„Фајненшл тајмс“: Се создава нов светски економски поредок, доларот нема да доминира


  Полека, но сигурно се формира нов светски енергетски поредок, во кој доларот нема да биде доминантно платежно средство, пишува „Фајненшл тајмс“. Подготвеноста на Кина да се префрли на купување нафта од земјите од Персискиот Залив во јуани води кон формирање на нов светски енергетски поредок, според „Фајненшл тајмс“. Пред 77 години, американскиот претседател Френклин […]

Бадник неработен за граѓаните од православна вероисповед


  Бадник, ден пред Божик, 6 јануари (петок) е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика. Од Министерството им го честитаат Бадник на граѓаните од православната вероисповед.

Бектеши-Донмез: Ќе се интензивира соработката во енергетскиот сектор


  Можните правци за развој и продлабочување на соработката во полето на енергетиката, пред се во делот на снабдување на електрична енергија и природен гас, земајќи ги во предвид движењата на енергетските политики во услови на енергетска криза, беа тема на разговор на денешниот работен состанок во Скопје меѓу министерот за економија Крешник Бектеши и […]

Османи се плаши од прекин на преговорите со ЕУ ако не се побрза со уставните измени


  Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ќе иницира широка дебата за уставните измени за кои смета дека не треба да се губи многу време за да бидат направени. Државата, според него не смее да си дозволи да го дочека ноември без изменет Устав. „Мојот страв е  дека ако не фати ноември без завршени уставни […]

Рекордно топлата зима ги затвори скијалиштата низ Европа


  Рекордно топлото зимско време во Европа ги затвори скијачките патеки и ги принуди одморалиштата да ги отворат летните патеки или целосно да се затворат, бидејќи тревата и калта го заменуваат сезонскиот снег од Шамони во Франција до Инсбрук во Австрија. Осум земји од целиот континент го забележаа својот најтопол јануарски ден досега, при што […]

Иран ја ослободи оскаровката Алидости, која ги критикуваше акциите на власта


  Иран ја ослободи истакнатата актерка од филм награден со Оскар во средата, речиси три недели откако беше затворена поради критикување на задушувањето на антивладините протести, соопштија локалните извештаи. Иранската полуофицијална новинска агенција ИСНА соопшти дека Таранех Алидости, 38-годишната ѕвезда на оскаровецот „Продавач“ на Асгар Фархади, е ослободена со кауција. Нејзината мајка Надере Хакимелахи претходно […]

„Амазон“ зеде заем од осум милијарди долари


„Амазон“ објави дека постигнал договор со одредени заемодавачи за да му обезбеди на американскиот гигант за е-трговија заем од осум милијарди долари. Рокот на достасување на заемот е 364 дена, со можност за продолжување за уште 364 дена, а средствата ќе се користат за „општи корпоративни цели“, пренесува Ројтерс. „Со оглед на неизвесното макроекономско опкружување, […]

Левица го нарече Тимчо Муцунски „волк во јагнешка кожа“


  Продолжуваат препукувањата меѓу огранокот на Левица во општина Аеродром и градоначалникот Тимчо Муцунски. Иако во Градот Скопје Левица и партијата на Муцунски, ВМРО-ДПМНЕ, се во мнозинската коалиција, на локално ниво во главниот град има многу политички пресметки. Во соопштението на огранокот на Левица се вели дека „вистинскиот непријател на жителите на Аеродром е волкот […]

Што да очекуваме во 2023 година? Метар квадратен никогаш не бил поскап, а цената само се зголемува


Веќе некое време гледаме како растат цените на недвижностите. Просечната квадратура на стан поскапела за повеќе од 20 отсто за две години. На некои локации цената поскапе и до 50 отсто. Што да очекуваме во новава година, дали ќе пукне балонот или ни следи нов раст на цените?” Имајќи предвид дека цените на квадратурата растат […]

„Сложно и сѐ е можно“: „Скопско“ и РФМ повикуваат да навиваме на Светското во ракомет


„Навиваме сложно и сѐ е можно“ е главната навивачка порака која „скопско“ ја испрати за поддршка на нашите ракометари, кои повторно ќе заиграат на Светско, овој пат во Шведска и Полска, од 12 до 29 јануари 2023. Како горд поддржувач на македонската ракометна репрезентација и важен „играч“ во сите навивачки и славенички моменти, „скопско“ ја […]

