МТСП: Почна исплатата на финансиската поддршка за ранливи категории на граѓани


Фото: Б. Грданоски

Министерството за труд и социјална политика известува дека во тек е исплатата на  паричната помош согласно Законот за финансиска поддршка за ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза.

Поддршката се однесува на:

-корисниците  на правото на социјална сигурност на стари лица,
-корисниците  на посебен додаток,
-корисниците на  правото на надоместок заради попреченост,
-корисниците на надоместокот за  попреченост и трајни промени во здравствената состојба, кои користат надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради попреченост, без потреба од контролен преглед и
-самохраните родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош.
 
Овие граѓани добиваат финансиската поддршка од 3.000 денари месечно, за период од четири месеци.
 
-Продолжуваме да се грижиме за сите граѓани, со акцент на најранливите, нагласуваат од министерството.