Прво силна експлозија, па пукање во центарот на Кабул


Вооружени луѓе пукаа денеска кон зграда во центарот на Кабул во која сите биле странци, велат за Ројтерс два талибански извори. Жителите на населбата Шар-е-Нав во центарот на Кабул велат дека пукањето во областа се случило по силна експлозија, пренесе Ројтерс. Велат дека нападот е изведен врз хотел во кој обично престојуваат Кинези и други […]

Цените на нафтата паднаа на најниско ниво оваа година


  На светските берзи цените на нафтата паднаа за повеќе од 11 отсто минатата недела, спуштајќи се на најниските нивоа оваа година, бидејќи трговците стравуваат од рецесија, а со тоа и слабеење на побарувачката за „црното злато“. Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела потона за 11,1 отсто, на 76,10 долари, додека на американскиот […]

Во ЕУ нов раздор во однос на гасот


Дванаесет држави од ЕУ вршат притисок за намалување на горната граница на цените на гасот, предизвикувајќи загриженост дека договорот за оваа мерка може да пропадне пред овонеделниот итен состанок на европските министри за енергетика, покажува документот во кој имал увид Политико. Амбасадорите се сретнаа во саботата за да разговараат за механизмот на Комисијата за корекција […]

„Непријатност во културата“ – нова книга есеи на Гоце Дртковски


Во издание на издавачката куќа „Љубовта е петтиот елемент“ од Скопје деновиве излезе од печат новата книга на авторот Гоце Дртковски – „Непријатност во културата“, со поднаслов „За предморалноста и другите демони“. Во книгата со есеи, Дртковски ја проблематизира културната атмосфера во земјава и особено го истакнува проблемот на релативизирање на вредностите во културата, што […]

Шоле и Ескобар ја одложија посетата на Скопје за по Нова година


Советникот на државниот секретар на САД Дерек Шоле и заменик-помошникот на државниот секретар и специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, наместо в среда како што беше најавено од Стејт депратментот, ќе ја посетат Северна Македонија по Нова година. Од Амбасадата на САД во Скопје за МИА велат дека добиле известување оти американскиот тим кој […]

Битиќи: Одземање ингеренции на Град Скопје би било враќање 20 години назад во децентрализацијата


Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи денеска порача дека Град Скопје треба да го реши проблемот со приватните автобуски превозници, а евентуалното одземање на ингеренциите на градските власти би било враќање 20 години назад во процесот на децентрализација. Битиќи во одговор на новинарско прашање рече дека Владата е секогаш тука за граѓаните но, како што […]

СДСМ тврди дека хаос има и во други градови, не само во Скопје


СДСМ тврди дека хаос, каков што има изминатите недели во Скопје, има и во другите општини што ги води кадар на ВМРО-ДПМНЕ. -ВМРО-ДПМНЕ создаде хаос во Град Скопје каде блокадите се секојдневие, а функционирањето на јавните претпријатија е на раб на колапс. Но не е само Скопје, хаос и нефункционалност се случува речиси во секоја […]

Лажна пријавата за експлозивна направа во училиште во Кавадарци


 Лажна била пријавата за поставена експлозивна направа во основно училиште во Кавадарци, информираше попладнево портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев.   – Направени се сите потребни проверки во врска со денешната пријава од училиште во Кавадарци, дека на електронската адреса на училиштето, била испратена закана за поставена експлозивна направа. Утврдено е дека станува збор за […]

Османи – Агелер: Акцискиот план против корупцијата, прв приоритет со САД


Справувањето со геополитичките предизвици во регионот, како и континуираната американска поддршка за нашиот евроинтегративен процес, беа теми на разговор на денешната средба на министерот за надворешни работи Бујар Османи и амбасадорката на САД, Ангела Агелер. Како што информираат од МНР, во фокусот на разговорите беа проектите, активностите и целите на Стратешкиот дијалог меѓу САД и […]

Во октомври издадени 373 одобренија за градење, помалку за 26,7 отсто од лани


Според податоците на Државниот завод за статистика во октомври 2022 година се издадени 373 одобренија за градење, што е за 26.7 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната година, информираат од ДЗС. Предвидената вредност на објектите изнесува 14 404 949 илјади денари, што е за 48.2 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година. -Зголемената вредност […]

Од 1 јануари нема да има контроли на 73 премини на Хрватска со Унгарија и Словенија


 Хрватскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ денеска истакна дека од 1 јануари 2023 година ќе се укинат граничните контроли на вкупно 73 гранични премини кон Словенија и Унгарија. – За сите граѓани на Хрватска тоа значи дека повеќе нема да мора да покажуваат документи при преминување на границата, рече Божиновиќ, презентирајќи му […]

МТСП: Почна исплатата на финансиската поддршка за ранливи категории на граѓани


Министерството за труд и социјална политика известува дека во тек е исплатата на  паричната помош согласно Законот за финансиска поддршка за ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза. Поддршката се однесува на: -корисниците  на правото на социјална сигурност на стари лица, -корисниците  на посебен додаток, -корисниците на  правото на надоместок заради попреченост, -корисниците […]

На 74 години почина оперската првенка Анастазија Низамова


Оперската првенка Анастазија Низамова почина синоќа на 74 годишна возраст, соопштија од Националната опера и балет (НОБ).   Анастазија Низамова беше една од водечките имиња на македонската оперска сцена. Дипломирала соло-пеење на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Коста Трпков, а подоцна специјализирала во Италија.   На оперската сцена на МНТ […]

Хитот на Тото Котуњо ќе ги обедини македонските пејачи- „Заедно“ за промоција на европските вредности


ЦИВИЛ Медиа започнува нова иницијатива за промоција на европските вредности, градењето на општествената кохезија и полноправното членство во Европската Унија. Иницијативата го носи насловот „Заедно“, според песната на познатиот италијански автор Тото Кутуњо. Песната „Инсиеме“  ќе ја изведат Тијана Дапчевиќ, Кристина Арнаудова, Елена Петреска, Елена Велевска, Зуица Лазова, Никола Перевски-Пере Анастасија Петреска, Виктор Апостоловски, Лидија Кочовска, […]

Битиќи: Нашата визија е континуирано подобрување на функционалноста на општините


  Наредниот период е исклучително значаен за спроведување на пообемни подготовки за интегрирање на нашите општини во административниот простор на Европската Унија. Имаме целосно разбирање за ставот општините да прифатат нови надлежности, но под услов да се оствари висок степен на автономија во нивното спроведување, смета вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи. Како што […]

Шоле и Ескобар в среда во Скопје


Советникот на државниот секретар на САД, Дерек Шоле, во среда ќе дојде во Скопје за да разговара со владини претставници за низа прашања, вклучително и за енергетиката, економијата и борбата против корупцијата, соопшти Стејт департментот. Освен земјава, Шоле од 11 до 1 7 декември ќе ги посети и Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска […]

Вклучен вториот котел во ТЕЦ Неготино, електраната произведува со полн капацитет


  Вклучен е и вториот котел во ТЕЦ Неготино и термоелектраната во моментот работи со полн капацитет. Вториот котел е синхронизиран на мрежа пред 42 часа, по сите протоколи на вклучување, односно по првично стабилизирање на системот со работа со еден котел, соопшти АД ЕСМ. Согласно планот за производство, ТЕЦ Неготино треба непрекинато да работи […]

ЕП се справува со најшокантниот корупциски скандал, летаат „глави“


Штотуку откриениот скандал во Европскиот парламент  би можел да биде „најсериозниот“, „најшокантниот“ и „најстрашниот“ корупциски скандал што го погодил Брисел во последните години. Во низа од најмалку 16 рации на белгиската федерална полиција беа приведени пет лица за кои рекоа дека извршиле „прекршоци за криминална организација, корупција и перење пари“. Во утринските претреси беа одземени […]

Актерките Сара, Дарја, Наталија и Тамара во глам издание: Време е за забава и празнични радости


Време е да се опуштиме и да дозволиме од нас да зрачи женствената, хипнотичка и непокорлива енергија! Време е за гламур, забава и лудување! Време е за нас! Тоа е мотото на овој моден едиторијал во кој главна улога имаат македонските актерки Сара Климоска, Дарја Ризова, Наталија Теодосиева и Тамара Ристоска. Младите талентирани актерки се […]

РКЕ петта година по ред оценета за најдобар регулатор од Секретаријатот на енергетска заедница


  Петта година по ред Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕ) е оценета со прво место за најдобар регулатор од страна на Секретаријатот на енергетската заедница. Во Годишниот извештај за 2022 година РКЕ е прогласена за најдобар регулатор, заедно со регулаторот на Црна Гора и Грузија со 80 проценти […]