ЕСМ Снабдување со топлина: Плаќањето на фактурите електронски е без банкарски провизии


ЕСМ Снадување има веб станица која е во функција од крајот на минатата година, на која се поставени најважните информации за нашите потрошувачи, како информации за локација на пункотвите и работното време, за центарот за грижа на потрошувачи, достапен е формуларот за е-фактура и договорот за снабдување како и електронскиот систем за плаќање на фактури. […]

Османи и Милков го посетија нападнатиот охриѓанец: Да престанат провокациите


Денеска, министерот за надворешни работи Бујар ОСмани беше во посета на нападнатиот охриѓанец, кој беше пренесен на лекување во Софија. „Мора да го прекинеме овој циклус на насилство и провокации од двете страни и да ја наметнеме нашата позитивна агенда што двете влади се обидуваме макотрпно да ја изградиме“, порача министерот за надворешни работи Бујар […]

Тројца во Скопје вчера, биле каснати од бездомни кучиња


  Три жители на главниот град, вчера пријавиле дека се каснати од бездомни кучиња. Во 9 часот во Полициската станица Аеродром А.М.(28) од Скопје, пријавила дека на ул.„Владимир Комаров“ во близина на мост на река Вардар, била касната од куче скитник. Во 20.30 часот во Полициската станица Гази Баба А.С.(45) од Скопје, пријавила дека на […]

Претседателот на Бразил го разреши началникот на Генералштабот на Армијата


 Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва го разреши  началникот на Генералштабот на армијата Хулио Сезар де Аруда, две недели по упадот на приврзаниците на екстремната десница во државните институции во Бразил. Локалните медиуми јавија дека Аруда бил привремено на позицијата началник од 30 декември, два дена пред крајот на мандатот на екстремно десничарскиот претседател […]

Учениците од Лабуништа од утре ќе ја бојкотираат наставата


Над илјада ученици од село Лабуништа од утре започнуваат со бојкот на наставата во основното и средното образование. Одлуката е донесена, синоќа на граѓански собир организиран од Месната заедница на Лабуништа, во знак на револт на работењето на каменоломите; пишува Охриднет. Велат со години каменоломите во селото им го уништуваат здравјето, бараат надлежните итно да […]

Лунарната Нова година во Кина прославена без мерки против Ковид-19


По три години и неодамнешното откажување на политиката „нулта ковид“, денеска ширум Кина беше дочекана лунарната нова година. Покрај традиционалните манифестации во рамки на Пролетниот фестивал, кој го означува почетокот на новата лунарна година, имаше и големи семејни собири низ земјата. На јавните прослави во Пекинг и другите големи градови имаше помалку луѓе отколку во […]

Снежно невреме во Чешка, Полска и Словачка


Обилниот снег предизвика прекин на електричната енергија и бројни сообраќајни несреќи во саботата во Чешка, Полска и Словачка. Во чешкиот град Хертвиковице, мотоциклист загинал кога врз него паднало дрво. Во полското село Ваврска, југоисточно од Краков,  70-годишна жена останала без потребна залиха од чист кислород и поради тоа починала. Противпожарното возило кое требало да ѝ […]

Во Македонија регистриран првиот случај на корона со новиот сој „кракен“


  Институт за Јавно Здравје (ИЈЗ) утрово соопшти дека кај еден пациент е детектиран новиот подсој на омикрон познат како „кракен“. -Кај еден примерок, од вкупно 32, е детектирана XBB.1.5 омикрон сублинијата позната како Кракен. Пациентот кај кој е детектирана новата сублинија е од Гевгелија, a примерокот е земен на 11.01.2023 година, соопшти ИЗЈ. ИЗЈ додава […]

Словачкиот референдум не успеа поради слабата излезност


 Словачкиот референдум за уставните измени за изборните реформи пропадна поради недоволна излезност, покажаа првите податоци на државната изборна комисија. Само четвртина од запишаните гласачи се изјаснија на референдумот, а за неговата законска важност потребна е излезност од 50 проценти. Право на глас имаа вкупно 4,5 милиони гласачи. Уставните измени требаше да овозможат предвремени избори, како […]

Магла кон Тетово, урнат мост на Радика


Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по претежно влажни коловози. Магла со видливост до 50м. има од Групчин до Тетово. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, […]

Пожар во Петроварадин, изгоре поранешна дискотека, пронајдени две тела


Во Нови Сад, Србија, изгоре објект на поранешна дискотека, пренесуваат српските медиуми. Според пишувањата во објкетот најдени се две безживотни тела. Истрагата е во тек, а идентитетот на жртвите уште не е познат.

