30 јануари во историјата – Махатма Ганди е убиен во атентат


  Мохандас Карамчанд Ганди, политичкиот и духовниот водач на индиското движење за независност, е убиен во Њу Делхи од хинду екстремист на 30 јануари 1948 година. Роден како син на индиски функционер во 1869 година, мајката на Ганди, Ваишнава, била длабоко религиозна и рано го изложила својот син на џаинизмот, морално ригорозна индиска религија која […]

„Рио Тинто“ се извини за изгубената мала радиоактивна капсула на пат во западна Австралија


Светски познатата рударска компанија „Рио Тинто“ се извини откако еден од нејзините подизведувачи изгуби мала капсула со радиоактивна супстанција некаде по патот долг 1.400 километри во Западна Австралија, јави ДПА. Капсулата, што содржи мало количество радиоактивен цезиум-137, е со дијаметар од околу шест милиметри и висока осум милиметри, соопштија здравствените власти во Западна Австралија. Се […]

Ѓоковиќ се врати на првото место на АТП ранг-листата, Надал испадна од првата петорка


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се врати на првото место на АТП ранг-листата објавена денеска. По освојувањето на Австралија опен, 35-годишниот Ѓоковиќ со 7070 поени изби пред Шпанецот Карлос Алкараз (6730). Третото место го зазема финалистот на Австралија опен Стефанос Циципас (6195). Во Топ-5 светски тенисери се уште и: Каспер Руд (Норвешка) – 5765 бодови и […]

Претседателот на ЕПП, Вебер е за подигнување ограда на надворешните граници на ЕУ


Претседателот на Европската народна партија (ЕПП), Манфред Вебер, се залага за построга европска имиграциска политика и меѓу другото, предлага да се подигне ограда на надворешните граници на Европската унија.   „Оградите се секогаш последно средство, но тие се неопходни секаде каде што шверцерите на луѓе ги прекршуваат европските закони. Онаму каде што не е можно […]

Русија воведува задолжителна воена обука во училиштата


Од септември руските деца ќе треба да посетуваат задолжителна основна воена обука на училиште, соопшти британското Министерство за одбрана. Руското Министерство за образование, исто така, ги објави детали и плановите за учениците претходно оваа година. Во училиштата ќе биде воведен предмет наречен „основи на животната безбедност“, кој ќе вклучува обука со автомати и рачни гранати […]

Украинскиот премиер сe надева дека неговата земја за две години ќе стане членка на ЕУ


 Украинскиот премиер Денис Шмигал има двегодишен графикон за обезбедување на членството на неговата земја во ЕУ, што сигурно ќе доминира во дискусиите на овонеделниот историски самит ЕУ-Украина – првиот што ќе се одржи на украинска територија, објави Политико. Според изданието, никој во ЕУ не мисли дека тоа е реално. Еврокомесарите ќе отпатуваат за Киев подоцна […]

На 45 години почина Ени Вершинг, позната по серијата „24“


  Глумицата Ени Вершинг, можеби најпозната по улогата на агентот на ФБИ, Рене Вокер во серијата „24“, покрај Кифер Сатерленд, и позајмувањето на гласот во видеоиграта „Последните од нас“, почина по битка со рак. Таа имаше 45 години. Вершинг почина вчера наутро во Лос Анџелес, изјави нејзин претставник. Видот рак што ѝ бил дијагностициран 2020 […]

Израелската полиција ја запечати куќата на терористот кој уби седум лица во Ерусалим


Израелската полиција соопшти дека ја запечатила куќата на терористот кој во петокот уби седум лица и рани тројца во ерусалимската населба Неве Јаков. Армијата ја запечати куќата на Алкам Кари пред нејзиното уривање во населбата А-Тур, во источен Ерусалим. Безбедносните сили веќе им рекле на жителите да ја напуштат куќата веднаш по нападот во петокот […]

Шолц за „Тагесшпигел“: Германија нема да испраќа борбени авиони во Украина


Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека неговата земја нема да испраќа борбени авиони во Украина, во момент кога Киев бара од Западот што повеќе оружје за да се спротивстави на руската инвазија. По неколку недели двоумење, Берлин минатата недела одлучи да испрати 14 тенкови „Леопард 2“, од германско производство, во Украина и да им дозволи […]

