Најбрзиот пат кон ЕУ напредокот во реформите, повици за вклученост во процесите од сите партии


Пристапувањето во Европската унија мора да биде процес во кој има согласност меѓу сите политички партии, и од власта и од опозицијата, а најбрзиот пат кон Унијата се напредок во реформите, уставните измени се суверена одлука на државата, порачуваат претставниците на ЕУ. Од Владата, пак, порака дека одговорност за овозможување продолжување на пристапниот процес има […]

Детска балетска претстава Петар Пан во НОБ


Во Националната опера и балет на 31 март премиерно ќе биде изведена детската балетска претстава Петар Пан во режија и кореографија на Ирена Лозинска. Детали за претставата ќе бидат соопштени денеска на прес-конференција. Сценариото и сонговите за претставата ги напиша Ристо Самарџиев, визуелната магија е доловена преку костимите на Елена Вангеловска и сценографијата на Љупчо […]

Отворање на изложбата „Современа скулптура“ на ДЛУМ


Изложба „Современа скулптура“ на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ) вечер ќе биде отворена во Уметничкиот центар „Арт Хаб“. Изложбата е дел од програмските активности и е можност за групно претставување на поновите истражувања и идеи за современата скулптура. Како што соопшти ДЛУМ, уметниците истражуваат и експериментираат низ формата и изразот, а нивните креативни […]

Неделата на франкофонски филм ја отвора романскиот „Радио Метроном“


Со прикажувањето на романскиот филм „Радио Метроном“ (2022), на режисерот Александру Белк, вечер во Кинотеката на Северна Македонија, во рамките на месецот на Франкофонијата, почнува Неделата на франкофонски филм.  Манифестацијата е во организација на амбасадите на Франција, Романија, Швајцарија, Белгија и  Луксембург, како и на Францускиот институт во Скопје, Романскиот културен институт и Валони-Брисел Интернационал […]

УЕФА ја демантира Унгарија и се закани со санкции


Франција– УЕФА експресно ги демантираше тврдењата на Унгарската фудбалска федерација дека дала дозвола за користење навивачки знамиња со карта на „Голема Унгарија“ и притоа се закани со можни санкции. „На наше изненадување, во медиумите пронајдовме информација дека УЕФА дозволила користење на такво знаме или транспарент на своите натпревари. За да избегнеме какви и да е несогласувања, […]

Форум на жени лидери од Југоисточна Европа за добро владеење и антикорупција


Настан за промоција на Форум на жени лидери од Југоисточна Европа за добро владеење и антикорупција, инициран од вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, и поддржан од UN WOMEN, RAI и UNODC ќе се одржи денеска во Скопје. Како што информираат од Владата, целта на форумот е да се создаде регионална мрежа […]

„Иднината на времето, климата и водата низ генерациите“ во фокус на Светскиот метеоролошки ден


Иднината на времето, климата и водата низ генерациите е темата на годинашниот Светски ден на метеорологијата што се одржува за време на 150-годишнината на Светската метеоролошка организација и ги истакнува минатите достигнувања, сегашниот напредок и идниот потенцијал на метеоролошките сервиси. Свеченоста по повод Светскиот ден на водите – 22 март и Светскиот метеоролошки ден – […]

Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер


Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 23 март 2023 година,  82-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 283 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 33 минути, а ќе зајде во 17 часот и 49 минути. Денов трае 12 часа и 16 минути. Месечината која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во 6 часот и 29 минути, а […]

Почна Рамазан, светиот месец на постот во исламот


Рамазан, светиот исламски месец на постот, започна синоќа, поради што муслиманите ќе се воздржуваат од храна и пиење од изгрејсонце до зајдисонце во следните 30 дена. Верниците  ќе се молат во одредено време за нивно физичко и душевно прочистување, ќе го читаат Куранот и ќе донираат средства во добротворни цели, а членовите на семејството и пријателите ќе […]

Американската централна банка повторно ја зголеми каматата и покрај банкарските превирања


