Сите стечајни управници со лиценци ќе преполагаат, освен оние кои имаат над 64 години


  Министерот за економија Крешник Бектеши соопшти дека согласно Законот за инсолвентност, сите стечајни управници кои имаат лиценци ќе преполагаат, но не и оние што имаат над 64 години. Тие, како што нагласи, немаат право да полагаат. -Само во Северна Македонија се случува во последните години, за жал, со секоја почит, стечајни управници со над 70 години да […]

Субвенционирана струја побарале уште 41 субјект


  За струја по фиксна субвенционирана цена до АД „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) се пријавиле уште 41 субјект, покажуваат податоците од последниот повик што заврши на 20. минатиот месец. Новопријавени се 21 компанија од прехранбениот сектор, 17 основни и средни училишта и три јавно комунални претпријатија, информираше денеска Виктор Андонов, соработник за енергика во […]

Полицијата ја затвора улицата кај „Свети Спас“ уште денеска попладне


  Ништо да не се остави на случајноста или намерноста. Министерството за внатрешни работи објави дека од денеска (четврток) од 18 часот под посебен режим ќе бидат неколку улици околу скопското кале. Дел од нив ќе бидат и затворени за сообраќај. Со тоа полицијата и видливо ги презема подготовките за да не избие некој немил […]

Болницата во Штип бара вработување на околу 50 лица, меѓу кои и 15 лекари


Околу 50 вработени, доктори, медицински сестри и секаков вид персонал недостасува на речиси сите одделенија во Клиничка болница Штип. Дел од вработените заминаа на работа во приватното здравство, друг дел се пензионираа, па како што вели директорот на болницата Ален Ѓеорѓијев, ситуацијата со кадарот е тешка. Тој информира дека денеска се потпишани барањата за вработување […]

Велика Британија влезе во рецесија


Велика Британија од јануари е во рецесија, но таа ќе биде пократка и помалку тешка отколку што се претпоставуваше, објави денеска Банката на Англија. Се очекува рецесијата да трае нешто повеќе од една година, бидејќи се намалуваат сметките за енергенсите, а цените бавно растат, што може да резултира со помал раст на невработеноста и помалку […]

Во прво полугодие, 130 ученици се испишале од прилепските училишта


За само првото полугодие, од прилепските училишта се испишале околу 130 ученици и со нивните родители заминале во странство. Ова се бројки кои загрижуваат и трендот се зголемува, вели Гоце Бумбароски, одделенски наставник и советник за млади во општина Прилеп. -Во последниве шест месеци од десет основни и пет средни училишта се испишани околу 130 […]

„Маркет гараж акција“ во сите Рамстор маркети


Рамстор маркетите секогаш се трудат да им го олеснат пазарувањето на своите потрошувачи, да им понудат решенија и услуги кои ќе им го зголемат квалитетот на живот и ќе им ги унапредат секојдневните практики за паметно управување со буџетот, за поголемо уживање за себе и за своите најблиски. Вниманието кон потрошувачите продолжува со Маркет Garage Акција во сите […]

МНР ја отфрли декларацијата на Софија како спротивна на реалноста


Министерството за надворешни работи на Македонија со жалење констатира дека собраниската декларација за наводна „ескалација на агресивни антибугарски активности во Република Северна Македонија“, усвоена денеска, на последниот ден од работата на Народното собрание на Бугарија, не соодветствува на договорената политика за унапредување на меѓусебните односи преку заемно уважување и почитување и укажува на отсуство на […]

Шумската полиција во Штип доби опрема од Италија


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и Амбасадорот на Република Италија Андреа Силвестри и војниот аташе за одбрана на Италија,Стефано Анџиони, во присуство на раководителката на Секторот Шумска Полиција, Аница Симеоновска и командирот на шумско-полициската станица Горан Трајков, денеска лично им ги врачија униформите и опремата на шумските полицајци од шумско-полициската станица во […]

Курти изнесе шест услови за формирање на Заедница на српски општини


  Косовскиот премиер Албин Курти во Собранието на Косово во обраќање пред пратениците презентираше шест услови за формирање Заедница на српски општини, односно Заедница на општини со српско мнозинство. Според Курти, на формирањето треба да му претходи конечен договор со Белград, а ЗСО не може да има извршни овластувања. Курти, во обраќањето пред пратениците во […]

