Долината Латербрунен во Швајцарија, позната по водопадите


 

Долината Лаутербрунен, во превод значи „многу извори“, а името го добила по бројните извори и водопади.

Се наоѓа околу седумдесет километри југоисточно од Берн. Оваа долина е една од најубавите во Европа.

Долината Лаутербрунен има 72 водопади и истоимено село, а стана дел од Светското наследство на УНЕСКО во 2001 година.

Во селото Лаутербрунен, кое е обележано со куќи типични за таква клима и опкружено со швајцарските Алпи и карпи, се наоѓа еден од највисоките водопади во Европа. Водопадот Стабауч што е висок 300 метри. До водопадот се стигнува пеш, а навечер водопадот е осветлен.

Трите најпознати планини на оваа област се Ајгер, Монх и Јунгфрау.