Во Нов Зеланд запленети 3,2 тони кокаин кој пловел низ Пацификот


Австралија – Властите на Нов Зеланд денеска соопштија дека заплениле 3,2 тони кокаин, проценет на 279,5 милиони евра, кој пловел преку Пацификот, најверојатно наменет за Австралија. На фотографија објавена од полицијата на Нов Зеланд се гледаат пакети со дрога кои пливаат во океанот, прикачени на сплавови пред заплената. „Ова е една од најголемите заплени на […]

Почина легендарниот хрватски тренер Ќиро Блажевиќ


Хрват – На ден пред својот 88 роденден почина Мирослав Ќиро Блажевиќ, легендарниот хрватски тренер. Блажевиќ беше прогласен за „тренер на векот“ на Динамо, клуб на кој по 24 години му ја донесе шампионската титула во 1982. Својата блескава тренерска кариера Блажевиќ ја започна во Швајцарија, во нисколигашот Вевеј, потоа го презеде Сион со кој […]

Ново дополнето издание на книгата „Крсте Петков Мисирков – македонскиот меѓник“ на Свето Стаменов


 Во чест на 70-годишнината од формирањето на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје и 120-годишнината од излегувањето на македонската „златна“ книга „За македонцките работи“ на Крсте Петков Мисирков, утре  во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ ќе биде одржана промоција на книгата „Крсте Петков Мисирков – македонскиот меѓник“ (прво и второ […]

На Попова Шапка -17 степени и половина метар снег


На Попова Шапка утрово се измерени -17 степени Целзиусови, во Берово -15, Крушево -14, Маврово -12, Битола и Тетово -11, во Скопје и Охрид -9, а -3 во Гевгелија. На Шапка има и најмногу снег 49 сантиметри, во Маворово снежната покривка е 18 сантиметри, а во Крушево четири, информира УХМР. Во текот на ноќта времето […]

8 февруари во историјата – Мери, кралицата на Шкотите, е погубена со сечење на главата


  По 19 години затвор, Мери, шкотската кралица е обезглавена во замокот Фотерингхеј во Англија на 8 февруари 1587 поради нејзиното соучесништво во заговор за убиство на кралицата Елизабета Прва. Во 1542 година, кога имаше само шест дена, Мери беше поставена на шкотскиот престол по смртта на нејзиниот татко, кралот Џејмс V. Нејзината мајка ја […]

Леброн Џејмс стана најдобар стрелец во историјата на НБА


САД – Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс се запиша во историјата на НБА-лигата како најефикасен играч. Триесет и осумгодишниот Американец постигна 36 поени на натпреварот со Оклахома одигран изутринава во Лос Анџелес. Леброн сега има 38.388 поени на своето конто. Тој го собори рекордот на Карим Абдул-Џабар од 38.387 поени во текот на неговата кариера. […]

Сообраќајот тековно и без застои


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено […]

Трамп за говорот на Бајден: Не води до работ на Трета светска војна


САД–  Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изнесе салва од напади врз претседателот Џо Бајден, остро осудувајќи го неговото обраќање за состојбата на нацијата. Додека салата во Претставничкиот дом полека се празнеше, тимот на Трамп објави на Твитер претходно снимено видео од неговиот „одговор“ за состојбата на нацијата. Трамп го обвини Бајден дека „не доведе до работ […]

Без струја делови од повеќе скопски општини, без вода дел од Карпош


Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, врз основа на добиените информации од ЕВН Македонија и ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска поради технички интервенции во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Сопиште, Бутел, Сарај, Кисела Вода, Аеродром и Петровец. Од 11 часот до 12 часот […]

Министерот Сали во посета на Универзитетските клиники за хируршки болести и за неврологија


Министерот за здравство Беким Сали денеска ќе ги посети Универзитетската клиника за хируршки болести „Св.Наум Охридски“ и Универзитетската клиника за неврологија.   Како што соопштија од Министерството за здравство, посетата на министерот Сали е по повод обезбедена нова медицинска опрема со поддршка од Светска банка.

