Знамињата во НАТО на половина копје поради земјотресот во Турција


Знамињата во седиштето на НАТО се спуштени на половина копје во знак на солидарност со Турција поради катастрофалниот земјотрес во земјата. Знамињата на 30-те сојузнички земји пред седиштето на НАТО во Брисел до утре вечер ќе бидат спуштени на половина копје, во знак на солидарност со Турција и турскиот народ. Постојаното турско претставништво во НАТО […]

Протест за парното во Автокоманда


Граѓани од населбата Автокоманда денеска повторно излегоа на улица за да изразат незадоволство од новиот начин на снадбување со топлинска енергија. Негодуваат дека не биле навремено известени за промените на договорите, ниту пак им бил даден избор да одлучат дали сакаат да се греат под новите услови. Жителите на Автокоманда велат дека немаат греење после […]

Чајот од кромид е одличен против кашлица, добар за синусите: Еве дали е подобро да го консумирате суров или термички обработен


Чај од кромид е народен лек кој се користи против кашлица, како и за инхалација на синусите. Овој чај помага при подвижноста на слузокожата, го раствора слузот и секретот, а особено важни материи во црниот кромид се алицинот и кверцетинот. Според некои истражувања, кверцетинот помага во лекувањето на алергии и астма, е моќен антиоксиданс и […]

Жените земјоделки добиваат платено породилно


На денешната седница, Владата донесе историска одлука со која се усвои предлог-програма за обезбедување на социјална сигурност за жените кои вршат земјоделска дејност. Со оваа програма, за прв пат се решава правото на користење на надоместок за мајчинство за жените земјоделки, за време на спреченост на вршење на земјоделската дејност поради раѓање, кое право не […]

Лажни се дојавите за бомби во 47 училишта во Скопје


Лажни се заканите за наводно поставени експлозивни направи во училишта во Скопје, завршија сите потребни проверки, информира вечерва Министерството за внатрешни работи. Оттаму посочуваат дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 38 основни и девет средни училишта во Скопје по добиените пораки на електронски адреси со закана за поставена експлозивна […]

На демонстрациите против пензиските реформи во Франција учествуваа 757.000 луѓе


Вкупно 757.000 луѓе демонстрираа денеска во Франција против пензиската реформа, според проценките на полицијата, додека синдикатот ЦГТ проценува дека речиси два милиони луѓе излегле на улиците. Ова се трети демонстрации против пензиските реформи во Франција. На денешните демонстрации во Париз, според француското МВР, имало 57.000, а според синдикатот 400.000 луѓе, исто како и на првиот […]

Швајцарија инсталираше 5.000 соларни панели на највисоката брана во Европа


Како дел од проектот AlpinSolar, успешно беа поставени 5.000 соларни панели на браната лоцирана на езерото Мутзее во Швајцарија. Браната се наоѓа на 2.500 метри надморска височина, што значи дека е највисока во Европа. Производството на енергија веќе започна. Со проекти како AlpinSolar, кој беше создаден со инвестиции на три компании, Швајцарија ја започна својата […]

Поранешен лондонски полицаец осуден на доживотен затвор за десетици силувања


Дејвид Карик, еден од најголемите сексуални предатори во поновата британска историја, кој 20 години работел во лондонската полиција, денеска е осуден на доживотен затвор за десетици силувања и сексуална злоупотреба на дванаесет жени. – Ги искористивте жените на ужасен начин, рече судијката Боби Чима-Граб додека ја читаше пресудата со која заврши случајот што ја влоши […]

„Лидл“ ќе вработи 2.000 лица во БиХ и ќе има продавници во секој град со повеќе од 30.000 жители


Во следните неколку години продажните капацитети на познатиот синџир маркети „Лидл“ ќе бидат присутни во градовите и општините во Босна и Херцеговина кои имаат повеќе од 30.000 жители, било соопштено на средбата на претставници на компанијата со министерот за надворешна трговија и економски односи на БиХ, Сташа Кошарац. Веќе се спроведуваат  подготвителните работи за изградба […]

Владата утврди предлог-закон за обложувалниците да бидат подалеку од 500 м од училишта


Владата, на денешната седница, го утврди  Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, предложен од Министерството за финансии. Со цел заштита на младата популација измените и дополнувањата се предлага деловните простории, односно уплатно-исплатните места во кои се приредуваат игрите на среќа да бидат на оддалеченост […]