Украина: Проектил погоди станбена зграда во Харков, едно лице загина


  Проектил вчера погоди станбена зграда во украинскиот град Харков, при што загина едно лице, соопшти регионалниот гувернер Олех Синехубов. „Според ажурираните информации, едно лице загинало како последица на удар на руска ракета во станбена зграда“, напиша Синехубов на Телеграм. Засега нема информации колку лица се повредени. Службите за итна помош се на терен, за […]

Ердоган: Турција би можела да одобри влез во НАТО на Финска, но не и Шведска


  Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган синоќа навести дека Турција може да го одобри приемот на Финска во НАТО, но не и на Шведска. – Доколку е потребно, можеме да дадеме поинаква порака за Финска. Шведска ќе биде шокирана кога ќе дадеме поинаква порака за Финска, рече шефот на турската држава за кандидатурата на двете […]

Јавна дебата на тема „За вистинска реформа на фискалната децентрализација“


Институтот за Јавни политики „Арбен Џафери“, во соработка со општина Гостивар, денеска, во Скопје, организира јавна дебата на тема „За вистинска реформа на фискалната децентрализација“. Целта на дебата, како што се посочува, е да ги сподели научените лекции и да обезбеди препораки за политиките за понатамошна реформа на децентрализацијата, вклучувајќи ги надлежностите и распределбата на […]

Трибина „Системски реформи – борба против организираниот криминал“


Во организација на Дeмократски сојуз, денеска, во Скопје, ќе се одржи трибина насловена „Системски реформи – борба против организираниот криминал“, во врска со драфт верзијата на законот за Агенција за борба против тешките облици на организиран криминал и висока корупција. На трибината најавено е учеството на Билјана Ивановска, претседател на Државна комисија за спречување на […]

Годишна конференција „Година на нови можности“ во Скопје


  Годишна конференција „Година на нови можности“ почнува денеска во Скопје. Станува збор за дводневна конференција во организација на Владата. Во рамки на конференцијата предвидено е да се одржат вкупно осум панели на различни теми. Целта е преку дискусија да се направи пресек на владините мерки и случувања во 2022, со акцент на идните насоки […]

Приватните превозници ќе протестираат пред ЈСП


  Дел од приватните превозници од девет часот денеска ќе протестираат пред седиштето на ЈСП во Автокоманда. Тие ќе бараат средба со директорот на ЈСП, а подготвуваат и барања за прием до Град Скопје и до Владата. Исен Халили од „Макекспрес“ во изјава за МИА рече дека по одржаниот состанок на лица од двете компании […]

Промоција на монографијата „Кодот на Преспа“ од Борјан Јовановски


Промоција на монографијата Кодот на Преспа, Приказна за „загубениот пат“ од авторот Борјан Јовановски, во издание на Хелсиншки комитет за човекови права, ќе се одржи денеска во Скопје. Изданието ќе го претстават авторот Борјан Јовановски, историчарот Петар Тодоров и Вергим Шерифи. Во ракописот се поместени неколку интервјуа во кои се говори за побратимствата помеѓу поединци […]

Бугарскиот министер Демерџиев денеска во Скопје на средба со министерот Спасовски


  Вицепремиерот за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи на Бугарија, Иван Демерџиев со придружна делегација, денеска, ќе престојува во работна посета на Северна Македонија во рамки на која ќе се сретне со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. На средбата се очекува да се разговара за активностите што треба да се […]

Шестмина загинати во сообраќајна несреќа во САД близу границата со Канада


  Шест лица загинаа синоќа во судир на две возила на автопат во северниот дел на државата Њујорк, близу границата со Канада, пренесуваат дел од американските медиуми. Се работи за компаниски минибус што превезувал 15 вработени од компанија за соларна енергија и камион на рентање од компанијата „Пенске“. Двајца од лицата кои патувале во автобусот […]

Променливо облачно и студено со слаб до умерен ветер


  Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, попладне со делумно намалена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2, а максималната ќе достигне од 1 до 9 степени. Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната […]

Данска трет пат по ред светски шампион во ракомет


  Репрезентација на Данска го освои шампионскиот трофеј на Светското првенство 2023 откако вечерва во финалето ја победи Франција со 34:29. Данска стана првата репрезентација со три освоени титули во низа. Финалето во Стокхолм одлично го судеа Македонците Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Претхоидно во малото финале на Мундијалот во Полска и Шведска, селекцијата на […]