Бајден во говорот до нацијата повика на единство во остро поделениот Конгрес и вети поддршка за Украина колку што и ќе и биде потребна


САД– Американскиот претседател Џо Бајден во својот редовен годишен говор за состојбата во нацијата ноќеска повика на единство во остро поделениот Конгрес, го пофали зголемувањето на работните места, а ги допре и темите за војната во Украина и стратешката конкуренција со Кина. На големиот годишен говор за општата политика, во кој секој американски претседател ја […]

Сончево и студено


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -4, а максималната ќе достигне од -2 до 7 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен […]

НОБ со балетот „Госпоѓиците од Авињон” во Пловдив


Во Домот на културата „Борис Христов” во Пловдив, Република Бугарија, синоќа гостуваше Националната опера и балет на Република Северна Македонија со балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон”.   На почеток на настанот беше оддадена почит на жртвите на катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.   Балетската претстава е инспирирана од истоименото сликарско дело на Пабло Пикасо, […]

Денови на канадската литература


Издавачката куќа Феникс во соработка со Канадската амбасада од денеска до 15 февруари организира „Денови на канадската литература“.   Како што е најавено, на денешното свечено отворање на манифестацијата во Друштвото на писателите на Македонија, ќе присуствуваат високи претставници од Канада и Канадската амбасада, како и претставници од повеќе македонски издавачки куќи. Притоа, ќе бидат претставени […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 8 февруари 2023 година, 39-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 326 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 39 минути, а ќе зајде во 16 часот и 57 минути. Денов трае 10 часа и 17 минути. Месечината која е во фаза на полна Месечина, нема да изгрее […]

Украина тврди дека последните 24 часа биле најсмртоносните за руските сили


Украина денеска соопшти дека последните 24 часа биле најсмртоносните за руските сили од почетокот на руската инвазија минатиот февруари. Официјален Киев тврди дека во текот на ноќта биле убиени 1.030 руски војници. Светските агенции нагласуваат дека наводите на украинската страна не можат да се потврдат од независни извори. Во исто време, Русија исто така тврди […]

Бројот на загинати во Турција и Сирија надмина 7.200, повеќе од 35.000 луѓе се повредени


Бројот на загинати во земјотресите што ги погодија Турција и Сирија сега изнесува 7.266, јави Скај Њуз пренесувајќи го најновиот биланс. Турскиот министер за здравство Фахретин Коџа изјави дека само во Турција починале 5.434 лица. Тој информира дека во Турција се повредени најмалку 31.777 лица. Во Сирија, најмалку 3.849 лица се повредени од кои најмалку […]

Салман Ружди за „Њујоркер“: Среќен сум што преживеав


САД- Благодарен сум и среќен што го преживеав нападот, вели славниот ирански писател Салман Ружди во првото интервју по нападот на 12 август лани во Њујорк, кога на сцена за време на предавање беше прободен од еден маж. Денеска излезе неговиот нов роман „Градот на победата“ , а Ружди на Твитер ја објави првата фотографија […]

Витаминот Бе1 е важен за нашиот организам, каде го има најмногу?


Тиамин (витамин Бе1) е есенцијален нутриент којшто на сите ткива во нашето тело им е потребен за правилно функционирање. Витамин Бе1 е првиот витамин од Бе комплекс којшто научно е откриен. Поради тоа неговото име го носи бројот 1. Како и другите витамини Бе, тиаминот е растворлив во вода и му помага на телото да […]

Во Турција и Сирија се копа и со голи раце во потрага по преживеани


  Тимовите за пребарување и помошта влегоа во Турција и Сирија во вторникот додека спасувачите работеа на ниски температури и понекогаш со голи раце копаа низ остатоците од зградите срамнети со земја од силниот земјотрес. Бројот на загинати се искачи над 7.200 и се очекуваше да се зголеми. Но, бидејќи штетите се шират на широк […]