Првите британски тенкови „Челинџер“ пристигнаа во Украина


Првите британски тенкови „Челинџер“ пристигнаа во Украина за да помогнат во спротивставувањето на руската инвазија, соопшти синоќа украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников. Резников кажа дека во украинските единици веќе се распоредени „британски Челинџер, американските Страјкер и Пума и германските Мардери“. Министерот на својата Фејсбук страница објави фотографии од овие возила, без да прецизира кога […]

Бајден: Насилството со огнено оружје ја „кине душата на нацијата“


Американскиот претседател Џо Бајден го нарече пукањето во училиште во Нешвил „одвратно“, велејќи дека насилството со огнено оружје ја „кине душата“ на САД. – Тоа е одвратно. Тоа ја кине душата на нашата нација, рече тој, ја пофали брзата акција на полицијата и повторно го повика Конгресот да го забрани автоматското оружје. Бајден не одржа […]

Ким Џонг Ун повика на зголемување на севернокорејскиот нуклеарен арсенал


Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун повика да се зголеми производството на нуклеарни материјали за да се зголеми нуклеарниот арсенал на земјата, велејќи дека Пјонгјанг треба да биде целосно подготвен да го користи оружјето во секое време Ким повика на зголемено производство на нуклеарен арсенал за време на инспекцијата на програмата за нуклеарно оружје на земјата каде што е тестирана […]

СБ на ОН ја отфрли руско-кинеската резолуција за комисиска истрага за експолозијата на Северен тек


Советот за безбедност на Обединетите нации синоќа не ја прифати руско-кинеската резолуција за формирање комисија која ќе ја истражува диверзијата на гасоводите „Северен тек“. Резолуцијата беше поддржана од три членки на Советот за безбедност, никој не беше против, а 12 земји беа воздржани, јави Тасс. За усвојување на резолуцијата беше неопходна поддршка од девет членки […]

Одбележување на 16 години од основањето на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип


 По повод 16 години од своето основање, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип денеска организира серија настани посветени на годишнината. Одбележувањето ќе започне во 11:00 часот со отворање на новите простории на Правната клиника при Правниот факултет, на кое, меѓу останатите, ќе присуствуваат и претставничката на Програмска канцеларија на Совет на Европа во Скопје, Ирена Цуцулоска […]

Неформален министерски состанок на САД – Јадранската Повелба


Во рамки на претседавањето на земјава со Иницијативата „САД – Јадранска Повелба“ (А5) денеска во Скопје ќе се одржи неформален состанок на министрите за надворешни работи на А5. Како што соопшти МНР, состанокот во својство на претседавач ќе го води министерот за надворешни работи Бујар Османи, а на него ќе учествуваат шефови на дипломатиите и […]

Прв јавен состанок на АВМУ за 2023 година


Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска во своите простории ќе го одржи првиот јавен состанок за 2023 година, на кој ќе биде презентиран извештајот за реализираните активности во првиот квартал од оваа година. Како што соопштуваат од АВМУ, на состанокот ќе бидат претставени и наодите од Aнализите на родовите прашања и начинот […]

Денеска во Скопје посебен сообраќаен режим поради посетата на австрискиот претседател и најавен протест


 МВР информира дека денеска и утре во Скопје ќе има посебен режим на сообраќајот поради посетата на австрискиот претседател Александер Ван Дер Белен. Покрај тоа, за денеска во Скопје е најавен посебен сообраќаен режим и поради одржување на мирен протест, со почеток во 12.00 часот на булевар „Илинден“. – Министерството за внатрешни работи ја информира […]

Седница за пратенички прашања во Собранието


Во Собранието денеска ќе се одржи седница за пратенички прашања. Седница за пратенички прашања се одржуваат секој последен четврток во месецот, но овој пат таа е закажана за денеска на барање на Владата. Почетокот на денешната седница е закажан за 11:00. Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на ОБСЕ во 11:30 часот ќе има средна […]

За вооружениот напад врз Топ чанел приведени две лица


Албанската полиција приведе две лица, за кои основано се сомнева дека се поврзани со вооружениот напад врз зградата на телевизијата Топ чанел во Тирана, во кој беше убиен 60-годишниот Пал Кола, лице од обезбедувањето. Двајцата се приведени во Валона, но се жители на Скадар. -Истрагата продолжува во врска со осомничените кои би можеле да бидат […]

