Мајмуните загрозени од туристите


Долку покрај полето со манго, покрај реката и земјените патишта, градот Носара зазема прекрасен дел до пацифичкиот брег на Костарика. На север, утрината, илјадници младенчиња на морски желки се пробиваат низ песокта и одат кон океанот. Џунглата е полна со различни животни, а најгласни се мајмуните врекачи. Нивниот глас може да се слушне и на оддалеченост од 5 км.

Но, џунглата на Костарика, повеќе не е мирно прибежиште за нив, пишува „Дејли бист“.
Имено, странските богаташи интензивно почнаа да купуваат земјиште во таа држава и со градење на инфраструктурата го загрозуваат опстанокот на мајмуните. Според извештајот од 2020 година во Костарика од струја убиени се 7.154 животни. Од неа умираат и мајмуните, најчесто поради струен удар од низолираните далноводи, но за нив се кобни и нападите на кучињата и сообраќајните незгоди.

Мајмуните страдаат од струјни удари

Вики Коан, основач на локално засолниште за животни, наведува дека тешко е да се процени колку мајмуни умираат годишно. Објаснува дека секоја смрт на мајмун за неа претставува голема болка. Кога луѓето доаѓаат во засолништетот ги прашува исто: „Дали некогаш сте допреле мал штекер, доживеале шок и дали сте вреснале? Можете ли да замислите дека додека го држите штекерот кожата ви се топи од коските?“.

Неодамна, вели, добила повик во врска со мајмун кого го удрила струја. Раката му била во пламен, а потоа паднал од далноводот. Пред повеќе од 30 години, кога прв пат дошла во Носара, ситуацијата била потполно поинаква.
Тогаш возев со автомобилот и слушнав врескање. Сопрев и се каќив на покривот на колата и ги видов мајмуните врекачи, најгласни меѓу сите животни на планетата. Ова место беше небрусен дијамант, беше неверојатно. Имавте недопрена песочна плажа долга седум километри и џунгла, вели таа.

Туристите ја открија Носара и ја уништија

„Њујорк тајмс“ во 2012 година го стави градот на листата дестинации кои задолжително треба да се посетат и потоа туризмот експлодира. Вниманието на странците ги донесе повеќе од потребните пари, но и големи недостатоци. Цените на наем пораснаа и за домашните и за странските туристи, а многумина кои дојдоа имаат вкус за луксуз. Со нивнте високи стаклени прозодци во домовите кои ги изградија за да уживаат во џунглата и со силните светла навечер, ги нарушуваат ноќните ловци и им го прекинуваат сонот на животните.

Новите жители на градот во меѓувреме исекоа илегално многу стебла. Со тоа мајмуните стануваат поранливи, но и без лисјето кое го конзумираат во огромни количини. Сега мора да одат на друго место да се нахранат. Ако се движат по патот, жрртви се на сообраќајки или се нападнати од други животни.

Не е само струјата проблем

Од министерството за околина и енергија на Костарика наведуваат дека се обидуваат да го решат проблемот со струјата и да воспостават работни групи кои ќе се занимаваат со тоа.

Ветеринарот Франциско Санчез Мулиљо вели дека 80 до 85 отсто од мајмуните кои се под струен удар угинуваат на маесто. Од оние кои стигнуваат до центарот за спасување, третина им подлегнуваат на повредите.

„Понекогаш остануваат со нас со месеци, а потоа угинуваат“, вели тој. Понекогаш, која мајмунот ќе го стресе струја, неговото семејству му пријдува и тоа завршува со поголема трагедија. Се случува алфа мажјак да биде убиен од струја, па ќе дојде друг мажјак кој ќе ги убие младите.

Целата ситуација би се решила ако се стават жиците под земја, но тоа е скапо. Затоа предлага изолација на жиците и поставување „мајмунски мостови“, каде би можеле безбедно да поминуваат.

За сопственичката на засолништето за животни, вилите во Носара претставуваат деструктивен облик на негрижа.

„Луѓето ги привлекува ова место заради својата рустикална мирнотија, а сепак брзо го менуваат. Тие не сфаќаат дека не може да го земете она што сте го оставиле во градот за да уживате во овдешната убавина и природа. Не се носи со себе тоа, остави го тоа во градот“, заклучува Коан.