Почувствуван земјотрес во Струга


Земјотрес е почувствуван во Струга и околината попладне во 12 часот и 19 минути. Според Европскиот медитерански сеизомолошки центар, епицентарот бил на 11 километри северозападно од Охрид на длабочина од два километра со магнитуда од 2,3 степени. Земјотресот бил почувствуван и во Албанија.

Македонската туристичка понуда на Саемот за туризам во Белград


Рекорден број изложувачи ги промовираат туристичките понуди на македонскиот штанд, на саемот за туризам во Белград. На 44. Меѓународен саем за туризам околу 350 изложувачи од 33 земји, вклучително и Северна Македонија, учествуваат под слоганот „Кога е одмор, не е тешко“. Директорот на АППТ, Љупчо Јаневски оствари состанок со министерот за туризам на Република Бугарија, […]

Во време кога сите сакаат да напишат современ, јас напишав старовремски роман, вели Урошевиќ


Во присуство на многубројна книжевна публика, претставници од медиумите и читателска публика од сите генерации, синоќа, во киното „Фросина“ беше промовиран најновиот роман на академик Влада Урошевиќ – „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“. На промотивниот настан беа претставени и неговите евергрин-дела „Вкусот на […]

Штипскиот Центар за култура „Ацо Шопов“ прва културна институција со сончева централа на кровот


На кровот на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип ќе се постави првата сончева централа на една културна институција во земјата. Директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип, Горан Трајков на денешната прес-конференција истакна дека инвеститорот ќе има обврска да го санира кровот на објектот, а потоа да ги постави панелите за сончевата централа. […]

Фенербахче на Алиоски против Севиља, Манчестер Ј. против Бетис во осминафиналето на Лига Европа


  Со жрепка во седиштето на УЕФА во Нион попладнево се извлечени двојките за осминафиналните натпревари во Лига Европа и Лигата на конференции, кои се на програмата на 9. и 16. март. Турскиот гигант Фенербахче, во чиј редови настапува македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски, за противник ја доби шпанска Севиља, додека Манчестер јунајтед ќе игра против Бетис. Лига Европа, осминафинале: Унион Берлин […]

Битиќи е подготвен да разговара со пекарите, нивните изјави со карактер на закани се несоодветни


  Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи е подготвен да разговара со претставниците на пекарската индустрија кои бараат од државата да ги субвенционира платите на пекарите, во спротивно најавија поскапување на лебот.  Битиќи вели дека до него нема стигнато такво барање, но дека е подготвен за разговор со сите стопански гранки. – Сметам дека како […]

Пендаровски за годишнината од инвазијата: Единствен правилен исход е Украина да победи


На 24 февруари, милиони од нас направија избор: не бело, туку сино-жолто знаме. Не бегство, туку средба со непријателот, отпор и борба.Ова беше година на болка, жалење, вера и единство. И ова е година на нашата заедничка нескршливост. Знаеме дека ова ќе биде година на нашата заедничка победа! Со овие зборови претседателот на Украина, Володомир […]

Германски „Гересхајмер“ гради втора фабрика во ТИРЗ, работа за 180 лица со просечна плата од 1.000 евра


Германската компанија „Гересхајмер“ денеска ја претстави изградбата на својата втора фабрика во технолошко-индустриската развојна зона Скопје 2 за производи од медицинско стакло и шприцеви за вакцини и во која ќе се вработат 180 лица и каде што просечната плата ќе изнесува над 1.000 евра. Станува збор за инвестицијата од над 126 милиони евра што претставува […]

Русија треба да стигне до границите на Полска, објави Дмитриј Медведев


  Русија треба да стигне до Полска за да ги потисне заканите од Киев, инаку украинските сили повторно „ќе испровоцираат светски конфликт“, изјави Дмитриј Медведев, заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност. „Важно е да се постигнат сите цели на специјалната воена операција. Турнете ги границите на заканите за нашата земја што е можно подалеку, дури […]

Цените на горивата остануваат исти


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија извести дека е донесена Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,50% во однос на одлуката од 20.2.2023 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: […]

