Грција испраќа во Турција пет авиони со хуманитарна помош


 Пет авиони со хуманитарна помош испраќа Грција до Турција преку Европскиот механизам за цивилна заштита, по силниот земјотрес што ја погоди земјата во понеделникот, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.  Хуманитарната помош содржи здравствен и медицински материјал, како и 7.500 ќебиња, 1.500 кревети и 500 шатори. Ќе биде испратена со пет лета на грчката авиокомпанија „Ејџиан […]

Бил Гејтс во врска со Пола Херд, вдовицата на извршниот директор на Оракл


САД– Бил Гејтс е во врска. Ко-основачот на Мајкрософт (67) се забавува со Пола Херд, вдовица на Марк Херд, извршен директор на софтверската компанија Оракл и некогашен шеф на Хјулит-Пакард, кој почина во 2019 година. „Нашироко е познато дека Бил Гејтс и Пола Херд се во врска, но таа сè уште не ги запознала неговите […]

Македонските војници помагаат во Турција


Македонски војници веќе два дена помагаат во спасување жртви на силниот земјотрес што погоди делови од Турција и Сирија. „Македонските армиски припадници на теренот ја искажуваат својата одлучност и обученост професионално да ја извршат задачата и да го употребат целиот свој максимум во пронаоѓање на настраданите и на секој можен начин да помогнат на граѓаните […]

ЕУ ќе организира донаторска конференција за Сирија и Турција во март


Белгија- Европската унија на почетокот на март ќе организира донаторска конференција на која ќе собере меѓународни средства за помош на Турција и Сирија, погодени од катастрофалниот земјотрес, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. „Водиме трка со времето за заедно да спасиме животи (…) Турција и Сирија можат да сметаат на ЕУ“, напиша […]

Овој скопски локал нуди бесплатно кафе за сите кои ќе донираат


Бифе Тафталиџе со искрен и навистина хуман потег. За да ги мотивираат скопјани да донираат за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија, нудат бесплатно кафе.  -Од утре, па до сабота важи ова правило: Бројот е 143-400 (Телеком и А1). Повикот е 100ден. Доѓаш, пиеш Лаваца кафе во Бифе или напред, на тераса, праќаш СМС […]

Ноќна средба на Мицкоски и Гаши


ТВ Клан објави дека синоќа во Собранието имало средба меѓу претседателите на ВМРО-ДПМНЕ и Алтернатива, Христијан Мицкоски и Африм Гаши. Додека Гаши ја потврди средбата и наведе дека е разговарано за актуелната политичка состојба и евро-интеграциите, Мицкоски во изјава за Клан тврдеше дека станува збор за куртоазно поздравување на сретнување во собраниските ходници. Мицкоски беше […]

Закана за поставена бомба на Софискиот аеродром, се евакуираат патниците


 На аеродромот во Софија се спроведува специјална полициска акција поради сигнал за поставена бомба, јавија софиските медиуми. Од патниците и посетителите на двата терминала е побарано веднаш да излезат надвор од зградите и да го чекаат крајот на полициската акција. Закана за поставена бомба на тој аеродром е добиена утрово околу 8:30 по локално време. 

Цела држава под нулата, најсудено во Берово и на Шапка -16 степени


Најстудено утрово е во Берово и на Попова Шапка со -16 степени, во Маврово се измерени -13, во Битола и Скопје -12, Штип и Крушево -11, Припеп и Струмица -10, Охрид -7 и во Гевегелија и Дојран -5 степени. Најмногу снег има на Попова Шаопка 46 сантиметри, во Маврово 18, а четири во Крушево. Во […]

Над 16.000 загинати: Размерите на катастрофата во Турција и во Сирија сѐ поголеми


Ниските температури ја продлабочија трагедијата за преживеаните од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија во кој загинаа најмалку 16.000 луѓе, додека спасувачите се тркаа да спасат безброј луѓе кои се уште се заробени под урнатините. Бројот на загинати од земјотресот со јачина од 7,8 степени на 6 февруари се очекува нагло да се зголеми, бидејќи […]

Џон Клиз снима продолжение на „Фаличен пансион“


Англија– Британскиот комичар Џон Клиз планира да сними нова сезона од неговата позната хумористична серија „Фаличен пансион“ (Fawlty Towers), којашто пред неколку години Британcкиот филмски институт ја прогласи за најдобра домашна ТВ-серија во историјата. Глумецот и сценарист за таа цел ќе се здружи со ќерка сѝ Камила Клиз, која ќе помогне во пишувањето на сценариото, но […]

