Само 194 лица од Македонија ќе гласаат на изборите во Бугарија


Бугарското Mинистерство за надворешни работи на својата официјална страна објави дека на престојните предвремени парламетарни избори во Бугарија, од Македонија ќе гласаат 169 Бугари. На официјалната страна на бугарското МНР, објавени се списоците со лица кои се пријавиле да гласаат во Македонија.   Во Скопје се пријавени 15 лица, во Битола 9, во Кавадарци 42, во Прилеп […]

Топ-25 листа најпривлечни туристички знаменитости во Европа


 Списанието „Травел & лејжр“ (Travel & Leisure), со мрежа од стотици објавувачи и фотографи ширум светот, редовно на своите читатели им овозможува увид во најдобрите места за туризам, престој, јадења, истражување… На топ-листите, покриени се големи и мали градови, докажани дестинации, плажи и езера, планини и долини, национални паркови, можности за крстарења, врвни гастрономски искуства. […]

Принцот Хари може да ја загуби американската виза


САД– Признанието на британскиот принц Хари дека во минатото користел дрога, може да ја загрози неговата американска виза и престојот во САД, тврди американскиот адвокат и поранешен федерален обвинител Неама Рахмани. Како што пишува „Дејли мејл“ (Daily Mail), принцот во своите Мемоари признава дека земал кокаин, марихуана и халуциногени печурки. Конзервативната тинк-тенк фондација „Херитиџ“ од Вашингтон […]

Овие хороскопски знаци се привлекуваат како магнет: Дознајте дали припаѓате на овие страствени комбинации


Иако се сметаат за спротивни, овие хороскопски знаци добро се сложуваат во врските и нивните разлики се темел на силна врска. Ако сте вие од тие знаци што го прашуваат потенцијалниот партнер кој е нивниот хороскопски знак, веројатно веќе знаете дека постојат некои знаци кои се сосема спротивни. Сепак, постојат знаци кои, и покрај нивните […]

Први протести во Франција по законските измени за пензиските реформи


 Француските синдикати, кои од јануари организираат протести против пензиската реформа, за денеска најавија нови протести и тоа ќе бидат први по неодамнешното усвојување на Законот за пензиски реформи. Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин изјави дека дополнителни 12.000 полицајци и жандарми ќе бидат распоредени низ целата земја, од кои 5.000 ќе бидат во Париз. […]

ТД „Енергија Центар“ од вчера регистрирано во Централниот регистар


Општина Центар вчера во Централниот регистар го регистрираше трговското друштво за производство и продажба на електрична енергија од обновливи извори „Енергија Центар“ и со тоа општината и официјално го доби второто општинско јавно претпријатие. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски му се заблагодари и на помошник директорот за финансии на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, […]

(Во живо) Годишна конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа


 Народната банка денеска и утре ќе биде домаќин на годишниот форум на Виенската иницијатива, еден од најголемите настани во регионот од областа на финансиите. Настанот се одржува во Скопје, а поздравни обраќања ќе имаат гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска и гувернерот на Хрватска Народна банка Борис Вујчиќ. Настанот првпат се организира во Република Северна Македонија […]

Атина денеска без такси превоз


Атина денеска е без такси превоз поради 24-часовниот штрајк на таксистите организиран од нивниот синдикат за проблемите во конкретниот сектор. Од синдикатот на такси возачите велат дека Владата ги игнорира нивните барања и е рамнодушна кон главните проблеми со кои се соочуваат. Штрајкот започна во 6 часот утрово и ќе заврши утре, исто така во […]

„Студентски отпор“ повикува да се исполнат нивните барања


Движењето „Студентски отпор“ бара средба со министерот за образование и наука и нивни претставници да бидат вклучени во работните тела кои донесуваат одлуки во интерес на студентите.   Во соопштение до медиумите „Студентски отпор“ искажува незадоволство од  институциите и, како што наведува, „нивниот игнорантски, незаинтересиран однос кон студентите, кој континуирано се зголемува низ годините, а […]

Ова е најголемиот изум на човештвото. Ќе нѐ погоди како торнадо, а ние не сме подготвени


За само неколку месеци, системот за вештачка интелигенција ChatGPT донесе вистинска револуција – дава совети, пишува и лекторира текстови, помага при поправки на автомобили и многу повеќе. Познатиот американски есеист и повеќекратен добитник на Пулицерова награда Томас Лорен Фридман во својата најнова колумна за „Њујорк Тајмс“ се обиде да објасни што тоа може да значи […]