Пожар во куќа во Велес, нема повредени


Во пожар што утрово пламна на третиот кат од семејната куќа на ул „Димче Мирчев“ бр 1 пред рампата во населбата Дворови во центарот на Велес изгоре поголема просторија од спратот и покривот на куќата. За среќа во пожарот нема повредени членови на семејството. – Пожарот бил пријавен во ТППЕ Велес во 7:40 часот и […]

Да ги дочекаме Бугарите учтиво и студено


Можеме ли на Бугарите што ќе дојдат на 4 февруари, да го одбележат роденденот на Гоце Делчев во Скопје, да им одржиме една лекција за културно однесување? Да ги пречекаме учтиво, достоинствено, воздржано и студено. Тоа би била најсилната засрамувачка „шлаканица“ што треба да им ја удриме на јавна сцена не затоа што дошле во […]

„Економист“: Македонија е „демократија со недостатоци“, политичката култура главен проблем


  Македонија остана во групата на „Демократија со недостатоци“ во Индексот на демократија за 2022 година на лондонски „Економист“. Таа е на 72. место, едно погоре од минатогодишното рангирање, кога за прв пат по долги години излезе од групата „Хибридни режими“. Но вкупниот скор за извештајот за 2022 е само малку повисок. Во извештајот објавен […]

Хаос во српското собрание, Вучиќ ја надвикува опозицијата (Галерија)


  За време на седницата на српскиот парламент, на која претседателот Александар Вучиќ го образложува француско-германскиот предлог за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, опозициските пратеници од десничарскиот блок развиорија голем транспарент на кој пишуваше „Не за капитулацијата“. Во еден момент пред клупата каде што седи Вучиќ дојде до туркање и кошкање на пратеници […]

Костадиновска Стојчевска – Агелер : Во Битола има уникатно богатство на чија заштита посветено работиме


Битола е богат град, и културно и историски. Секое делче од неа раскажува посебна приказна. Имаме уникатно богатство за чија заштита треба посветена работа“, рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, која првата работна средба со амбасадорката на САД во нашата држава, Анџела Агелер, ја искористи за заедно да посетат неколку значајни локалитети и институции во Битола. Костадиновска-Стојчевска и Агелер ги посетија археолошкиот локалитет […]

 Лавров се закани: Молдавија може да е следна


Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, повторно индиректно им се закани на властите во Кишињев дека Молдавија може да ја следи Украина. Ова го објави „Романија журнал“, повикувајќи се на молдавската телевизија ТВР. Лавров даде опширно интервју за ТВ Росија 24 и РИА, а на едно од прашањата: Кои земји од Русија можат да […]

Кој ќе плаќа данок на екстра профит: Критериум добивката во однос на просекот од последните 3-4 години


  Компании, најверојатно од сите сектори, кои за време на енергетската криза оствариле дополнителни профити од просекот во последните 3-4 години, ќе бидат опфатени со т.н. данок на солидарност, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Оценката кои правни субјекти ќе плаќаат ваква дополнителна давачка, ќе оди преку УЈП, односно преку доставувањето на завршните сметки. […]

Српскиот актер Никола Ѓуричко со стендап настап во Скопје


Фестивалот „Таксират“ во соработка со „Скопје Комеди“ го најавува новото шоу на популарниот холивудски актер, овој пат во улога на стенд-ап комичар – Никола Ѓуричко во Скопје! На 7 март во Филхармонија, Никола ќе настапи со својот нов стенд-ап материјал со наслов „SHOWBIZ“ (Шоубиз). По пауза од три години, 2023 тој ја започнува со многубројни успешни настапи и распродадени […]

Анкара: Затворањето на западните конзулати е дел од психолошката војна против Турција


Турција- Турција денеска ги критикуваше западните земји кои привремено ги затворија своите конзулати во Истанбул, загрижени за нивната безбедност поради можни одмазднички напади по палењето на Куранот на протестите во европските земји. Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу рече дека затворањето на конзулатите и предупредувањата за патување во Турција се дел од, како што […]

Уапсен лекар од ВМА, осомничен дека со рачка од пиштол ја претепал сопругата


Србија- Полицијата уапси доктор од ВМА под сомнение дека вчера со пиштол ја претепал сопругата. Се сомнева дека Н. ЗА. (48) по расправија ја претепал сопругата И. ЗА. (42) со рачката од пиштолот, кој му бил одземен по инцидентот. Како што дознава Танјуг, осомничениот неодамна неколку пати ја тепал и психички ја малтретирал својата сопруга. […]