Италијански сеизмолог: Земјотресот ја помести Турција за три метри


Претседателот на италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија, Карло Дољони изјави дека движењето на тектонските плочи го предизвикало земјотресот во Турција и ја поместил територијата на таа земја за три метри. „Она што ние го нарекуваме Арапска плоча се помести за три метри во правец североисток-југозапад во однос на анадолската плоча“, рече Долјони, додавајќи дека има […]

„Боинг“ укинува околу 2.000 работни места


  Американскиот авијациски гигант „Боинг“ потврди дека оваа година ќе укине околу 2.000 работни места во секторите за финансии и човечки ресурси преку комбинација на отпуштања и програма за поттикнување на промена на работните места. „Боинг“ минатата година објави дека ќе укине околу 150 работни места во финансискиот сектор за да ја рационализира својата корпоративна […]

Вработена во Здравствен дом издала ковид-сертификат на невакцинирано лице


СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.А.(37) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. – Пријавената, како службено лице, вработена во Здравствен дом Гостивар, на лице што не било вакцинирано му издала Ковид сертификати за извршена вакцинација, соопшти МВР.

Гази Баба ќе испрати 500.000 денари помош на Турција и Сирија


Попладнево се оддржа седница на Советот на општина Гази Баба по иницијатива на градоначалникот Бобан Стефковски на која беше донесена Одлука за определување на финансиска помош за настраданото население во Турција и Сирија. За седницата, градоначалникот Стефковски објави на својата официјална страна на фејсбук на која напиша: – 500.000 денари финансиска помош за настраданото население […]

Скопјанка нападнала полицајци по спортски натпревар


Синоќа биле приведени две лица по спортски натпревар во салата „Јане Сандански“. – На 06.02.2023 во 22.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода М.С.(50) и 19-годишната С.С., двајцата од Скопје, информира МВР. По завршување на спортски натпревар во салата „Јане Сандански“, М.С. се однесувал агресивно кон полициски службеници, а С.С. физички […]

Девојче во Турција спасено по 20 часа: „Каде е мајка ми?“


  Седумгодишното девојче  во правливи пижами беше извадено од урнатините во Хатај, на границата на Турција со Сирија по повеќе од 20 часа хорор. „Каде е мајка ми? -му рекла на спасувачот кој ја зел во раце. Лошото време го отежнува спасувањето и ја прави уште поогорчена судбината на преживеаните кои треперат во шатори или импровизирани […]

Награда од 10 отсто на плата за полицајците кои беа ангажирани за чествувањето на роденденот на Гоце Делчев


    Сите полициски службеници кои во саботата се погрижија за достојно чествување на 151 година од раѓањето на великанот Гоце Делчев, ќе бидат наградени со додаток за работна успешност во висина од 10 проценти од основната компонента на платата на работникот, за што средствата се обезбедени во Буџетот на МВР, објави министерот за внатрешни […]

Забранета и „Нова газета“, нема кој да известува во Русија


Градскиот суд во Москва денеска ја потврди пресудата за одземање на лиценцата на независниот весник „Нова газета“, што со години наназад го критикуваше Кремљ. „Нова газета“ беше најпознатиот независен весник во Русија се додека властите минатата година не го наредија неговото затворање како дел од акцијата против дисидентите. Московскиот градски суд денеска ја отфрли жалбата […]

Нови масовни протести и штрајкови ширум Франција заради пензиската реформа


  Десетици илјади демонстранти денеска повторно протестираа низ Франција поради најавената реформа на пензискиот систем, а новите штрајкови предизвикаа нарушувања во работата на јавниот транспорт и училиштата и снабдувањето со струја, нафта и гас. Третиот бран демонстрации против пензиските реформи се случи еден ден откако членовите на францускиот Парламент почнаа да расправаат за законот со […]

Ѓоргиевска: Со поврзување на жените научнички во општеството, до синергија и нивна поголема застапеност


На иницијатива на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, а по повод Меѓународниот ден на жените и девојките научнички, денеска се одржа панел дискусија во просториите на Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ во рамки на Факултетот за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ при УКИМ. Обраќајќи се пред присутните, сопругата на претседателот изрази задоволство […]