Без струја делови од Петровец, Студеничани, Бутел и Карпош, вода нема да има во дел од Центар


Без струја денеска ќе бидат повеќе места во општините Петровец, Студеничани, Бутел и Карпош, додека вода ќе нема на неколку улици во Центар, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.  Во период од 14 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од Катлановска Бања (општина Петровец), а во период од 08:30 до 14 […]

Конгресот ги укина барањата за вакцинација против Ковид за странските патници


САД-  Претставничкиот дом на САД гласаше за укинување на условот повеќето странски патници кои пристигнуваат во државата со авион да бидат вакцинирани против Ковид-19, едно од ретките преостанати пандемични ограничувања за патување што се уште е во сила. Гласањето беше 227 против 201, при што седум демократи во Конгресот им се придружија на републиканците во […]

Се очекува формализирање на проширената владина коалиција


 Финишираат преговорите за проширување на владината мнозинство. Извршниот одбор и Централниот одбор на СДСМ денеска ќе одржат седници, на кои се очекува претседателот на партијата и премиер Димитар Ковачевски да го презентира исходот од разговорите со Алијанса за Албанците за приклучување кон владејачката коалиција, како и понудата до актуелниот коалициски партнер Алтернатива со чиј лидер […]

Макрон и Зеленски ќе патуваат заедно на самитот на ЕУ во Брисел


Франција –   Францускиот претседател Емануел Макрон и неговиот украински колега Володимир Зеленски ќе одат заедно денеска од Париз на самитот на шефови на држави и влади на ЕУ во Брисел, соопшти Елисејската палата. Двајцата лидери ќе го напуштат Париз, околу 08:30 часот и се очекува да пристигнат во Брисел во 10:00 часот. Украинскиот претседател, кој […]

Ковачевски во посета на компанијата „Бионика Фармацеутикалс“


Премиерот Димитар Ковачевски  денеска ќе ја посети компанијата Варус дооел експорт – импорт  „Бионика Фармацеутикалс“ во Скопје.   Ковачевски ќе биде придружуван од  вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби и министерот за економија, Крешник Бектеши.    По завршувањето на обиколката предвидени се изјави за медиуми.

Бројот на загинати во земјотресот во Турција и во Сирија се искачи над 15.000


Турција –   Бројот на загинати во катастрофалниот земјотрес што во понеделникот ја погоди Турција и Сирија се искачи на најмалку 15.383, соопштија  турските и сириските власти. Турската агенција за вонредни ситуации соопшти дека бројот на жртви во Турција се зголемил за повеќе од 3.000 за неколку часа и сега изнесува 12.391. Вкупниот број на загинати во Сирија […]

Земјотрес од 4,2 степени предизвика паника во Либан


  Земјотрес со јачина од 4,2 степени вечерва предизвика паника во источните и северните делови на Либан, при што жителите во некои области ги напуштија своите домови и истрчаа на улиците. Либанскиот Национален центар за геофизика соопшти дека земјотресот се случил во 20:58 часот по локално време на околу пет километри од градот Хермел, недалеку од сириската граница. Засега […]

Со 600-те милиони евра од еврообврзницата ќе се плаќаат стари долгови


Република Северна Македонија денес ја издаде деветтата еврообврзница во вредност од 600 милиони евра, која ќе се искористи исклучиво за финансирање на обврските по основ на стари долгови, кои доспеваат за отплата годинава, соопштија од Министерството за финансии. По основ на главница и камата, за сервисирање на стари долгови кон надворешни кредитори, годинава треба да […]

Дубаи ќе добие хотел во облик на Месечината


Компанијата со седиште во канада планира да изгради четири месечеви ресорти, а првиот е наменет за Дубаи. Раплика на Месечината висока 222 метри, ќе содржи секакви погодности кои се очекуваат од луксузно летувалиште. Проектот е вреден пет милијарди долари, а ќе вклучува и искуство на лунарна колонија и површина на Месечината, наменето за доведување на […]

Средношколци од Кавадарци престојуваат во Грција во рамки на Ерасмус + проект


Средношколци од Кавадарци престојуваат во Грција во рамки на Ерасмус + проект, информираа вечерва од Средното земјоделско-шумарско училиште „Ѓорче Петров“.    – Се работи за уште еден, нов проект од оваа програма, 10 наши ученици и четири професори се во повеќедневна посета на Атина, во соседна Грција. Проектните активности се насловени „Одржливо земјоделство и шумарство“, […]

