„Боинг“ укинува околу 2.000 работни места


 

Американскиот авијациски гигант „Боинг“ потврди дека оваа година ќе укине околу 2.000 работни места во секторите за финансии и човечки ресурси преку комбинација на отпуштања и програма за поттикнување на промена на работните места.

„Боинг“ минатата година објави дека ќе укине околу 150 работни места во финансискиот сектор за да ја рационализира својата корпоративна структура и да фокусира повеќе ресурси на производството и развојот на производите.

Во јануари најавија дека ќе вработат 10.000 работници до крајот на оваа година, по 15.000 нови вработени во 2022 година, но и укинуваат некои работни места во одделот за поддршка на корисници.

Компанијата го потврди извештајот на „Сиетл Тајмс“ дека очекува „да укине околу 2.000 работни места оваа година, првенствено во финансиите и човечките ресурси, преку комбинација на отпуштања и поттикнати доброволни заминувања“.

Тие, исто така, потврдија дека приближно една третина од тие работни места ќе му бидат оставени на подизведувачот, индиската „Тата консалтинг сервисис“ и додадоа дека продолжуваат со процесот на „поедноставување на корпоративната структура“.