Поради магла намалена видливост на патиштата во голем дел од земјата


Намалена видливост поради појава на магла има на повеќе патишта во државава, информираат од ЈП „Македонија пат“ од каде посочуваат дека сообраќајот се одвива непречено, по наместа влажни коловози. – Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патните правци Битола – Прилеп, Охрид – Ресен, Охрид – Струга, Македонски Брод – […]

Французите занемеа: Проектил експлодира веднаш до новинарот кој се јавуваше во емисија во живо


  За време на известувањето на францускиот новинар Пол Гасние во живо на програмата на француската телевизија од Украина, од градот Краматорск, на само неколку десетици метри од репортерскиот тим експлодира проектил. Експлозијата се случи во текот на ноќта на 2 јануари додека новинарите ги покриваа последиците од најновите руски бомбардирања на градови низ Украина. […]

Пијте вода –  може да ви помогне да живеете подолго


Луѓето кои пијат повеќе вода изгледаат дека живеат подолго и развиваат помалку хронични болести, сугерира една студија. Користејќи здравствени податоци собрани од 11.255 возрасни над 30 години, истражувачите ги анализираа врските помеѓу нивоата на натриум во серумот – кои се зголемуваат кога внесот на течности се намалува – и различни показатели за здравјето. Тие открија […]

До недела стабилно време, температурата до 15 степени


До недела ќе се задржи периодот на стабилно и претежно тивко време, информира УХМР. По котлините и понатаму ќе има појава на магла и ниска облачност со променлив интензитет. Утре и в петок ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, поизразен долж Повардарието што ќе предизвика во текот на денот по одделни котлини условите за […]

Украина ослободила 40 отсто од територијата окупирана од 24 февруари


  Вооружените сили на Украина ослободија 40 проценти од територијата окупирана од Русија по почетокот на нејзината целосна инвазија на 24 февруари и 28% од сите територии во земјата окупирани од Русија, напиша на 2 јануари украинскиот главен командант за достигнувањата во 2022 година, „годината што влезе во светската историја под името Украина и нејзините […]

Избрани три решенија за две градинки во Аеродром


Во Аеродром наскоро ќе започне изградбата на две нови детски градинки, а во тек се и административните подготовки за повеќе од 100-тина проекти кои ќе донесат една нова и поубава слика за општината. Минатата година ја најавивме почетокот на изградбата на двете детски градинки, а со изборот на идејните решенија, надминат е првиот дел од […]

Што ќе биде со 1.080 менувачници во Хрватска по воведувањето на еврото?


  Влезот на Хрвтаска во еврозоната сепак, не ги израдува сите граѓани на оваа земја. Иако воведувањето на еврото како официјална валута во земјата носи низа погодности, сепак постои еден број луѓе на кои ваквата одлука никако не им одговара. Меѓу најпогодените со оваа одлука секако се сопствениците на менувачници, на кои работата во голема […]

Проштална средба Османи – Холштајн: Германија ќе продолжи со поддршка на европската иднина на Македонија


Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска имаше проштална средба со германската амбасадорка во Скопје, Анке Холштајн, на која двајцата соговорници се согласија дека изминатите 30 години Северна Македонија и Германија остваруваат високо ниво на партнерски односи, кои ги карактеризира пријателство, меѓусебна доверба и почит. Како што соопшти МНР, Османи изрази особено задоволство од досегашниот […]

Бугарија во потрага по влада: Радев им врачи мандат на Продолжуваме со промената


  Бугарскиот претседател Румен Радев го врачи вториот мандат за формирање влада на Николај Денков, номиниран за премиер од партијата Продолжуваме со промената на поранешниот премиер Кирил Петков. Радев рече дека Денков овој мандат го добива на првиот работен ден од новата година, кога традиционално си посакуваме здравје, мир и бериќет и кога на него […]

Семејството и пријателите во Задар се збогуваат со Масимо (фото)


На погребот на регионалната поп-ѕвезда со уникатен вокал, дојдоа многу колеги како Златан Стипишиќ Џибони, Џулијано Даниќ и неговата сопруга Кристина, Тончи и Иван Хуљиќ и Џани Маршан. Линк до целиот текст тука

