Јавна дебата на тема „За вистинска реформа на фискалната децентрализација“


Институтот за Јавни политики „Арбен Џафери“, во соработка со општина Гостивар, денеска, во Скопје, организира јавна дебата на тема „За вистинска реформа на фискалната децентрализација“.

Целта на дебата, како што се посочува, е да ги сподели научените лекции и да обезбеди препораки за политиките за понатамошна реформа на децентрализацијата, вклучувајќи ги надлежностите и распределбата на средства од централно ниво.

На настанот најавено е учеството на градоначалниците на Општина Гостивар Арбен Таравари, на општина Тетово Билал Касами, Максим Димитриевски, градоначалник на општина Куманово, Исен Шабани, градоначалник на општина Врапчиште и Арбен Фетаи, директор на Институтот за јавна политика „Арбен Џафери“.