Над 16.000 загинати: Размерите на катастрофата во Турција и во Сирија сѐ поголеми

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера ги призна „недостатоците“ во одговорот на неговата влада на силниот земјотрес, кој е еден од најсмртоносните во овој век


Како понатаму - млада девојка во Антакија, Турција (Фото: АП)

Ниските температури ја продлабочија трагедијата за преживеаните од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија во кој загинаа најмалку 16.000 луѓе, додека спасувачите се тркаа да спасат безброј луѓе кои се уште се заробени под урнатините.

Бројот на загинати од земјотресот со јачина од 7,8 степени на 6 февруари се очекува нагло да се зголеми, бидејќи спасувачките напори се приближуваат до границата од 72 часа што експертите за катастрофи го сметаат за најверојатен период за спасување животи. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера ги призна „недостатоците“ во одговорот на неговата влада на силниот земјотрес, кој е еден од најсмртоносните во овој век.

Хуманитарните агенции предупредија дека бројот на жртви само ќе расте, особено во Сирија каде спасувачките тимови бараат преживеани во илјадниците урнати згради и покрај многу студеното време и високиот ризик од последователни потреси.

Многу од преживеаните во Турција и во Сирија останаа без покрив над главата и спијат во автомобили, засолништа или надвор, на студ, дожд и снег во некои области. Во Турција веќе три месеци е прогласена вонредна состојба во 10 провинции, а помош пристигнува од целиот свет.

Во понеделникот рано наутро, земјотрес со интензитет од 7,7, според германскиот истражувачки центар за геонауки (ГФЗ), го погоди турско-сирискиот пограничен регион. Во истата област во понеделникот попладне следеше уште еден земјотрес со јачина од 7,6 степени.

 
Земјотерсот што погоди делови од Турција и Сирија e најсмртоносниот потрес од март 2011 година наваму, кога речиси 20.000 луѓе загинаа во Јапонија откако земјотрес од 9 степени според Рихтеровата скала предизвика смртоносно цунами.