Американската централна банка повторно ги зголеми каматните стапки, и покрај стравувањата дека овој потег би можел да придонесе за финансиски превирања по серијата неодамнешни неуспеси на банките. Банката на федерални резерви ја зголеми основната стапка за 0,25 отсто, јавува Би-Би-Си ФЕД ги зголемува трошоците за задолжување во обид да ја забави економијата и да го […]

„Иван Михајлов“ е избришан од списокот на Централен регистар


  Одлуката на министерот за правда за бришење на клубот „Иван Михајлов“ стигна до Централниот регистар и тој е веќе избришан од списокот на здруженија. Оваа одлука на Централниот регистар доаѓа откако министерот за правда Кренар Лога минатата недела го одби како неосновано барањето на бугарското здружение во Битола за употреба на името Иван Михајлов […]

Зеленски: Украина ќе возврати на сите напади од Москва


Украина ќе возврати на сите руски напади, изјави вечерва украинскиот претседател Володимир Зеленски. Изјавата доаѓа откако најмалку седум лица загинаа во напад со руски дрон во регионот на Киев и откако станбена зграда во градот Запорожје беше погодена од руски проектил. – Одлучно ќе одговориме на сите напади на окупаторите врз нашите градови (..) Сите […]

Без струја утре дел од општините Ѓорче Петров и Илинден


Без електрична енергија утре ќе останат дел од општините Ѓорче Петров и Илинден. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи Град Скопје,  утре во периодот од 10:30 до 15:15 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од ул.„Воин Драшкоци“, „Лихнида“, а можно е и дел од корисниците на ул. „Александар Мартулков“ и […]

Зградата на МНР осветлена во боите на германското знаме по повод утрешната посета на Аналена Бербок


По повод утрешната посета на министерката за надворешни работи на Сојузна Република Германија Аналена Бербок на Република Северна Македонија, зградата на Министерството за надворешни работи вечерва е осветлена во боите на германското знаме. -Германија продолжува да биде еден од најсилните промотори на европската интеграција на регионот, стои во објавата на официјалната фејсбук страница на МНР. […]

Бразил: Рации и апсења на членови на група која планирала атентати и киднапирања на владини функционери


 Бразилската полиција изврши рација во неколку сојузни држави за да разбие криминална група обвинета за планирање атентати и киднапирање на државни функционери, вклучително и сенатор кој, како поранешен судија, го водеше најпознатиот случај за корупција. Околу 120 полицајци претресоа 24 локации и уапсија 11 лица во четири држави, соопштија властите. Полицијата наведе дека меѓу целите […]

Утре без вода дел од ул. „Митрополит Тедосиј Гологанов“ и бул.„Свети Климент Охридски“


Поради промена на против пожарен хидрант ф 80 мм на улица „Митрополит Тедосиј Гологанов“ бб, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од „Митрополит Тедосиј Гологанов“ и дел од булевар „Свети Климент Охридски“. Прекинот со водоснабдувањето, како што информират од ЈП Водовод и Kанализација-Скопје, ќе биде од 9:00 часот до завршување со активностите. 

Блинкен: Кина внимателно следи како светот реагира на војната во Украина


Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека Кина многу внимателно набљудува како Вашингтон и светот реагираат на руската инвазија на Украина, чие влијание, како што рече, се чувствува во Азија. Зборувајќи по посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг на Москва, Блинкен нагласи дека доколку на Русија и се дозволи неказнето да го нападне својот […]

Новото откритие покажува дека животот пристигнал на Земјата од вселената


Научниците за прв пат открија еден од клучните градежни блокови на молекулата на РНК во примероците земени од астероидот Рјугу. Новото откритие укажува на можноста дека градежните блокови неопходни за потеклото на животот пристигнале на нашата планета од вселената и дека рудиментирани форми на живот би можеле да постојат на друго место во Сончевиот систем. […]

Косово воведе санкции за групата Вагнер


Косово – Владата на Косово ја дополни одлуката за санкции против руската платеничка група Вагнер во согласност со одлуката на Соединетите Американски Држави кои ја означија како „транснационална криминална организација“ поради тоа што до почетокот на војната во Украина дејствуваше како инструмент на руската моќ во десетици земји. Косовскиот вицепремиер Бесник Бислими изјави дека санкциите […]