Уште се водат тешки битки за Соледар и Бахмут, тврди Киев
Руските војници продолжија со нападите врз украинските позиции во близина на Бахмут и Соледар во источниот регион Донецк, изјави во саботата претставникот за печат во украинското Министерство за одбрана.
За време на украинскиот национален ТВ маратон, Андриј Јусов од министерството изјави дека Русија ги концентрирала своите сили и опрема во близина на Соледар во источна Украина.
„Ова е една од ретките насоки каде што тие сè уште можат да спроведат ваков вид на акции“, рече тој.
Но, руските трупи, вклучително и платеничката група „Вагнер“, досега не успеаја да го преземат Бахмут, рече Јусов.
Москва минатата недела соопшти дека нејзините сили го зазеле Соледар, но Киев ги отфрли тврдењата. Градот е само дестина километри североисточно од Бахмут, кој стана сцена на некои од најжестоките борби во војната.
Соледар е мета на руските сили од мај минатата година. Со предвоена популација од околу 10.000, тој сам по себе има мала стратешка вредност, но е попатна точка во трошењето на Русите кон запад. Москва со месеци се бореше да го нападне Бахмут од исток, но доколку го освои Соледар, Москва ќе може да му пријде на градот од поинаков пат.
Екипа на Си-Ен-Ен, која во последните денови неколку пати беше во областа Соледар, виде дека украинските сили се во дефанзива.