Бербок: Не смееме да ги изневериме Македонките и Македонците


Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок, која денеска ќе престојува во посета на Северна Македонија, пред пристигнувањето во Скопје порача дека очекува широка поддршка во парламентот за уставните измени и тргање настрана на партиските интереси.  Бербок Скопје ќе има средби со државниот врв и опозицијата во обид да им даде поттик на уставните измени […]

23 март во историјата – Почина иконата на Холивуд, Елизабет Тејлор


  На 23 март 2011 година, актерката Елизабет Тејлор, која се појави во повеќе од 50 филмови, освои две награди Оскар и беше синоним за холивудски гламур, почина од компликации од конгестивна срцева слабост во болница во Лос Анџелес на 79-годишна возраст. Тејлор, која беше позната по нејзините виолетови очи, ја започна актерската кариера како […]

ВМРО-Чесна, СДСМ-Патриотска и ДУИ-Огнена во погон


Од она што денес се случува на партиската сцена во Македонија може да се претпостави дека на следните парламентарни избори, кога и да бидат, трите стожерни партии, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ, ќе добијат своја внатрешна конкуренција. Покрај битката со СДСМ и Левица, ВМРО-ДПМНЕ веројатно дека ќе треба да води битка и против партија што би […]

Македонските фудбалери ја пречекуваат Малта во првиот натпревар од квалификациите за Еуро 2024


Македонската фудбалска репрезентација е домаќин на Малта во првиот натпревар од новиот квалификациски циклус. „Црвено-жолтите“ на овој дуел влегуваат како фаворити и се надеваат на три бода на стартот во квалификациите за Еуро 2024. Капитенот Стефан Ристовски посакува победа за зголемувањето на самодовербата пред средбите со посилните репрезентации. – Се работи за една од потешките […]

Нов Зеланд почнува кампања за утеха на млади со скршено срце


Нов Зеланд почна кампања за да им помогне на младите во земјата да ги надминат болните раскинувања, охрабрувајќи ги оние со скршено срце да се помират со тоа и да ги блокираат своите поранешни партнери/партнерки на социјалните мрежи. Владината кампања „Love Better“ нуди совети и поддршка кога љубовта ќе заврши, а ќе биде прикажана во […]

На американскиот Самит за демократија ќе учествуваат 120 лидери


САД – Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден испрати покани до 120 светски лидери за вториот Самит на демократијата, што е закажан за следната недела. Неименуван претставник на американската администрација изјави дека поканети се и претставници од осум земји кои не беа на првиот Самит на Белата куќа во 2021 година. Босна и Херцеговина, Гамбија, Хондурас, Брегот на Слоновата Коска, Лихтенштајн, […]

Земјотрес во Албанија


Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала синоќа ја погоди Албанија. Епицентарот е регистриран на длабочина од пет километри, на 95 километри од градот Елбасан. Земјотресот бил почувствуван низ државата три часа по полноќ. Засега нема информации за евентуална материјална штета.

50 години од постоењето на Лекторатот по македонски јазик во Париз


 Лекторатот по македонски јазик во Париз, кој е најстар и постои 50 години, денеска ќе го одбележи јубилејот со меѓународен симпозиум на престижниот Национален институт за ориентални јазици и цивилизации (ИНАЛКО) во француската престолнина. Како што соопшти Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (МСМЈЛК при УКИМ), на симпозиумот ќе […]

Најскапиот дворец во светот се наоѓа во Лондон, чини 285 милиони евра


Англија – Замокот „Холм“ во Лондон, Велика Британија, е ставен на продажба. Се нуди за 250 милиони фунти, т.е. речиси 285 милиони евра, што го прави најскапиот имот во светот. Дворецот се наоѓа во Риџентс Парк – еден од осумте кралски паркови во англиската престолнина. Ако замокот се продаде по оваа цена, тоа ќе биде најпрофитабилниот […]

Самит на ЕУ посветен на Украина


Белгија – Претседателот на Советот на Европска Унија, Шарл Мишел испрати писмо до лидерите на земјите-членки на ЕУ, во кое ги покани на Самитот закажан за денеска и утре во Брисел. Мишел преку писмо ги информира лидерите на ЕУ дека главна тема на разговор денеска ќе биде Украина. Самитот ќе почне на работен ручек со генералниот […]