Ла Зара од Франција е фаворит – фановите го избраа победникот на Евросонг (видео)


Франција– Годинашниот претставник на Франција на Изборот на песна за Евровизија, песната „Évidemment“ („Очигледно“) на пејачката Ла Зара, веќе ги освојува симпатиите на милиони гледачи во светот и се смета за голем фаворит за победник на годинашниот „Евросонг“ штоќе се одржи во мај во Ливерпул, Англија. Евровизиските обожаватели се воодушевени од француската песна, а коментарите […]

Само 6 пријатели – толку собра Русија во ОН на годишнината од инвазијата


  Генералното собрание на ООН одобри со импресивна мнозинство резолуција на првата година на руската агресија против Украина, во која членовите на светската организација остро ги осудија постапките на Москва. На вонредната сесија на документи со само политичка сила, гласаа 141 земји-членки, вклучително и Македонија. Воздржани беа 32 земји, а само 6 држави застанаа на […]

Предмети што не треба да се чуваат под мијалник


Просторот за складирање во кујната е одличен начин да ја направите вашата кујна да изгледа уредно. Сепак, празните полици не значи дека било какви предмети треба да оставате таму. Ова особено се однесува на просторот под мијалникот. Во некои домаќинства, просторот под кујнскиот мијалник служи како основно складиште за сè, од средства за чистење до […]

Ковачевски гневен од она што беше кажано во интервјуто на Латас


  Разговорот на новинарот Драган Павловиќ – Латас со јутјуберот Стефан Лазаров денеска се најде и на собраниската говорница за време на пратеничките прашања. За тоа му беше поставено прашање на премиерот Димитар Ковачевски. Тој силно го осуди, рече дека е многу гневен, но сепак бираше зборови да не го попречи правото на слобода на […]

(Видео) Гол на Ди Марија што мора да се види


Во натпревар за осминафиналето во Лига Европа денеска се одигра реваншот помеѓу Нант и Јувентус, кој на крајот со 3:0 го доби италијанскиот тим и се пласира во наредното коло на ова европско натпреварување. Потег кој го одбележа мечот секако е првиот гол на аргентинскиот репрезентативец Анхел Ди Марија кој на атрактивен начин ја доведе „старата […]

Бујар Османи во ОН: Денес е нападната Украина, утре може да биде која било држава


  Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во својство на претседавач со ОБСЕ денеска во Обединетите нации во Њујорк силно ја осуди руската агресија на Украина. Тој зборуваше на Специјалната итна седница на Генералното собрание и испрати порака до сите земји членки на ОН за важноста на усвојувањето на Резолуцијата на ОН за враќање на […]

Серхио Рамос натеран да стави крај на репрезентативната кариера


Откако беше изоставен од патниците на Мундијалот во Катар, дефанзивецот Серхио Рамос денеска откри дека на него не смета ниту новиот селектор, па е приморан да стави крај на настапите за репрезентацијата на Шпанија. Својата одлука на јавноста ѝ ја соопшти преку Instagram. Рамос со Шпанија стана светски првак во 2010 година, а титулата европски […]

Во Собранието продолжува расправата за избор на новите министри


Собранието вечерва продолжи со расправата за избор на новите членови на Владата. Нови министри предложени од Владата се Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација и Каја Шукова за министер за животна средина. -За избор на членови на Владата дискусијата е заедничка, а гласањето е поединечно, рече […]

Г7 ќе и обезбеди на Украина помош од 39 милијарди долари


Групата Г7 ја зголеми економската помош за Украина на 39 милијарди долари во 2023 година, соопшти денеска Министерството за финансии на Јапонија, членка на Г7. Според соопштението, овие пари ќе и „дадат сигурност“ на Украина и ќе им овозможат на властите да продолжат да ги исполнуваат своите должности, да вршат поправки на клучната инфраструктура оштетена […]

Кина: Испраќањето оружје на Украина нема да донесе мир


Заменик-амбасадорот на Кина во Обединетите нации, Даи Бинг денеска на Генералното собрание по повод годишнината од украинската војна изјави дека „бруталните факти даваат доказ дека испраќањето оружје нема да донесе мир“. Главен приоритет на Пекинг е да постигне прекин на огнот без одлагање, додаде Даи, велејќи дека Кина ќе продолжи да игра конструктивна улога во […]