Протестен собир, денеска напладне, „Сите за МКЦ“


На платото пред Младинскиот културен центар (МКЦ) — Скопје, утре ќе се одржи собир во одбрана на МКЦ, во организација на колективот „Гола планина“. Собирот ќе почне точно напладне и е предвидено да трае до 16 часот. Според најавата за настанот на Фејсбук, целта е „сите ентузијасти и љубители на независната култура, заедно да го […]

Пронајдени нови доверливи документи во куќата на Бајден


Американското министерство за правда откри неколку доверливи документи при претрес во куќата на американскиот претседател Џозеф Бајден во градот Вилмингтон, во државата Делавер, објави адвокатот на претседателот Боб Бауер. Во петокот, претседателот Бајден дозволи пристап до неговиот дом со цел „да се пребараат сите простории во потрага по потенцијални досиеја и потенцијален доверлив материјал“, се […]

Повеќе од 100.000 луѓе протестираа против владата на Нетанјаху


  Повеќе од 100.000 луѓе протестираа вчера во Тел Авив против новата влада на премиерот Бенјамин Нетанјаху, според полициската проценка. Демонстрантите, кои актуелната влада на Нетанјаху ја сметаат за најдесна влада во историјата на државата, се собраа трета сабота по ред на неколку локации во градот. Собраните носеа транспаренти како „Сопрете го укинувањето на демократијата“ […]

Почнува ски – сезоната на Попова Шапка


По снежните врнежи изминативе денови, од Ски центарот Попова Шапка информираат дека денеска официјално ја започнуваат новата ски сезона. Велат, сè е подготвено за новата сезона. Ски-лифтовите и жичниците ќе работат од 8:45 часот до 15:30 часот. Работното време на билетарниците ќе биде од 8 до 16:15 часот, а ноќното скијање ќе се одвива од […]

22 јануари во историјата – Советскиот дисидент Андреј Сахаров е уапсен во Москва


  На 22 јануари 1980 година во Москва беше уапсен Андреј Дмитриевич Сахаров, советскиот физичар кој помогна во изградбата на првата хидрогенска бомба на СССР. Сахаров е уапсен откако ја критикуваше советската воена интервенција во Авганистан. Последователно, тој беше лишен од неговите бројни научни почести и протеран во далечниот Горки. Роден во Москва во 1921 […]

Заврши зимскиот распуст, учениците од утре на настава


– За основците и средношколците завршува зимскиот распуст и од утре се враќаат на настава во второто полугодие од учебната 2022/2023 година. Распустот беше продолжен со одлука на Владата заради функционалност на училиштата и второто полугодие наместо на 18 јануари почнува утре. Најверојатно и учебната година ќе заврши на 14 јуни наместо на 9 јуни […]

Сончево со мала до умерена облачност, кон крајот на денот врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Кон крајот на денот и во ноќните часови почнувајќи од запад ќе има врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од […]

Напредњаците ги користат волците да ја искажат верноста кон Вучиќ


  Кој денес би го користел симболот на диво и агресивно животно, како што е волкот, за да ја покаже својата лојалност кон мирнодопската политика – вели за српскиот весник „Данас“ психологот Жарко Кориќ. Коментирајќи ја вчерашната „акција“ на членовите на Српската напредна партија на социјалните мрежи, таканареченото преплавување на објави со фотографии од волци, […]

Уште се водат тешки битки за Соледар и Бахмут, тврди Киев


  Руските војници продолжија со нападите врз украинските позиции во близина на Бахмут и Соледар во источниот регион Донецк, изјави во саботата претставникот за печат во украинското Министерство за одбрана. За време на украинскиот национален ТВ маратон, Андриј Јусов од министерството изјави дека Русија ги концентрирала своите сили и опрема во близина на Соледар во […]