Пантоне: Mагентата е боја што ќе ја обележи 2023


САД- Институтот за бои Пантонe ја избра бојата што ќе ја обележи оваа година – вива магента. Опишувајќи ја како нијансиран темноцрвен тон кој ги балансира топлото и ладното, Пантоне вели дека вива магента е неконвенционална нијанса за неконвенционално време.   „Храбра и бестрашна, вива магента е пулсирачка боја која промовира оптимизам и радост. Таа […]

И Пригожин признава дека е тешко руските сили да го освојат Бахмут


  Руската војска има големи проблеми да го заземе Бахмут поради „500 линии на одбрана“ на вооружените сили на Украина, изјави креаторот на платеничката група „Вагнер“ Евгениј Пригожин. „Артемовск ( Бахмут од 2016 година) е тврдина во секој дом. За секоја куќа момците се заглавени, понекогаш и повеќе од еден ден. Понекогаш недели за една […]

Со „Снежана на крајот умира“, „Кајмак“ и „Од рајот“ започнува филмската програма во Кинотека


Кинотека ќе ја започне филмската програма за 2023 година со три филмски остварувања – „Снежана на крајот умира“, „Кајмак“ и „Од рајот“. На македонските филмски остварувања од 2022 им се придружува и „Од рајот“  – црната комедија на Срѓан Драгојевиќ, познат како режисер на „Парада“, „Ране“, „Ми нисмо анџели“. На 4 и 5 јануари од […]

МОН објави повик за наставници од основно, за напредување во ментори


На почетокот на новата календарска година Министерството за образование и наука дава нова можност за кариерно напредување на наставниците од основните училишта. Информираме дека на веб-порталот www.karierenrazvoj.mon.gov.mk е објавен повторен повик за пријавување на наставници од основни училишта за напредување во звање ментор. На повикот може да се пријави наставник од основно училиште кој ги […]

Пет избори во светот ќе ја дефинираат 2023 година


Неколку парламентарни и претседателски избори во светот оваа година, како и почетокот на  долгата изборна кампања за претседател на САД и за Европскиот парламент веќе во 2023 година, може да се покажат како многу важни за Европа. Турција Претседателското гласање во Турција на крајот на пролетта е особено важно – не толку поради судбината на […]

Користењето на платежни картички бележи раст и во третиот квартал од 2022 година


Граѓаните се повеќе ги користат платежните картички за купување. Податоците на Народната банка за третиот квартал од 2022 година покажуваат раст кај вредноста и кај бројот на остварени трансакции за 14,9 и за 8,5 проценти. – Годишниот раст на бројот на плаќањата во трговијата, кој произлегува пред сѐ од повисокиот годишен раст на бројот на […]

Пристап до Интернет преку мобилна мрежа 1 418 946 претплатници, раст кај корисниците на сателитска телевизија


Вкупниот број претплатници на пристап до Интернет со широк опсег во вториот квартал годинава изнесува 502 200, а пристап преку мобилни мрежи (2G/3G/4G) имале 1 418 946. Во вториот квартал од 2022 година се регистрирани 1 932 608 претплатниците во мобилната телефонија за 3,48 проценти повеќе споредено со вториот квартал од претходната година, а просечно […]

„Пајакот“ крена 100 возила во Центар


Во акција на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ) и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје, минатата недела се санкционирани 185 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. Како што соопштуаат од Јавното претпријатие, во периодот од 26 декември до 1 јануари, со помош на специјалните возила „Пајак“ на […]

На крадецот на муралот на Бенкси во Украина му се заканува 12 години затвор


Украина– Главното обвинителство во Киев покрена постапка против крадецот на муралот на Бенкси и нему му се заканува затворска казна до 12 години. Маж, заедно со неколку помагачи, на почетокот на декември го отстранија графитот на британскиот уличен уметник од ѕид во киевското предградие Хостомел. Групата отсекла дел од уметничкото дело и гипс од фасадата на […]

Пораст на бројот инфицирани во Шангај, лекар тврди дека 70 отсто од граѓаните имаат Ковид-19


Кина – Виш лекар во една од најдобрите болници во Шангај изјави дека 70 отсто од населението во метрополата е заразено со Ковид-19, објавуваат денеска кинески државни медиуми. Големиот број заразени доаѓа по минатомесечното олабавување на строгите ограничувања што кинеските власти ги воведоа за контрола на ширењето на заразата. Чен Ержен, потпретседател на болницата „Руиџин“ и […]