. КЦНА соопшти дека стратешки крстосувачки ракети биле истрелани од подморницата „8.24 Ионгунг“ во водите крај источниот брег во раните утрински часови. Ракетите поминале околу […]

Пенс: Историјата ќе го повика Доналд Трамп на одговорност


Поранешниот потпретседел на САД Мајк Пенс повторно го критикуваше својот поранешен шеф, претседателот Доналд Трамп, a во врска со нападот на Капитолот на 6 јануари 2021 година.  -Историјата ќе го повика Доналд Трамп на одговорност, изјави тој викендов за време на собир на политичарите и медиумските првенци во Вашингтон.  -Туристите не повредуваат 140 полицајци кога […]

Собранието ќе одржи две последователни седници


Собранието денеска ќе ги одржи продолженијата на 51-та и 71-та седница. Во рамки на 51-та седница треба да се гласа за Предлог законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, во прво читање. На дневниот ред на седницата се уште три законски решенија во прво читање. Во рамки на 71-та седница, пак, треба да се […]

Саем за вработување и кариера на Техничкиот кампус на УКИМ


Саем за вработување и кариера – Job Fair во организација на Бордот на европски студенти по технологија – Скопје (БЕСТ) од денеска до петок ќе се одржи на Техничкиот кампус на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје. На 18-тото издание на манифестацијата ќе се претстават 90-тина компании кај кои студентите можат да се […]

Студено утро, преку ден претежно сончево


Времето денеска наутро ќе биде студено, а преку ден претежно сончево. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 17 степени. Во Скопје ќе биде сончево и тивко со максимална температура до 14 степени. Нов влажен бран со врнежи од дожд ќе има в среда, кои на […]

Ноќ на Оскарите: Седум статуетки за „Сѐ во исто време“, Фрејзер и Јео најдобри актери


  Еден од фаворитите на годинашното доделување на најзначајните филмски награди, филмот „Се во исто време“ си замина дома со не еден, не со два, туку со седум Оскари! Оваа интересна научно фантастична семејна драма ги освои наградите за најдобар филм, најдобра женска улога, најдобра режија, најдобра филмска монтажа, најдобро оригинално сценарио, најдобра споредна женска […]

И владата во Бугарија ќе ги замрзнува цените на храната


  Техничката влада на Бугарија подготвува плафон за означувањето на супермаркетите и продавниците за меѓу 50 и 100 стоки од малата потрошувачка кошничка. Првично, владата ќе води преговори со самите малопродажни синџири за доброволно воведување на овој плафон, доколку нема договор, ограничувањето ќе биде пропишано со регулатива. Тоа го најави во неделата вицепремиерот Христо Алексиев. […]

Индија одлучи да ги почитува санкциите против Русија


  Индија нема да ги прекрши западните санкции против Русија, вклучувајќи го и плафонот на цената на руската нафта од 60 долари. Според извори на Блумберг, властите во земјата веќе неформално побарале од банките и трговците да се придржуваат до ограничувањата. Како дел од министерскиот состанок на Г-20 во Делхи, индиските власти разговараа за ова […]

Трагедија во Германија: Загинаа четворица членови на фудбалски клуб


Во страшна сообраќајна несреќа, која се случи во близина на Карлсруе, загинаа пет лица, а четворица од нив се членови на локалниот нисколигаш Алеманија Еггенштајн. Меѓу загинатите има двајца фудбалери, физиотерапевт и поранешен фудбалер, сите на возраст меѓу 25 и 29 години. „Алеманија Еггенштајн е длабоко тажен поради загубата на своите активни фудбалери Дени Цимерер […]

Ковачевски: Евреите се и денес составен дел од градењето еднакво општество за сите


 За да осигураме иднина за генерациите после нашата, сите денес мора да покажеме дека сме извлекле поуки од минатото, а тоа ќе го направиме само ако застанеме одлучно против екстремни националистички и популистички идеологии кои водат кон фанатизам. Индиферентноста кон екстремизмот е соучесништво, порача премиерот Димитар Ковачевски на комеморативниот настан во Националната опера и балет […]

Израел: Половина милион луѓе протестираа против судските реформи на Нетанјаху


  Половина милион Израелци излегоа на улиците во десеттата последователна недела протести против плановите на владата на Бенјамин Нетанјаху да го промени судскиот систем на земјата, тврдат организаторите. Израел има население од нешто повеќе од 9 милиони, па ако проценките на организаторите се точни, околу 5% од Израелците излегоа да го изразат своето противење на […]

Втор пораз за македонските ракометари од Португалија во квалификациите за Еуро 2024


Македонската ракометна репрезентација вечерва загуби на гостувањето кај Португалија во натпревар од 4. коло Група-1 во квалификациите за Европското првенство 2024. Домаќините победија со 32:27 и уште еднаш покажаа дека во моментов се поквалитетна репрезентација. Во четвртокот во Скопје, Португалија славеше со 29:23. На вечерашниот натпревар во Порто најефикасен во македонскиот национален тим беше Филип […]

Бектеши: Четири до пет компании ги диктираат цените на лебот во Скопје


Во Градот Скопје во делот на производство на леб, четири, максимум пет компании се здружени и утврдуваат цени по кои дистрибуираат и продаваат леб во големите супермаркети, смета министерот за економија Крешник Бектеши. Вели дека тоа е негов личен став и ја повикува Комисијата за заштита на конкуренцијата да го испита случајот. Во внатрешноста на […]

(Видео) Концерт за комеморација на 80 години од Холокаустот на македонските Евреи „11 март 1943 – Никогаш повеќе”


Одбележувањето на 80 години од Холокаустот на македонските Евреи „11 март 1943 – Никогаш повеќе” се заокружува со комеморативен концерт во Национална опера и балет (НОБ) кој почнува во 20 часот. На вечерниот комеморативен настан ќе се обрати претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски. На комеморативен настан ќе се обратат и претседателот на […]