Зголеменото производство на струја отвора можности за евтина дневна тарифа, вели Ковачевски


Од први јануари годинава до осми февруари ЕСМ има произведено над 720 илјади мегават часови електрична енергија, што е за 40 проценти повеќе од лани истиот период, рече попладнево премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието. -Според официјалните извештаи од месец јануари, за првпат после 15 години, од вкупните потреби на електрична енергија […]

Со 36,2 милиони евра наредните две години ќе се ревитализираат шест хидроелектрани


Со заем во износ од 25 милиони евра од КфВ развојната банка, 11,2 милиони евра грант од ЕУ од ВБИФ и 0,2 милиони евра од германската Влада, Владата на Република Северна Македонија обезбеди 36,2 милиони евра за реализација на нова инвестиција во енергетскиот сектор. Инвестицијата ќе се реализира во наредните две години и ќе опфати […]

Бајден го номинираше Аџеј Банга за нов претседател на Светска банка


Американскиот претседател Џо Бајден го номинираше поранешниот извршен директор на „Мастеркард“ (Mastercard),  Аџеј Банга, за нов шеф на Светската банка, јави ДПА. Тој е „уникатно подготвен да ја води Светската банка во овој критичен момент од историјата“, рече Бајден денеска во Белата куќа. Овој менаџер со индиско-американско потекло во моментов е заменик-претседател на компанијата „Џенерал Атлантик“. […]

Малолетници се тепале во училишен двор, а снимката од тепачката се нашла на социјалните мрежи


На 22.02.2023 во СВР Битола, во присуство на родители и претставници од Центарот за социјални работи Битола, бил извршен службен разговор со двајца 15-годишници од Битола. – Тие, на 22.03.2023 во двор на средно училиште во Битола го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, а настанот бил сниман и споделен на социјалните […]

Скопјанец нападнат од роднина во Центар


Вчера на подрачје на Центар се степале двајца роднини од Скопје. – На 22.02.2023 во 14.00 часот во СВР Скопје, 76-годишен жител на Скопје пријавил дека околу 11.00 часот на подрачјето на Центар, по претходни недоразбирања, бил физички нападнат од неговиот роднина Р.Г.(61) од Скопје, информира МВР. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен […]

Ковачевски: Јавно промовирање и поддржување на сексуално насилство и насилство врз жени е целосно неприфатливо


Премиерот Димитар Ковачевски денеска одговарајќи на пратеничко прашање од пратеничката од СДСМ Даниела Марковска, за случајот со новинарот Драган Павловиќ Латас рече дека е вознемирен и згрозен од јавното промовирање на сексуалното насилство и дискриминација. -За овој случај, овде од собраниската говорница, пред сѐ сакам да зборувам како граѓанин, како човек, како татко, а потоа […]

МАЕ: Енергетската војна на Европа со Русија сѐ уште не е завршена


Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупреди дека Европа сè уште не ја добила својата енергетска војна со Русија и покрај големиот пад на цените на природниот гас, апелирајќи до владите да останат фокусирани на складирањето и зголемувањето на снабдувањето, пишува „Financial Times“. Според Фатих Бирол, додека Европската унија во голема мера избегнала енергетска криза […]

Путин најави распоредување нуклеарни ракети „Сармат“ годинава


Рускиот претседател Владимир Путин најави денеска дека руската армија оваа година ќе распореди нови интерконтинентални балистички ракети „Сармат“, кои можат да носат повеќе нуклеарни боеви глави. На ден во пресрет на првата годишнина од рускиот напад врз Украина, Путин рече дека Русија „ќе посвети посебно внимание“ на зајакнувањето на своите нуклеарни сили, соопшти денеска Кремљ. […]

МВР: Лажни се пријавите за наводно поставени експлозивни направи, завршија сите потребни проверки


Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави по добиените пораки на електронски адреси со закана за наводно поставена експлозивна направа во 49 училишта и Завод за рехабилитација во Скопје, како и едно училиште во Прилеп и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. […]