ФБИ и партнерите предупредуваат на глобалната криза со сексуално изнудување, загрозени малолетници


ФБИ и агенциите за спроведување на законот на четири други држави, сојузници на САД, алармираат поради драматичното зголемување на таканаречените шеми за „сексуална изнуда“ насочени кон малолетници во апликации за игри и други дигитални платформи, оценувајќи дека тоа стана глобална криза.  Шемите за сексуално изнудување, во кои жртвите се принудени да испраќаат експлицитни фотографии и […]

Властите го одблокираа Твитер во Турција


Турција – Пристапот на Твитер во Турција денеска се нормализира, откако корисниците пријавија дека не можат да пристапат на страницата за социјално вмрежување по смртоносниот земјотрес во понеделникот, соопшти компанијата за мониторинг на интернет Нетблокс, пренесе Си-Ен-Ен. „Обновувањето доаѓа откако турските власти одржаа состанок со Твитер за да ја потсетат компанијата на нејзините обврски во […]

ИЕА: Временските услови ќе ја одредат иднината на пазарот на електрична енергија


Франција- Понудата и побарувачката на електрична енергија во иднина се повеќе ќе зависат од временските услови, што значи дека електроенергетските системи мора да бидат пофлексибилни, а мрежите поотпорни, предупреди Меѓународната агенција за енергија (ИЕА). Сушата и топлотните бранови во Европа, Индија и Кина ја поттикнаа зголемената употреба на климатизери минатото лето, а почетокот на зимата […]

Пентагон: Четири кинески шпионски балони забележани претходно над САД


САД– Министерството за одбрана на САД соопшти дека четири кинески „шпионски балони“ претходно биле регистрирани над САД и летале над локации од интерес за Кина, без да спомене дали летале и над американските воени бази. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен синоќа, на прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека САД споделиле информации […]

9 февруари во историјата – Украина потпиша мировен договор со Централните сили


  Првиот мировен договор од Првата светска војна е потпишан кога новопрогласената независна држава Украина официјално се договори со Централните сили во 2 часот по полноќ во Берлин, Германија, на 9 февруари 1918 година. Во договорот, Централните сили, во кои беа вклучени владите на Австро-Унгарија, Бугарија, Германија и Турција, формално ја признаа независноста на Украина […]

Сообраќајот тековно и без застои


 Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено […]

Кино концерт на Европскиот креативен оркестар на ФАМЕ’С и диригентот Оливие Дежур


Европскиот креативен оркестар при институтот ФАМЕ’С предводен од францускиот диригент Оливие Дежур, вечер во Скопје, ќе одржи кино концерт со почеток од 19 часот во Кинотеката. Како што најавуваат оеганизаторите, овој проект е дел од третиот семинар на институтот ФАМЕ’С наменет за млади музичари од различни европски земји и од Северна Македонија, во чии рамки […]

Наутро многу студено, преку денот сончево со мала облачност


Денеска нè очекува сoнчево, но студено време, особено во утринските часови. Ќе дува слаб ветер главно од источен правец, а можна е мала облачност во текот на денот, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Минималните температури во земјава ќе се движат во интервал од -6 до -15 степени Целзиусови, а максималните ќе бидат од -4 […]

Филхармонија ќе ги донира парите од „Гајрет“ за настраданите во земјотресот во Турција


Парите од продадените билети за концертот „Гајрет“ кој ќе се одржи в четврток (9 февруари) во 20 часот со солисти од Македонија, Турција и Либан , ќе бидат донирани како помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес во Турција, објави Филхармонија. На концертотот насловен „Гајрет“ на кој како солисти ќе настапат македонската перкусионистка Мојца Седеу и […]

ЕС ќе расправа за поддршката за Украина, заштитата на надворешните граници, миграцијата и инфлацијата


Белгија-   Европскиот совет денеска ќе одржи вонреден состанок, а се очекува да се разговара за поддршката за Украина, заштитата на надворешните граници и миграцијата, мерките за контрола на инфлацијата. На средбата се очекува да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Минатата година Зеленски учествуваше шестпати на состаноците на Европскиот совет преку видео конференција. Шефовите на […]