Автобус удри во градинка во Канада, загинаа две деца


Градски автобус денеска удри во градинка во канадскиот град Лавал, северно од Монтреал, при што загинаа две деца. Шест деца завршија во болница. Возачот на автобусот (51) е уапсен и обвинет за убиство и возење во пијана состојба. Полицијата сè уште утврдува зошто возачот на автобусот удрил во градинката. Градоначалникот на Лавал, Стефан Бојер, рече […]

„Гугл“ автоматски ќе ги цензурира експлицитните фотографии


  „Гугл“ на денот за посигурен интернет претстави нови функции дизајнирани токму со таа цел, односно посигурен интернет. Во наредните месеци „Гугл“ ќе ги цензурира експлицитни фотографии во резултатите од пребарувањето за сите корисници и тоа по дифолт, дури и ако немаат вклучен SafeSearch, функција за филтрирање која веќе е автоматска за корисници помлади од […]

Со туѓа картичка си плаќал во хотели и ресторани за Нова година, потрошил 2.556 евра


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Е.С.(34) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „издавање чек без покритие и злоупотреба на платежна картичка“. Во периодот од 30.12.2022 до 04.01.2023, пријавениот злоупотребил платежна картичка на едно лице и во неколку наврати од различни локации извршил плаќања во угостителски […]

Катарски инвеститори го купуваат Манчестер јунајтед


Понуда во износ од околу четири милијарди евра подготвуваат група инвеститори од Катар за да го купат премиерлигашот Манчестер јунајтед, кој од 2005 година е во сопственост на американското семејство Глејзер. Како што јавуваат британските медиуми, катарската понуда ќе пристигне на адреса на клубот од „Олд Трафорд“ во следните денови. Семејството Глејзер во ноември лани најави дека ќе го продаде […]

Лажни сите денешни дојави за бомби во училишта, трговски центри и објекти во Скопје


  Министерството за внатрешни работи вечерва  соопшти дека се лажни сите пријави за подметнати експлозивни направи кои денеска пристигнаа на електронските адреси на 16 училишта, неколку трговски центри и други објекти во Скопје.  -Во 19.10 часот завршија сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 16 средни училишта и пет други објекти во Скопје […]

Трговијата меѓу САД и Кина во 2022 година ги собори сите рекорди


Надворешно трговската размена меѓу Соединетите Американски Држави и Кина достигна рекордна сума минатата година и покрај заладувањето на односите меѓу двете земји. Споменатите земји од 2018 година се во некаква трговска војна, која започна со одлуката на Трамп да воведе царини за одредени производи од Кина, на што со иста мерка одговори и најголемата азиска […]

Околу 300.000 луѓе во Сирија мораа да ги напуштат своите домови по земјотресот


Повеќе од 298.000 луѓе во Сирија мораа да ги напуштат своите домови по разорниот земјотрес, изјави денес министерот за локална администрација и животна средина Хусеин Махлуф, пренесоа државните медиуми. Тој рече дека бројот на жртвите од земјотресот досега се искачи на 1.262, а 2.258 лица се повредени во делови на Сирија кои се под контрола […]

Малолетно девојче физички нападнато во автобус број 57


Малолетно девојче е нападнато во автобус на ЈСП со број 57, но и 32-годишен скопјанец кој се обидел да ја одбрани. Според информациите од полицијата, нападнат бил и 32-годишен скопјанец кој се обидел да ја одбрани малолетничката. „На 07.02.2023 во 14.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 12.30 часот во автобус бр.57 на […]

ФЗО е под кибер-напад, но пациентите може да се лекуваат


Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија (ФЗОРСМ)  попладнево соопшти дека пациентите ќе можат да се лекуваат непречено и покрај  техничките проблеми и кибер нападот со кој се соочува институцијата, од којшто се нефункционални дел од ИТ системите. -И покрај детектираните технички проблеми и нефункционалности на дел од електронскиот систем, пациентите ќе можат и […]

Детонација пред казино во Кисела Вода


Силен звук, како детонација одекнал 40 минути по полноќ пред казино на улицата Христо Татарчев во Кисела Вода. Нема повредени лица, а нема ниту оштетувања на казиното и на околните објекти. Ова го соопшти МВР без да објави повеќе информации за инцидентот. Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од […]