Лавров се закани: Молдавија може да е следна


Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, повторно индиректно им се закани на властите во Кишињев дека Молдавија може да ја следи Украина. Ова го објави „Романија журнал“, повикувајќи се на молдавската телевизија ТВР.

Лавров даде опширно интервју за ТВ Росија 24 и РИА, а на едно од прашањата: Кои земји од Русија можат да го следат патот на Украина, тој одговори дека претседателката на Молдавија – Маја Санду го има истото однесување како она на украинскиот претседател Володимир Зеленски пред почетокот на војната.

„Сега се размислува за оваа улога на Молдавија. Пред сè, затоа што успеаја да стават претседател на чело на државата преку многу специфични методи – далеку од тоа да биде слободно и демократски избрана. Оваа претседателка сака земјата да влезе во НАТО, има романско државјанство, подготвена е да се обедини со Романија и, воопшто, е подготвена на речиси се“, вели Сергеј Лавров.

Маја Санду е проевропска. Таа е на функција од крајот на 2020 година, откако постојано зборуваше за победа на Украина во војната со Русија  велејќи дека во спротивно „сите соседни земји ќе бидат во опасност“. Таа исто така минатиот месец рече дека „Русија мора да биде запрена“, како и „да и се помогне на Украина да победи во оваа војна“.