Потврдена смртта на момчето кое падна во окно на градилиште во Виетнам


Виетнамските медиуми објавија денеска дека е потврдена смртта на 10-годишното момче кое за време на новогодишната ноќ паднало во тесна шахта на градилиште. Локалните власти велат дека спасувачите поминале речиси 100 часа обидувајќи се да го ослободат Ли Хао Нам од окното во потпорен столб длабок 35 метри, забиен во земјата, но без успех, пренесе […]

Поранешниот шеф на руската вселенска агенција му испрати на Макрон дел од шрапнел со кој бил ранет во Украина


Поранешниот шеф на руската вселенска агенција Роскосмос, Дмитриј Рогозин, денеска изјави дека на францускиот претседател Емануел Макрон му испратил дел од шрапнел што го ранил во Украина со истрел од француска хаубица „Цезар“, доставен во Киев.   Рогозин, кој ја предводи групата воени советници кои им помагаат на руските сепаратистички сили во Украина, беше ранет […]

Пике може да ја продолжи кариерата во неговиот клуб Андора во шпанската втора дивизија


 Жерар Пике може да ја продолжи кариерата, иако пред два месеца одлучи да заврши со професионално играње фудбал. Триесет и петгодишниот шпански фудбалер, кој се пензионираше во ноември 2022 година, планира да игра за клубот од Андора, чиј сопственик е лично тој, пренесува „Relevo“. Сепак, постојат две пречки. Првата е платата на Пике. Фудбалерот, иако […]

ЕСМ објаснува зошто ја избрале „Балкан Јутилитис“ за набавка на природен гас


  Во моментот на носење на одлуката за избор на најповолна понуда за набавка на природен гас за јануари 2023 година во постапката спроведена од страна на „ЕСМ Продажба“, цената понудена од „Балкан Јутилитис“ од 115,97 евра за мегават час беше пониска од цената понудена од „Макпетрол“ од 116,20 евра за мегават час, порачува АД […]

Уште една трансплантација на црн дроб, бубрези и коскени ткива


Утрово на Хируршките клиники почна експлантација на органите, откако вчера семејство на пациентка со мозочна смрт даде согласност за донирање. – Нивната желба да подарат некому живот и здравје, денеска донесе трансплантација на црн дроб, бубрези и коскени ткива. Благодарност до семејството од мое име, кажа министерот за здравство, д-р Беким Сали. Сали, исто така, […]

Научниците од ЕСА и НАСА предупредуваат за опасност од голема соларна бура


Научниците од Европската вселенска агенција (ЕСА) и НАСА предупредија на опасност од голема соларна бура која, како што тврдат, ќе предизвика хаос на Земјата до крајот на неделата на радио и ГПС уредите.   Научниците велат дека очекуваната соларна бура била предизвикана од силна експлозија на Сонцето што се случила вчера.   До крајот на […]

Путин ја испрати фрегатата „Адмирал Горшков“ кон Атлантскиот Океан


 Рускиот претседател Владимир Путин ја испрати фрегатата „Адмирал Горшков“, вооружена со хиперсонични крстосувачки ракети „Циркон“ кон Атлантскиот Океан, пренесоа светските агенции. Церемонијата на испраќање беше преку видео конференциска врска. За време на церемонијата, Путин од неговата резиденција во Ново Огарјово разговараше со министерот за одбрана Сергеј Шојгу и со Игор Крохмал, командант на фрегатата. – […]

Претседателот на Парламентот на БиХ посакува поголемо руско влијание во неговата земја


Претседателот на Претставничкиот дом на Парламентот на БиХ, Небојша Радмановиќ, рече дека би било пожелно да има посилно руско влијание на случувањата во земјата, правдајќи го таквиот став со „културолошките потреби“ на босанските Срби. Радмановиќ, кој претходно беше член на Претседателството на БиХ, во моментов е претседател на Претставничкиот дом на Парламентот на БиХ и […]

На Скопскиот аеродром откажани два лета поради маглата


Од 8 часот наутро до 11:30 часот два лета беа откажани на Меѓународниот Аеродром Скопје, како резултат на ниската видливост поради густата магла, соопшти аеродромскиот оператор ТАВ Македонија. Очекуваат, како што велат, подобрување на временските услови после 12 часот напладне. За евентуални промени во редовниот распоред на летови ги упатуваат патниците да ја следат веб-страницата www.skp.airports.com.mk каде […]

Заврши ерата на телеграми во Германија


  Во Германија официјално заврши ерата на телеграми со последен бран од илјадници кратки пораки испратени за Нова година, објави денеска главната поштенска служба во земјата – Дојче пост. Службата соопшти дека 3.228 телеграми биле испратени на последниот ден од понудата на услугата на новогодишната ноќ. Ова е во целосна спротивност со просечниот месечен број […]