Променливо облачно и студено со северен ветер


Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со засилен до силен ветер од северен правец, кој локално ќе достигне и над 80 километри на час. Во утринските часови во југозападните делови ќе има слаби врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места во текот на денот ќе провејува слаб снег. Максималната температура […]

Комисијата за употреба на историските имиња ќе решава за бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“


Комисијата за употреба на историските имиња денеска треба да одржи седница и да изготви извештај во врска со бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, по што министерот за правда Кренар Лога ќе треба да донесе соодветно решение. Согласно Законот за здруженија и фондации, што беше донесен по скратена постапка во ноември 2022, бугарските клубови се обврзани […]

Бензинците сè попопуларни во Германија


Возачите во Германија покажуваат зголемен интерес за купување автомобили со бензински мотори, и покрај притисокот на еколошките активисти за возила со нула емисија, покажа едно ново истражување. Во истражувањето на Forsa нарачано од Targobank, 30 отсто од возачите изјавиле дека би купиле автомобил со бензински мотор, според истражувањето објавено во неделата. Во минатогодишното истражување нивниот […]

„Дизни“ ќе отпушти 7.000 вработени, објави извршниот директор Боб Ајгер


  Извршниот директор на „Дизни“, Боб Ајгер, во понеделникот рече дека неговата компанија ќе започне со отпуштање на персоналот почнувајќи од оваа недела, прва од трите рунди очекувани намалувања по неговата најава во февруари дека компанијата ќе укине 7.000 работни места. Кратењата на глобалната работна сила на „Дизни“ се дел од иницијативата за намалување на […]

Мајмуните загрозени од туристите


Долку покрај полето со манго, покрај реката и земјените патишта, градот Носара зазема прекрасен дел до пацифичкиот брег на Костарика. На север, утрината, илјадници младенчиња на морски желки се пробиваат низ песокта и одат кон океанот. Џунглата е полна со различни животни, а најгласни се мајмуните врекачи. Нивниот глас може да се слушне и на […]

Нетанјаху ги одложува судските реформи со цел да се постигне широк консензус


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва изјави дека ќе ја одложи својата клучна судска реформа до следната парламентарна седница. „Воден од желбата да се спречи поделбата на нацијата, решив да го одложам второто и третото читање (на предлог-законот) за да може да се постигне широк консензус“, рече Нетанјаху во телевизиско обраќање. На обраќањето на Нетанјаху му […]

Жена уби шест лица во Нешвил, меѓу кои три деца


Осомниченото лице кое денеска изутринава отвори оган во приватно христијанско училиште во Нешвил е мртво, соопштија официјални лица од овој град во Тенеси.  Како што објави Њујорк тајмс денеска, тешко вооружена жена на возраст од 28 години, убила шест лица, вклучувајќи три деца. Таа потоа била убиена од полицијата. Тоа го потврди полицијата на Метро […]

Долината Латербрунен во Швајцарија, позната по водопадите


  Долината Лаутербрунен, во превод значи „многу извори“, а името го добила по бројните извори и водопади. Се наоѓа околу седумдесет километри југоисточно од Берн. Оваа долина е една од најубавите во Европа. Долината Лаутербрунен има 72 водопади и истоимено село, а стана дел од Светското наследство на УНЕСКО во 2001 година. Во селото Лаутербрунен, […]

Околу 300.000 бегалци од Украина остануваат во Чешка


 Во Чешка, која од почетокот на војната во Украина привремено прими 502.000 бегалци од таа земја погодена од војна, останаа помалку од 300.000 Украинци, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. Чешката Република на бегалците им одобри визи и привремено засолниште, по што некои Украинци се вратија во татковината, додека некои заминаа во други земји. Чешкиот […]

МЗШВ предупредува: Следат ниски температури – заштитете ги овошните насади


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Управата за хидрометеоролошки работи ги информираат земјоделците дека во наредните денови 29 и 30 март (среда и четврток) земјата ќе биде зафатена од ниски температури под нулата. Минималните температури на 29 март ќе изнесуваат -5 степени во Крива Паланка, -4 во Ресен и Битола, -3 во Прилеп и […]