Лажни се пријавите за бомби во 19 училишта, завршија сите потребни проверки


Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави по добиените пораки на електронски адреси со закана за наводно поставена експлозивна направа во 18 училишта во Скопје, како и едно училиште во Прилеп и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Веднаш по добиените пријави, […]

Една година по инвазијата на Украина работите можат да станат уште полоши отколку што се


  За Русија, тоа беше година на смели напади и бомбардирања, понижувачки повлекувања и жестоки опсади. Украина возврати со жесток отпор, изненадувачки контраофанзиви и неочекувани удари. Сега, на годишнината од руската инвазија која уби десетици илјади и ги претвори градовите во урнатини, двете страни се подготвуваат за потенцијално уште покатастрофална фаза што претстои. Русија неодамна […]

Од март скопјани ќе пијат поскапа вода


Водата за пиење за скопјани поскапува од предвидените 23,14 денари просечна тарифа по метар кубен на 26,36 денари. Ваква одлука донела Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на барањето на ЈП Водовод и канализација да се зголемат цените на услугите. Одлуката треба да биде потврдена на денешната седница на Регулаторна и да започне со важење […]

Седеф музика со Роџер Ино во Филхармонија- длабока и медитативна, ве носи во друга димензија (фото)


Длабока, медитативна, ве носи во друга димензија и сфера- таква беше синоќа вечерта со т.н. „татко“ на амбиенталната музика, британскиот композитор и пијанист Роџер Ино. На концертот, насловен „Седеф“, неговата авторска музика премиерно прозвучи како нова- во аранжмани и оркестрација на Џијан Емин, кој застана зад пултот како диригент. Со мултимедијален карактер- беше надополнет и […]

Хрониката на војната во едно видео


  Пред една година започна целосна инвазија на руските трупи во Украина. Беше ужасна година: Буча, Мариупол, Бахмут. И војната продолжува. Главните настани од февруари 2022 година се претставени во видеото на независниот руски медиум „Медуза“.

Воз удри во автомобил кај Прилеп, загина возачот


Утрово, во 3.55 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на патниот правец помеѓу Железничка станица „Галичани“ и Железничката станица Прилеп, воз удрил во патничко возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(39) од Прилеп. На местото на несреќата починал M.Д., а со повреди се здобиле сопатниците Т.Х.(40) и Г.Б.(39), двајцата од Прилеп, […]

Полска ги испорача првите тенкови „Леопард 2“ во Украина


Полска и ги испорача првите борбени тенкови „Леопард 2“ од германско производство на Украина, објавија денеска полските медиуми, на годишнината од руската инвазија. „Премиерот Матеуш Моравјецки денеска во Киев ќе објави дека Полска веќе и ги испорачала првите тенкови Леопард на Украина“, наведуваат медиумите, цитирајќи владини извори. 

Абази нема да ги слуша „бомбите“ на Боки 13, назначил друг обвинител


Шефот на Обвинителството за организиран криминал, Ислам Абази, нема лично од Бојан Јовановски-Боки 13 да ги слушне „бомбите“ кои ги има во рака, туку назначил друг обвинител кој ќе го сослуша. Ова информација следува откако пред неколку дена, Боки 13 му испрати писмо на обвинителот Абази со кое бараше прием за да му достави „бомби“ […]

Кина нема кредибилитет за мировен предлог, оцени НАТО


  Повикот на Кина за мировни преговори меѓу Украина и Русија „нема многу кредибилитет“, рече генералниот секретар на НАТО, додека го предупреди претседателот и Ши Џинпинг да не испорачува оружје на воената машина на Кремљ. За време на посетата на Естонија, Јенс Столтенберг беше запрашан за документот од 12 точки на Кина за Украина, кој […]

Албанците потрошиле 350 милиони евра „од џеб“ за здравство во 2021 година, бизнисите заработиле 85 милиони евра


Албанскиот државен институт за статистика, ИНСТАТ, објави дека во 2021 година забележан е рекорд во трошоците на граѓаните за нивното здравје, во голема мера под влијание на ефектите од пандемијата на Ковид-19. Податоците за показателот „здравје“ откриваат дека приходот во оваа категорија во 2021 година достигнал речиси 41 милијарда леки или 350 милиони евра, што […]