(Видео) Гол на Ди Марија што мора да се види


(Фото: принтскрин Јутјуб)

Во натпревар за осминафиналето во Лига Европа денеска се одигра реваншот помеѓу Нант и Јувентус, кој на крајот со 3:0 го доби италијанскиот тим и се пласира во наредното коло на ова европско натпреварување.

Потег кој го одбележа мечот секако е првиот гол на аргентинскиот репрезентативец Анхел Ди Марија кој на атрактивен начин ја доведе „старата дама“ Јувентус до водство на реваншот во Франција.

Веќе во петтата минута гостинската екипа поведе и на кој начин!

На дваесетина метри од голот Фаџоли ја додаде топката на левата страна, а тука беше Анхел Ди Марија кој брутално ја фати топката со левата нога и му донесе водство на Јувентус.

Уверете се во ремек делото на аргентинскиот играч за врска.