Французите занемеа: Проектил експлодира веднаш до новинарот кој се јавуваше во емисија во живо


 

За време на известувањето на францускиот новинар Пол Гасние во живо на програмата на француската телевизија од Украина, од градот Краматорск, на само неколку десетици метри од репортерскиот тим експлодира проектил.

Експлозијата се случи во текот на ноќта на 2 јануари додека новинарите ги покриваа последиците од најновите руски бомбардирања на градови низ Украина.

Застрашувачката експлозија ги натерала новинарката и неговите колеги да побегнат, но за среќа нема загинати или повредени.

Присутните во студиото во Франција биле шокирани, а новинарите подоцна коментирале што се случило.

„Бевме изненадени“, потврди новинарот и продолжи. „Секогаш се слушаат експлозии, но вакво нешто никогаш не ни се случило“.

Погледнете го видеото: